50 се само бројка: Зошто Наоми Кембел е топ-модел на сите времиња (фото)


Англија– Наоми Кембел е неспорно икона во светот на модата – и пошироко.

Супермоделот, родена во Лондон ја започна кариерата на  15 години и сега, на возраст од 50 години, сè уште може да се пофали со завидно манекенско портфолио. Таа е една од ретките топ-модели во светот која ја ангажираат  на ревии, како заштитно лице на брендови и на гала-настани како почесна гостинка.

Кариерата и беше молскавична а некои модни моменти испишаа историја:Таа беше првиот црн модел што ја отвори ревијата на Прада и која позирала за насловниците на францускиот„Вог“ и на TIME.

Една од тајните на Наоми е што знаеше да се прилагоди на времето и да биде камелеон во стилот со текот на годините. Освен нејзиниот најпознат изглед – црна коса долга до половината, извајани коски на образите, долги нозе за кои повеќето од нас можеше само да сонува, занесни кафеави очи и иста тежина- таа знаеше да изненади со боб фризура, со природни кадрици… и пак да биде истата Наоми.