„50 години МКЦ“: Милан Димитриев со најдобро идејно-графичко решение


За најдобро идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“ е избран трудот на Милан Димитриев, соопшти Младинскиот културен центар и им се заблагодари на сите учесници во конкурсот за идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ, кој има за цел создавање визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

Од МКЦ информираат дека пристигнале 51 апликација со визуелни решенија во кои, како што посочуваат, е видлив висок квалитет по однос на естетско-графичките параметри, што направи изборот да биде навистина тежок.

Поради високиот квалитет на пристигнатите решенија, како што се истакнува, Комисијата одлучи да му даде пофалница на второрангираниот Гоце Велески.

Првичната селекција беше направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор го направи петчлена стручна комисија. Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари, потенцираат од МКЦ.