50 Cent заработи 7 милиони долари од биткоини

Познатиотт рапер 50 Cent пред неколку години им овозможи на своите фанови неговата музика да ја плаќаат со биткоини.
Токму оваа одлука придонесе тој денес да биде побогат за дополнителни 7.7 милиони долари. Раперот го прифати биткоинот како средство за плаќање во 2014 година, по издавањето на албумот „Animal Ambition”.
Во тоа време, вредноста на биткинот беше 662 долари, па од интернет продажбата, раперот истата година заработи 400. 000 долари.
Благодарение на најголемиот раст на криптовалутата, 50 Cent денес е побогат за 7.7 милиони долари.

 

A post shared by 50 Cent (@50cent) on