50 години кариера: Ексклузивен концерт на Јосипа Лисац на 20 април во Скопје


Регионалната ѕвезда Јосипа Лисац, во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија, во организација на „Авалон продукција“.

Влезниците се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, по цени од 1.500 и 2.000 денари.

Се одржува само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници.