Добра инспекција предуслов за заштита на животната средина


Во полето на животната средина се соочуваме со многу предизвици. За да работиме успешно на тој план, мора да имаме институции со соодветни капацитети кои ќе имаат заеднички пристап кон оваа проблематика. Важен сегмент за целокупната заштита на животната средина е и контролата на спроведувањето на законските обврски во пракса, за што е неопходна добра мрежа на инспекциски служби и на национално и на локално ниво.

Ова беа дел од заклучоците од денешната презентација на „Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина“, изработена од Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи. Целта на анализата е да се даде прецизен преглед на состојбите и предизвиците во вршењето инспекциски надзор на локално ниво, кој е од особено значење за граѓаните, но и за единиците на локалната самоуправа во земјата.

Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад, Даниел Браун во своето обраќање денеска посочи дека за заштита на животната средина мора да имаме институции со соодветни капацитети и да имаме заеднички пристап кон соочувањето и борбата против овие предизвици.

-Знам како беше во минатото, знам дека се соочивме со загадениот воздух, но сепак сметам дека постои можност да се изменат работите на подобро. Не би сакал да ги споменам сите други предизвици, но мислам дека решавање на проблемот со воздухот е многу важен за луѓето, особено за оние кои живеат тука во Скопје и тука го поминуваат својот животен век, па се поставува и прашање во врска со нивното здравје. Токму ова е една од причините зошто ваквите предизвици треба да се сфатат серизоно и да се создадат реални можности, да се поставаат соодветни мерки од страна на Владата и од локалните власти, а тоа може само преку еден сеопфатен пристап кон ова прашање, рече Браун.

Заменик-министерка за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска во своето обраќање денеска посочи дека Министерството за животна средина и просторно планирање како орган на власта што е задолжен за водење на политики и за финансирање на стратешките правци за развој воспосатвување на правната регулатива во областа на животната средина напредува во остварувањето на поставените цели. 

– Поминаа цели 16 години од моментот кога со Законот за животна средина од 1 септември 2004 година започнаа со работа инспекторите за животна средина на локално ниво. Со овластување на градоначалниците доаѓа и надзорот на овластени инспектори и децентрализацијата значеше самостојност при градење на сопствени проценки или управни акти од страна на општините, како што се интегрирани дозволи и елаборатите за животна средина. Но, обучувањето на стручните служби и локалните иснпектори во општините не беше плод на континуиран процес, додаде Оџаклиеска.

Увидено е дека псотојат низа слабости и во админстративниот и во инспекцискиот дел, а секако и во финансиското работење. Заменик министерката посочи дека дел од општините ја користеа можноста за меѓуопштинска соработка, но голем дел од нив за жал и по толку години децентрализација, не назначија нови инспектори за животна средина, не препознавајќи го значењето на инспекцискиот надзор за животната средина во насока на подобруавње на состојбите и доследно спроведување на законската регулатива.

Потсети дека се реализирани најмалку шест обуки на актуелни теми, како што се информирање за новите закони за управување за отпад, за прекршоците во сферата на животната средина, обука за запознавање со нови сфери на законите во врска со усогласување на законот за прекршоци, потоа за иснпекциската постапка во областа на животната средина, за овластените инспетори за животна средина, подготовка на систематизација во општините во односно на обезбедување на повеќе работни места во областа на животната средина, а во насока на спроведување на законската регулатива во оваа област, како и подготовка на општините за обезбедување финансиски средва согласно програмата за инвестирање во животната средина.

-Министерството за животна средина и просторно планирање како носител на законот во тесна соработка со Државниот инспекторат за животна средина и локалната самоуправа и ЗЕЛС ќе се координира во насока на подобра реорганизација на инспекцискиот систем, при што ќе даде целосна поддршка во делот на обуки и вмрежување на инспекциите и секако подобра координација на централно ниво и на локално ниво, додаде заменик министерката Оџаклиеска.