Црна Гора гласа за претседател, Ѓукановиќ фаворит


Црна Гора денеска избира претседател, трет пат од стекнувањето независност.

Новиот претседател ќе го наследи актуелниот шеф на државата Филип Вујановиќ, кој веќе 15 години се наоѓа на таа позиција.

Во трка за претседателската функција се седуммина кандидати, но најсериозни претенденти за местото нов претседател на Црна Гора се лидерот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ и независниот кандидат Младен Бојаниќ, кој ја има поддршката на поголемиот дел од опозициските партии.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека денеска Ѓукановиќ ќе освои околу 50 проценти од гласовите, додека Бојаниќ, чија кандидатура ја поддржаа Демократскиот фронт (ДФ), Демократска Црна Гора (ДЦГ), Социјалистичката народна партија (СНП), Обедиената реформска акција (УРА) и Обединета Црна Гора (УЦГ), може да очекува околу 35 отсто поддршка.

Од останатите кандидати, единствената жена во трката Драгиња Вуксановиќ од Социјалдемократската партија (СДП) ужива поддршка на околу осум проценти од гласчите, Марко Милачиќ од партијата Вистинска Црна Гора (ПЦГ) може да се надева на околу три отсто, а тројцата останти кандидати заедно – Хазбија Калач од Партијата на правдата и помирувањето (СПП), Добрило Дедеиќ од Српската листа (СЛ) и независниот кандидат поддржан од Партијата на обединетите пензионери и инвалиди (ПУПИ), Василије Миличковиќ – имаат поддршка на околу три проценти од избирачите.