44 тотално луди причини зошто тригодишните плачат и сите се случиле во еден ден


Илустрација

Мама Џена Галин состави хумористична листа на работи кои ја „налутија“ нејзината тригодишна ќерка.

Имате тригодишно дете дома? Ве молиме, симнете се од столот, турете си чаша вино и уживајте во овие сосема разумни причини зошто тригодишните деца „пукаат“.

Џена Галина издвоила 44 причини зошто нејзината тригодишна ќерка збеснала. И да, сите овие испади се случија во рок од 24 часа. Омилената забава на нејзината ќерка тој ден беше викањето на нејзината мајка. Наместо да се бори со солзите и да минува низ секојдневните маки, таа решила да ја запишува причината поради која нејзиното дете плачело, врескало, клоцало или се фрлало на под.

44 проблеми за кои вреди да се плаче (речиси половина од нив се случиле пред 9 часа)

Списокот:
Сакаше да ја облече нејзината маица со Елза (која е во купот валкани алишта).

Наопаку ја облече долната облека.

Пуштив погрешна епизода од Док Мекстафинс

Не ѝ го подготвив појадокот доволно брзо.

Таа не сакаше житарки. Сакаше овесна каша.

И дадов погрешен сад за овес. Чинијата што ја сакаше веќе беше зафатена со житарките што не ги сакаше.

На коленото ѝ падна малку овесна каша.

Сакаше мало лажиче.

Ѝ дадов жолто ќебе наместо розево.

Сакала наместо фустан со Елса да облече маица со Елса.

Денеска не ѝ е роденден.

Нејзиниот појас беше смешен.

Нејзиниот брат ја погледна во автомобилот.

Мачката не ѝ дозволи да ја фати за опашката.

Не можеше да ја отвори обвивката на мусли-барот.

Премногу ја отворив обвивката на нејзиниот мусли-бар.

Нејзиниот мусли-бар се скрши на два дела.

При боење во боенката користев погрешна сина боја за фустанот на Пепелашка.

Седнав на нејзината имагинарна пријателка.

Ги облече чевлите наопаку.

Прасето Пепа заврши.

Нејзиниот сендвич го исеков на триаголници.

Сега нејзиниот втор сендвич го исеков на квадрат.

Не ѝ дозволив да си игра во автомобилот.

Ѝ предложив да спиеме малку.

Нејзината капа падна на подот.

Не ѝ дозволив да одговори на телефон.

Седнав на погрешната страна од каучот.

Почна да врне.

Морав да зготвам вечера.

Нејзиниот брат зборуваше со неа.

Таа ја истури водата.

За чистење на водата користев црвена крпа. Требаше да ја користам розовата.

Се туширав без неа.

Му помогнав на нејзиниот брат со домашните задачи.

Таа го изгубила розовиот чевел од својата кукла.

Ја замолив да се избања.

Ја замолив да излезе од кадата.

Пешкирот ја чеша.

Нејзиниот брат облече пижами побрзо од неа.

Погрешно ја завртив страницата од приказната пред спиење.

Мечето падна од креветот.

Не ја почешкав со раката како што треба.

Се прозевнав.