40 години од Новиот бран: Култни албуми на „Хаустор“ и „Електрични оргазам“ наскоро на пазарот



Во пресрет на големиот јубилеј – 40 години од Новиот бран (Novi val, Novi talas, New wave)Croatia Records – најголемата дискографска куќа во регионотнајавува неколку феноменални изданија, кои се сон на секој дискофил од овие простори.

Имено, на 22 јануари 2021 на музичкиот пазар во регионот повторно ќе се најдат некои култни албуми од времето на музичкото движење познато како Нов бран.

Како ексклузивни реизданија, по цели 40 години, таман да станат антологија, светлината на денот повторно, ќе ја здогледаат: култниот „Пакет аранжман“, единствениот албум на „Шарло Акробата“ – „Бистрији или тупљи човек бива кад…“, како и дебитантските остварувања на „Електрични оргазам“ и „Хаустор“.

Сите изданија ќе содржат досега необјавени фотографии, интервјуа со живи сведоци од тоа време, некои од членовите на споменатите бендови, текстови на музички критичари и новинари, скенирани документи од богатата архива на Југотон/ Croatia Records и секако ремастеризирани снимки од оригинални ленти, направени од искусниот Горан Мартинац. Графичката реставрација на оригиналните изданија и дополнителниот уметнички дизајн беа направени од врвниот графички дизајнер Дарко Кујунџиќ.

Винилите кои повторно излегуваат се во различни бои, па, така, добиваме црвен „Пакет“, бел „Шарло“, жолт „Оргазам“ и „Хаустор“ во класично – црно издание.

Во 2021 година, Croatia Records слави 40 години од новиот бран, најважното рок движење во нашиот регион, кое засекогаш ја обележа музичката сцена. Новиот бран беше многу повеќе од рок движење – бунт што го смени текот на музичката сцена, создаде нов звук и идентитет, но исто така гласно зборуваше за теми што дотогаш не постоеле во музиката.

Тоа беше бран од минатото кој целосно беше разбран дури во иднина, па со нетрпение се чека она што следува – прослава на 40 години од овој голем историски момент.

Croatia Records е подготвена да се врати во 1981 година, во која излегоа некои од најголемите албуми во историјата на регионалната музика.

Еден вид најава за овие реизданија е компилација од 100 оригинални песни – Нов бран. Компилација на пет компакт-диска ќе излезе во текот на декември оваа година.
До тогаш тимот од одделот CroRec Digital ќе биде ангажиран на изработка на лирик-видеа за сите песни што се наоѓаат на винилни реизданија.

Croatia Records исто така најавува почеток на работа на документарен филм кој за тема го има значењето на новиот бран за тогашната југословенска и денешна регионална музичка сцена.

По објавувањето на сите овие содржини и нивната регионална промоција, дизајнерскиот тим Бахрах & Криштофиќ, односно Сања Бахрах Криштофиќ и Марио Криштофиќ, во соработка со Croatia Records ќе ja реализираa CD компилација „Heroine novog vala“ која ја вклучува работата и голем придонес на жените во новиот бран, рок и популарна музика во осумдесеттите години.

Новиот бран – тој повторно се буди, а и крокодилите повторно доаѓаат – како парафраза на песните на „Шарло Акробата“ и „Електрични оргазам“.

И по 40 години подоцна, Новиот бран е идентично свеж, сè уште силно наполнет со пораки, музички и креативно брилијантен, но за жал и без некои драги луѓе кои многу придонесоа и без кои тој сигурно немаше да постои.

Во чест на сите нив! Никој како нив!