СЈО го презема случајот со новинарот Божиновски
Специјалното јавно обвинителство од пред неколку дена воспостави наделжност врз предметот кој се однесува на новинарот Зоран Божиновски.
„Донесено е решение, од 15 март годинава, со кое е воспоставена надлежност за предметот против обвинетиот Зоран Божиновски, кој е дел од случајот ‘Шпион’“, се вели во во одговорот на СЈО по поставено прашање од правосудство.мк.
Сега кога СЈО го презема и случајот на Божиновски, всушност, под своја надлежост ги стави сите кои беа на листата обвинети во предметот „Шпион“.
„Очекувам со превземањето на предметот од страна на СЈО да ги расчистиме сите недоразбирања и непознаници до кои доведе Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и да се донесе конечна, праведна одлука кој јас, во оваа прилика, нема да ја прејудицирам. Нека си ја сработат тие својата работа“, изјави Божиновски.