Студентите да го продолжат билетот за превоз со ЈСП
Годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз има продолжен рок за продолжување на важноста на билетот, односно ќе трае до 31.03.2021 година.
До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле од било која причина, можат бесплатно да го користат превозот, притоа да поседуваат „Скопска“ која имаат обврска да ја приложат при евентуална контрола на билети.
Студентите немаат обврска да се валидираат во возилото, а контролорите не смеат да им издадат записник/казна.
Од 1 април, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил/продолжил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.
Во случајов, ЈСП Скопје повторно излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое по втор пат побара продолжување на рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која, како што наведоа, на одредени факултети им предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна на студентите за продолжување на важноста на билетот.