Град Скопје: Пријавете бадникови огнови на бројот 193


Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници, со цел да се избегнат групирање на лица поради пандемијата со корона вирусот, како и со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен
Во изминативе четири години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено и ја спроведува кампањата за пријавување на оган на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните.

Ги потсетуваме граѓаните дека сите огнови на отворено можат да ги пријават на телефонскиот број 193.