Уште 56 пациенти починаа од Ковид-19 во Србија, нови 7.393 заразени


 

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 7.393 случаи на корона вирус.

Од последиците на вирусот починале 56 лица.

До последниот пресек се тестирани 21.799 лица, а од почетокот на пандемијата 1.980.277.

На респиратори се наоѓаат 323 заболени, што е најмногу од почетокот на пандемијата, објави денес Министерството за здравство.

На болничко лекување се наоѓаат вкупно 8.594 лица.

Од почетокот на пандемијата во Србија на корона вирус биле позитивно тестирани 249.224 лица, а починале вкупно 2.172 заболени, додека процентот на смртност е 0,87 отсто.

Епидемиолозите во Србија најавуваат дека мерките кои се со траење до 15 декември би можеле да бидат продолжени.

Инаку во Србија во текот на викендите е забранета работа на сите објекти освен продавници за прехрамбени произведи, аптеки и бензински пумпи.

Кризниот штаб против корона вирусот заседава утре. Главна точка за која ќе се расправа е доаѓањето на српските државјани од странство поради претстојните празници.