Засадени нови дрва во градинка во Кисела Вода

Општина Кисела Вода со средства од Владата, во дворот на градинката „Мимоза“, лоцирана во урбаната заедница „Цветан Димов“, засади 130 зимзелени садници.
Покрај оградата на градинката, засадени се 50 лејланди и 80 прунуси.

За наводнување на садниците, кои ќе формираат зелена ограда, поставен е и автоматски систем.

Имено, за уредувањето на дворот, на објектот „Мимоза“, кој е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“, Општина Кисела Вода претходно аплицираше на jавниот повик на Владата, за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година. За проектот беа одобрени 230 илјади денари.

И минатата година, Општината во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со поддршка од Владата во дворот на градинката „Синоличка“ засади трева, 250 садници, елки, зимзелени магнолии, багреми, лешници, дуњи, туји и цвеќиња. За наводнување на истите, беше поставен автоматски систем.