Откако се сретна со Османи министерот Логар откри дека има корона вирус

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар е позитивен на коронавирусот по патувањето во балтичките земји, соопшти неговиот кабинет.

-Министерот Логар е позитивен по рутински тест за коронавирусот. Тој не покажува никакви симптоми на болеста, но тој и неговите најблиски соработници ќе одат во карантин 10 дена- се вели во соопштението.

Пред четири дена Логар се сретна соминистерот за надворешни рбаоти, Бујар Османи, а претходно присуствуваше на состанокот на Европскиот совет во Луксембург на 12 октомври.