Ковид-19: Кина прва во светот според направени тестирања, Велика Британија прва во ЕУ

Англија– Од почетокот на пандемијата на коронавирус, Кина направи повеќе од 90 милиони тестови за Ковид-19, што ја става на прво место во светот во однос на тестирањето, а Велика Британија е прва во Европската унија (ЕУ) со околу 15 милиони теста.

На второто место во светот по бројот на направени тестови е САД со над 78 милиони, на третото место е Индија со околу 38 милиони, на четвртото место е Русија со повеќе од 35 милиони тестови, додека на петтото место е Велика Британија, која предводи во ЕУ.

На шестото место со околу 14 милиони тестови е Бразил, на седмото место е Германија со околу 11 милиони, а на осмото и деветтото место се Шпанија и Италија со по околу осум милиони тестови.

.Списокот на десетте земји со најголем број тестови за Ковид-19 завршува со Обединетите Арапски Емирати и над шест милиони тестови спроведени во таа земја.

Досега во светот се регистрирани над 24 милиони позитивни на новиот коронавирус, од кои околу 830.000 починале како резултат на болеста, а речиси 17 милиони оздравеле.