Џенифер Анистон објави фотографија од пријател на респиратор: Ова е стварно


САД-Ѕвездата на серијата „Пријатели“ Џенифер Анистон на социјалните мрежи објави фотографија на која се наоѓа нејзин пријател на респиратор.

Нејзиниот пријател Кевин е во болница поради Ковид-19 и е ставен на распиратор.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, ниеден здравствен проблем. Ова е ковид. Ова е стварно. Не можеме да бидеме толку наивни за да помислиме дека можеме одва да го надминеме. Ако сакаме ова да заврши, а сакаме, зарем не, единствен чекор што можеме да го преземеме, ве молам, носете маски“, напиша актерката.

https://www.instagram.com/p/CC1mLDPjfUC/?utm_source=ig_embed

Таа порача да помислиме на сите оние кои прострадаа од овој ужасен вирус.

„Направете го тоа за своето семејствo, а најмногу за вас. Ковид ги погаѓа сите старосни групи“, наведе таа, додаде дека фотографијата е снимена на почетокот на април и дека Кевин се опоравува од корона вирусот.

https://www.instagram.com/p/CCEvWDPjXc8/?utm_source=ig_embed

За само 14 часа по објавата фотографијата имаше четири милиони допаѓања.