„30 години љубов“: Вечер почнува „Таксират“


– Со концерт на групата „Архангел“, под мотото „30 години љубов“ вечер во салата „Борис Трајковски“ почнува 22-то издание на Таксират.

Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот концерт.

Една недела подоцна, на 23 октомври, програмата продолжува со соло концерт на „СТРАЈК“.

Во рамките на Таксират Фестивал #22, ќе се одржи и седмото издание на музичката конференција и шоукејс фестивал кај нас – ПИН. Со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, годинава, ПИН ќе се одржи во три програмски денови, од 26 до 28 ноември, на повеќе локации низ Скопје.