Шахпаска ветува сигурна иднина со коалицијата „Можеме“


„Во 2016 година рековме дека ќе работиме на три столба: враќање на парите назад кај граѓаните, вложување во човечки капитал и евро-атлантаската интеграција на земјава. Тоа и го правевме изминатиов период“, истакна Јагода Шахпаска ,носителка на листа на пратеници од ИЕ 3 , на трибината со граѓани од населбата Сењак, Штип.

Шахпаска се осврна на вториот столб, вложувањето во човечкиот капитал кој како што таа потенцираше започнува од најмладите. Во таа насока се изградените и реконструирани 43 градинки, со цел на нашите најмлади им овозможиме социјализација и предшколско образование, зашто младите се столбот на нашата иднина. Потоа за тоа зборуваат и изградените и реконструирани 20 училишта само во ИЕ 3, реконструирани двете крила на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

„Како дел од комисијата за труд и социјална политика во Собранието, особена сум горда на носењето на социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми за 300% и се прошири нејзиниот опфат. Со неа 27. 000 семејства примаат приход од 10.000 – 11.500 денари. Се боревме за извлекување на децата од сиромаштија, за таа цел воведовме детски и образовен додаток. За прв пат најранливите категории на граѓани можеа достоинствено и пристојно да живеат“, посочи Шахпаска.