Заев во Лондон ги презентира инвестициските предности на Македонија


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамки на работната посета на Велика Британија, денеска учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) каде се обрати на дебатниот панел на премиерите.

На форумот беа презентирани нивните погледи во однос на приоритетите за регионални проекти за поврзување и економска соработка во регионот, најважните предизвици за успешна реализација на заедничките приоритети, како и предностите што ги нуди регионот и секоја земја одделно за привлекување на странските инвеститори.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев во своето обраќање како еден од приоритетите во регионот ја истакна неопходноста од поголемата поврзаност меѓу земјите на Западен Балкан за што потенцијалите лежат во поголемата и поедноставена соработка на царините и на граничните контроли во регионот.

– Олеснувањето на процедурите, подобрата координација, соработка и поврзување имаат за цел не само да ја зајакнат националната и регионалната трговија, туку да создадат работни места и да ја зајакнат економијата. Привлекувањето на странските инвестиции треба да оди паралелно со охабрувањето за политичките промени како критериуми за европските интеграции, како примарна аспирација на земјите од регионот и на Република Македонија, потенцираше премиерот Заев.

Во однос на најважните предизвици што стојат пред регионот, Заев ги издвои искоренување на корупцијата и развојот на инфраструктурата, патиштата и железниците, како и гасификацијата за кои ја поздрави едногласноста и совпаѓањето на овие приоритети на регионот со оние на ЕБОР и со другите финансиски инструменти на ЕУ.

Во делот на предностите што Република Македонија им ги нуди на странските инвеститори, Заев истакна дека напорите на владата во земјата се фокусирани да обезбедат и да гарантираат стабилно економско опкружување и да бидат веродостоен партнер на бизнисот, и дека за таа цел се промовирани Планот за економски раст, како и Законот за поддршка на финансиските инвестиции.

– Нашата предност се намалувањето на трошоците за инвестиции, но високо образовани луѓе за одредени економски гранки како ИТ секторот, земјоделството, туризмот, автомобилската индустрија и други области. За таа цел детално се подготвени менија на бенефиции, субвенции и критериуми за сите инвеститори транспарентно објавени и еднакви за сите потенцијални инвеститори“, истакна премиерот Заев на панелот на премиерите на инвестицискиот самит на ЕБОР.

На отворањето на самитот, на кој учествуваат и премиерите од сите шест земји од ЗБ, поздравни обраќања одржаа и премиерот на Бугарија Бојко Борисов, како земја претседавач во ЕУ, претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти, како и државниот секретар за дигитализација, култура, медиуми и спорт во владата на Велика Британија, Мет Хенкок.

За време на самитот ЕБОР, ќе ја претстави „Регионалната инвестициска платформа“ за Западен Балкан, во присуство на близу 200 директори и членови на управни одбори на компании заинтересирани за инвестициски вложувања во регионот.

Во состав на владината делегација се заменик претседател на владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и Министерот за финансии Драган Тевдовск