Во Холандија и Белгија забрзано расте бројот на починатите


Во последните 24 часа, во Холандија се пријавени 234 нови смртни случаи, со што бројот на загинатите достигна 2.101, според холандскиот орган за јавно здравје (РИВМ).

РИВМ посочи дека бројот на пријавени смртни случаи во вторник е „најголем во неделата“. Тоа е затоа што многу од смртните случаи во петок, сабота и недела се обработени и пријавени само во понеделник.

Бројот на пријавени приеми во болница се зголеми за 292 во последните 24 часа. Во понеделникот, 1.409 пациенти биле во одделот за интензивна нега, што претставува зголемување за 24 во однос на неделата.

Вкупно 19.580 луѓе тестирале позитивно за коронавирусот во Холандија, 777 повеќе отколку во понеделникот. Вистинскиот број на случаи е веројатно значително поголем заради недостаток на капацитет за тестирање.

Во Белгија нешто над 6.000 се лекуваат во болниците од Ковид- 19, откако 171 пациенти се отпуштени, а 314 лица се хоспитализирани во последните 24 часа.

Од нив, 1.260 се на интензивна нега – три повеќе од вчера – и 999 од нив се на респиратори; зголемување за 15. Тоа значи дека Белгија сега користи 56 проценти од креветите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, 162 лица починале, а дополнителни 241 се пријавени дека умреле помеѓу 1 и 4 април во домовите за нега. Ова го носи вкупниот број на загинати во Белгија на 2.035.

Од вчера, уште 1.380 луѓе тестирале позитивно за коронавирусот, со што вкупниот број на 22.144.

Белгија досега тестираше 80.512 лица, но земјата го зголемува својот капацитет за тестирање.