Уште еден земјотрес во Загреб


Уште еден земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утринава во Загреб.

Епицентарот бил на 10 километри длабочина, на четири километри северно од Загреб.

Во текот на ноќта во Загреб биле регистрирани неколку потреси. Првиот во 1.59, потоа во 3 часот, во 5 и 15, во 5 и 26 и во 6 и 52 часот, објави Индекс.хр.

Најсилен бил во 3 часот, со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Вчера во 6 и 24 часот Загреб го погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, а по него имало уште 30-тина потреси во текот на денот.

Во потресот се повредени 27 лица, од кои 18 потешко, а едно девојче на возраст од 15 години е во критична состојба.