23 мај во историјата – Шефот на СС групите, Хајнрих Химлер, се самоуби


 

На 23 мај 1945 година, Хајнрих Химлер, началник на СС, помошник-началник на Гестапо и архитект на програмата на Хитлер за истребување на европските Евреи, умира со самоубиство еден ден откако бил уапсен од Британците.

Како шеф на Waffen-Schutzstaffel (воениот огранок на Нацистичката партија) и помошник началникот на Гестапо (тајната полиција), Химлер со текот на времето успеа да ја консолидира својата контрола над сите полициски сили на Рајхот. Моќта што тој на крајот ја поседуваше беше ривалска на онаа на германската армија; исто така, се покажа многу ефикасе во елиминирање на секакво противење на Хитлер и партијата, како и во спроведувањето на Фиреровото „конечно решение“. Химлер беше тој што го организираше создавањето логори на смртта низ Источна Европа и поробени работници.

Мегаломанијата на Химлер, која вклучуваше план да им се предаде на западните сојузници доцна во војната со цел непречено да ја продолжи борбата против Русија, предизвика Хитлер да му ги одземе сите функции и да нареди негово апсење. Химлер се обидел да избега од Германија преправен како војник, но беше фатен од Британците. Еден ден подоцна голтна капсула со цијанид.

Химлер е портретиран во многу филмови, вклучувајќи го и „Орелот слета“, со Доналд Плезенс како Химлер.