21 ноември во историјата – Милиони го запреа здивот за да дознаат кој го застрела Џ.Р. во „Далас“


 

На 21 ноември 1980 година, 350 милиони луѓе ширум светот се вклучија во популарната телевизиска ударна драма „Далас“ за да откријат кој пукал во Џ.Р. Јуинг, карактерот кој фановите сакаа да го мразат. Џ.Р. беше застрелан во финалната епизода на сезоната на 21 март и до денес тој момент важи за едно од најдраматичните завршувања на една телевизиска епизода или серија. Пресвртот во заплетот инспирираше широко распространето медиумско покривање и ја остави Америка да се прашува „Кој го застрела Џ.Р.?“ за следните осум месеци. Епизодата од 21 ноември ја реши мистеријата, идентификувајќи ја Кристин Шепард, снаата на сопругата на Џ.Р. и неговата поранешна љубовница, како виновник.

Телевизиската мрежа Си-Би-Ес ја емитуваше првата пилот-сезона од пет епизоди на „Далас“ во 1978 година; таа продолжи да трае уште 12 целосни сезони. Како прва серија од ваков вид, „Далас“ беше наречена „сапуница во прајмтајм“ поради сериските заплети и драматичните приказни за моралнии ексцеси. Серијата се вртеше околу односите на две нафтени семејства од Тексас: богатото, успешно семејство Јуинг и постојано несреќното семејство Барнс. Патријарсите на семејствата, Џок Јуинг и Дигер Барнс, беа поранешни партнери заплеткани во долгогодишна караница за нафтените полиња за кои Барнс тврдеше дека биле украдени од Јуинг. Најмладиот син на Јуинг, Боби (Патрик Дафи) и ќерката на Барнс, Пем (Викторија Принсипал) се венчаа, поврзувајќи ги борбените кланови уште поблиску. Ликот на Џ.Р. Јуинг, најстариот брат на Боби, и алчен, досетлив, подлец го играше Лери Хегман.

Бидејќи Џ.Р. имаше многу непријатели, публиката тешко можеше да погоди кој е одговорен за неговиот обид за убиство. Тоа лето, прашањето „Кој го застрела Џ.Р.?“ влезе во националниот лексикон, станувајќи популарен слоган за маички и зголемено очекување за третата сезона на сапуницата, која требаше да се емитува наесен. Откако конечно беше решен спорот за договорот со Хегман за кој многу се зборуваше, сезоната беше одложена поради штрајк на Здружението на актерите на екранот, на големо разочарување на фановите на „Далас“. Кога конечно се емитуваше, епизодата што го открива стрелецот на Џ.Р. „Далас“ стана една од најгледаните телвизиски серии – дури 76 отсто од сите американски телевизии ја пренесуваа епизодата. Исто така, го популаризираше драматичниот кра од страна на телевизиските сценаристи.

Застрелувањето на Џ.Р. не беше единствениот озлогасен пресврт во „Далас“. Во септември 1986 година, фановите дознаа дека целата претходна сезона, во која умре главниот лик Боби Јуинг, беше само сон на Пем. Сценаристите на серијата го убиле ликот на Боби затоа што Дафи решил да го напушти шоуто. Кога се согласи да се врати, тие го прикажуваа како излегува од тушот во драматичниот крај на сезоната, а потоа беа принудени следната сезона да го објаснат неговото ненадејно повторно појавување.

Последната епизода на „Далас“ беше емитувана на 3 мај 1991 година. Спин-офот, „Knots Landing“, се емитуваше од 27 декември 1979 година до 13 мај 1993 година. „Далас“ останува поим низ целиот свет.