Назначени нови директори на три клиники во Скопје


Министерот за здравство Сашо Клековски денес ги именува новите директори на три значајни клиники во Скопје, вклучувајќи ги Гастроентерохепатологијата, Дигестивната хирургија и Пластичната хируршија, со цел подобрување на работата и воведување нови методи во здравствените услуги. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за […]

Коски за кои постои сомнение дека се човечки пронајдени во двор на куќа во Струмица


Необично откритие во Струмица предизвика реакција на полицијата, откако жител пријавил дека во дворот од својот дом пронашол коски кои наликувале на човечки останки. Случајот бил пријавен вчера во 17:40 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица. Според пријавата, коските биле откриени на улицата „Солунска“, додека сопственикот вршел ископувања во дворот на куќата. На местото […]

17 ноември во историјата – Отворен е Суецкиот канал


  Суецкиот канал, кој ги поврзува Средоземното и Црвеното Море, е отворен на раскошна церемонија на која присуствуваше француската царица Евгенија, сопруга на Наполеон III. Во 1854 година, Фердинанд де Лесепс, поранешен француски конзул во Каиро, обезбеди договор со отоманскиот гувернер на Египет за изградба на канал долг 160 преку Суецкиот Истмус. Меѓународен тим инженери […]

Судењето за нападот врз Сара закажано за 27 ноември


  Судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, е закажано за 27 ноември. Oбвинителството, покрај медицинската документација и другите собрани докази, располага и со видеоснимки поврзани со кривичните дела за кои се товари Корабоски. Според информациите објавени од „Вечер“, меѓу доказите што полицијата дополнително ги обезбедила има и видеоснимки […]

„Имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот“: Сиљановска до пратениците


  Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате граѓаните и гласате по сопствено уверување. Јас имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната дебата во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот. Таа рече дека била надворешен член на Комисијата за уставни прашања кога го […]

Македонските млади фудбалери У17 и покрај поразот продолжуваат во елитните квалификации


 Македонска фудбалска репрезентација за играчи до 17 години со пораз 0:3 од своите врсници од Турција го заврши настапот во квалификациската група 11 на второто место и на тој начин избори место во елитните квалификации. Стрелци на головите за Турција беа: Дениз, Кабакташ и Сиваслиоглу. Денешниот пораз не влијаеше на конечниот пласман на македонските надежи […]

Прилепската Итна помош доби три нови амбулантни возила


Службата за итна медицинска помош при Општата болница во Прилеп доби три нови амбулантни возила од владината набавка за службите за итна медицинска помош во земјава. Возилата се целосно опремени и веднаш ќе бидат ставени во функција, со цел побрзо и поефикасно згрижување на пациентите. Директорот на прилепската болница, д-р Кире Јоноски, истакна дека новите […]

Со ваучерскиот систем за студентски оброк, ќе има попусти


Наместо да се фокусираме на квалитетот на образованието, од одредени студентски организации постојано и единствено добивам барања за социјални услуги и тоа ме загрижува. Во Собранието сè уште стојат законите за високо образование, за научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование – изјави министерката Весна Јаневска. На Меѓународниот ден на студентите – 17 Ноември […]

Бизнисите на Трамп се во слободен пад, изгубија половина од вредноста


  Демократите сакаат да укажуваат на огромното богатство што кланот Трамп го натрупа во текот на изминатите две години.  „Додека Доналд Трамп и неговото семејство се богатат, американските семејства се мачат“, изјави Роберт Гарсија, новиот претседавач на надзорниот комитет во Претставничкиот дом, во видео објавено по неодамнешните избори на средината на мандатот. Еден од главните […]

Наскоро тендер за изведувач на доградбата на двете згради за ФИНКИ


Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач на доградбата на двете згради кај Ректоратот на УКИМ што ќе ги користи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во моментов трае периодот за сугестии за архитектонското решение, кое се разликува од првичното од пред десетина години. -Тоа мислам ќе се заврши многу скоро, во денови […]

Сиљановска-Давкова: Ова е епидемија од насилства! Мора да преземеме мерки


Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оцени дека е неопходно итно преземање заеднички активности за справување со родово базираното насилство, нагласувајќи дека досегашните законски измени и институционални мерки не дале доволни резултати. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот на Собранието на дневен ред да се стави законско решение за заштита на жените од родово базирано […]

Први реакции за „Клиф Бут“: Продолжението со Бред Пит е „апсолутен триумф“ и „исклучително забавно љубовно писмо“ до Холивуд


Лос Анџелес –  Долгоочекуваното продолжение на филмот „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood) – проект на Дејвид Финчер, Бред Пит и Квентин Тарантино, официјално насловен „Понатамошните незгоди на Клиф Бут“ (The Further Mis-Adventures of Cliff Booth) – им беше прикажано на филмските новинари. Тие го опишуваат ова големо остварување, поддржано од […]

Александар Вучиќ депресивен и отсутен на седницата на Собранието


  Александар Вучиќ, поранешниот претседател и премиер на Србија, по 20 години, повторно седи на клупите на српскиот парламент. Но, овој пат околностите се значително поинакви. По 14 години на власт, неговата Српска напредна партија (СНС) го изгуби парламентарното мнозинство и премина во опозиција. На конститутивната седница на српскиот парламент, Вучиќ седеше со сериозен израз […]

Нова пресуда за Хашим Тачи – доби уште 17 месеци затвор


  Поранешниот претседател на Косово и еден од водачите на Ослободителната војска на Косово Хашим Тачи изјави дека денешната пресуда на Специјалниот суд во Хаг, со која беше осуден на 17 месеци затвор за откривање доверливи информации и имиња на заштитени сведоци, е „политика, а не правда“. Тачи беше прогласен за виновен за обид за […]

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата


Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше дека во објектот имало противпожарни апарати, знаци за излез и панични светла, но и дека на настани претходно се употребувале пиротехнички средства со кои раководело лице чиј идентитет не го знае.  Јованова истакна дека одговорен за работењето на […]

ЕУ ја зголеми прогнозата за економски раст, додека инфлацијата останува висока


 Се очекува економијата на Европската Унија да расте побрзо во 2026 година отколку што беше претходно прогнозирано, додека инфлацијата продолжува да се зголемува, се наведува во економската прогноза на Европската комисија објавена денеска. Комисијата сега очекува бруто-домашниот производ (БДП) низ 27-члениот блок годинава да порасне за 1,4 проценти, што е зголемување во однос на 1,1 […]

Демократскиот сојуз заклучил дека протестите во Европа се поради „високото ниво на корупција“


  Владиниот партнер од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократскиот сојуз одржал проширена седница на неговото претседателство на која, меѓу другото, се расправало за протестите на младите во Европа. Партијата на Павле Трајанов заклучил дека главна причина за протестите во Европа е „високото ниво на корупција“. Освен тоа, причина за протестите биле и „нефункционалноста на образовниот […]

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен за вториот семестар


Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје. Објектот ќе биде отворен пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година, односно во јануари 2027 година. Увид во градежните работи за реализација на инвестицијата вредна 10 милиони евра, денес изврши министерката за образование и […]

Трамп најави можна средба со Ким Џонг Ун


Претседателот на САД, Доналд Трамп, навести дека можеби ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување во Азија. „Доколку има таков состанок, тој ќе се одржи во Кина. Можеме да се сретнеме и со Ким Џонг Ун, па имаме шанса да постигнеме многу. Одлуката за ова ќе зависи од […]

СДСМ бара проширување на истрагата за претепувањето на Сара


Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност, праша денеска на прес-конференција, Јована […]