Траволта ќе го претстави своето режисерско деби на Канскиот филмски фестивал


Американската филмска икона Џон Траволта ќе го претстави своето режисерско деби на Канскиот филмски фестивал во мај, филм за шареното патување на едно дете на врвот на златното доба на комерцијалната авијација, објавија организаторите во четврток. Познатиот 72-годишен актер за прв пат застана зад камерата за да ја адаптира својата книга од 1997 година, бајковита […]

Молдавија ја напушта Заедницата на независни држави


Парламентот на Молдавија, на предлог на Министерството за надворешни работи гласаше за откажување на Договорот за формирање и од Статутот на Заедницата на независни држави (ЗНД). Молдавија се повлекува од ЗНД и ја обвинува Русија дека не ги почитува основните вредности и принципи – почитување на територијалниот интегритет и неповредливоста на постојните граници. – Откажувањето […]

Велика Британија претседава со виртуелниот состанок на 35 земји посветен на Ормуска Теснина


Велика Британија денеска е домаќин на виртуелните разговори наменети за формирање на коалиција од земји кои ќе ги разгледуваат начините за повторно отворање на Ормуска Теснина. Состанокот уследи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедувањето на Ормуска Теснина треба да го решаваат другите држави. Со состанокот, на кој учествуваат претставници од 35 држави, […]

Прва оставка во фудбалска Италија


Рим– Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина поднесе оставка, пренесуваат медиумите во Италија. Тој на ваков чекор се реши откако фудбалската репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство. Италија во финалето од баражот загуби на гостувањето во Зеница од Босна и Херцеговина по изведување на пенали. Ова ќе биде трето Светското […]

Австрија ги одби сите американски барања за воени прелети


Виена – Портпаролот на австриското Министерство за одбрана, Михаел Бауер изјави дека Австрија од почетокот на судирите на Блискиот Исток ги одбила сите барања на САД за воени прелети над австриската територија, повикувајќи се на својата неутралност. – Имаше барања и ние ги одбивме од самиот почеток. За секој прелет мора да се поднесе барање и […]

Ѓорѓиевски и сопругата донираа реквизити за сензорна соба во градинка во Кисела Вода


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода. Со оваа донација, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, ќе се подобрат условите за престој и развој на децата, овозможувајќи им полесна комуникација, подобра концентрација и емоционална регулација преку […]

Продуцентката Марија Димитрова избрана за нова претседателка на ДФРМ


На годишното редовно Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), членовите со мнозинство гласови ја избраа познатата продуцентка Марија Димитрова за нова претседателка на организацијата со мандат од четири години. Во изборниот процес за претседател на ДФРМ се натпреваруваа двaјца кандидати. Покрај Димитрова, противкандидат беше Мартин Иванов, искусен филмски монтажер, кој низ кариерата […]

2 април во историјата – Премиера на „2001: Вселенска одисеја“, филмот кој не беше разбран на времето, а сега е ремек-дело


  На 2 април 1968 во Вашингтон се одржа премиерата на филмот „2001: Вселенска одисеја“, режиран од визионерот Стенли Кубрик. Овој научно-фантастичен еп, создаден во соработка со писателот Артур Кларк, првично предизвика конфузија, па дури и поделени реакции, но со текот на времето прерасна во едно од најважните кинематографски достигнувања на 20. век. Денес има […]

Оставката на Ристоска беше изнудена, оценува професорот Денис Прешова


  Поднесувањето оставка од професија во која е вложен значителен труд и време е една од најтешките животни одлуки, која најчесто е резултат на притисок и чувство на безнадежност, оценува во својата реакција професорот на Правниот факултет, Денис Прешова, за повлекувањето на Ленче Ристоска од Обвинителството, кое силно одекна во јавноста. Според него, во вакви […]

Савески веќе разочара


Новиот државен јавен обвинител не е ни две недели на функцијата, а неговото име не се симнува од медиумите. Две недели откако даде заклетва со ветување за независно обвинителство, веќе изгледа пристрасен и разочарува. Две недели откако не разбрал колку предмети има со дадени овластувања и на кого, а веќе знаеше да ги укине тие […]

Промовирана Поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“


Поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во издание на АД „Пошта“ – Скопје, беше промовирана денеска во чест на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев, кој во 2025 година стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва повисоки од 8.000 метри.  За д-р Кедев, кој се заблагодари за […]

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите


 Вештакот Давор Радославевиќ од Србија денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, одговараше на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Тој при тоа укажа на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите, додека одбраната тврдеше […]

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“


Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска […]

Рубио регрутира „патриоти“ за дипломатијата, Македонија меѓу земјите без амбасадор


Стејт департментот на САД најавува реформи во американската надворешна служба упатувајќи  апел  до „патриотите“ да се јават и да ги пополнат нместата што ги испразни државниот секретар Марко Рубио. Реформата треба, наводно, да ја подготви американската дипломатија за 21 век и за новата надворешна политика чиј слоган и основа ќе биде фразата „Америка пред се“. […]

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп


Нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп каде попладнево имаше сообраќајна незгода.  Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 15 часот сообраќајот е нормализиран за сите видови возила. 

Андоновски: ВИ не е ни закана, ниту магично решение, да ја гледаме како алатка


Да не ја гледаме вештачката интелигенција ниту како закана што ќе нè парализира, ниту како магично решение што само по себе ќе ги надмине сите предизвици. Да ја гледаме како алатка што бара знаење, вредности, визија и соработка. Да изградиме дигитална иднина што не го оттурнува човекот, туку го зајакнува и што не создава страв […]

Цените на лебот и пецивата да не се покачуваат до крајот на април: Состанок во Министерството за економија


Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата, беше посочено денес во Министерството за економија каде што се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на […]

Сообраќајка на патот Градско-Прилеп, сообраќајот се пренасочува по стариот пат


Од 14 часот во целосен прекин е сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп. Според информациите на јавното претпријатие „Македонија пат“, причина за прекинот е сообраќајка меѓу патничко и товарно возило кај месноста викана Фариш.  Сообраќајот се одвива по стариот пат Градско – Прилеп и обратно.

Писмо на Ахмети до јавноста: Албанскиот јазик не е предмет на преговарање


  Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во отворено писмо до јавноста вели дека албанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот. Тој ја истакнува важноста на Охридскиот договор, кој за него не е и никогаш нема да биде предмет на преговарање. „Албанците во оваа земја никогаш не го оспорувале […]

За два дена нов возен ред на автобусите од ЈСП “Скопје“


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 04.04.2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот. Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во […]