Трамп ќе ги затвора архивите и ќе ги брише документите од неговото владеење


Ненадејната декларација на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека федералниот закон што ги регулира претседателските евиденции во последните 48 години е неуставен создава забуна во врска со пристапот до евиденцијата на минатите претседателства, вклучително и документите што се пред објавување. Меморандумот од Канцеларијата на правниот советник на Министерството за правда, во кој се […]

Иранските вооружени сили го отфрлија новиот ултиматум на Трамп


Иранските вооружени сили го отфрлија новиот ултиматум на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп повика на деблокирање на Ормуската Теснина во рок од 48 часа или целиот пекол ќе падне врз Иран. Но, иранските вооружени сили рекоа дека ваквите закани се глупави. „Агресивниот и воинствен американски претседател, откако претрпе последователни порази, почна на беспомошен, нестабилен, нервозен […]

И денес колони на Кафасан со бензин туристи од Албанија


Голем број граѓани од соседна Албанија и денес масовно  влегуваат во Македонија за да точат гориво и да пазарат храна по пониски цени. Според објавените информации, на влез во земјава денеска се чекало и повеќе од два часа, а снимки од терен покажуваат долги колони возила на албанската страна. Главната причина за овој бран е […]

Вонредна седница на Владата за цените на горивата


Владата денеска во 11 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе се разгледува состојбата со цените на горивата, во пресрет на можен нов раст поради турбуленциите на светските нафтени берзи, дознава „Скопје1“. По седницата, во 11:45 часот, прес-конференција ќе одржи премиерот Христијан Мицкоски. Претходно, Мицкоски најави дека Владата ќе донесе одлука за намалување на […]

Бугарскиот заменик МНР Рајков: Мицкоски им го троши времето на македонските граѓани


 „Одредени кругови во Македонија се посклони да губат повеќе време на македонските граѓани. Над 210.000 луѓе од Северна Македонија го докажаа своето бугарско потекло со документи“, изјави бугарскиот заменик-министерот за надворешни работи Марин Рајков. Токму поради овие бројки Софија вели дека се потребни јасни гаранции за правата на бугарската заедница во Македонија.   Рајков во […]

Кувајт и ОАЕ повторно нападнати од Иран – на удар владини, хермиски и енергетски објекти


Кувајт беше под нов ирански напад, при што дронови нападнаа владини и енергетски објекти, соопштија властите рано утрово. Ирански беспилотен авион погоди зграда што му припаѓа на Министерството за финансии, предизвикувајќи значителна штета, објавија државните медиуми, повикувајќи се на Министерството. Нема извештаи за повредени. Според Министерството за енергетика, две електрани и постројки за десалинизација беа […]

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денеска ќе извршат увид во реализација на проектот „Градски воз“.  Очекувањата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали […]

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран


Вториот член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15 соборен над Иран е „безбеден и здрав“ откако беше спасен од војската, изјави претседателот Доналд Трамп во објава на Truth Social рано утрово. „Тој претрпел повреди, но ќе биде сосема добро“, рече Трамп, опишувајќи ја мисијата за враќање на војникот како „една од најсмелите операции за […]

Римокатолиците го слават Велигден


Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија. На литургијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, […]

Сончево и топло до 22 степена


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен […]

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации


 Во Скопје денеска ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.  Со почеток во 7 часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од патната мрежа. […]

„Парите се поттик, но националистичките чувства се важни“ – Иранци во потрага по американскиот пилот


  Иако сè уште не знаеме точно каде е соборен авионот, досега во иранските државни медиуми често се споменуваат две провинции – Когилује и Бојерахмад, и Хузестан. Двете провинции се разновидни и дом на луѓе од голем број различни етнички групи – вклучувајќи номади. Хузестан е клучен центар на иранската економија и моќна компанија за […]

Украинските дронови го нападнаа рускиот радар „С-400“ на Крим


  Дронови на вооружените сили на Украина успешно погодија две руски радарски станици, ракетен систем земја-воздух „Тор“ и противвоздушна единица низ окупираниот Крим и Донбас, објави војската во сабота, 4 април. Во кримскиот град Феодосија, операторите од единицата „Маѓарови птици“ на 414. Одделна бригада погодија радарска станица што му припаѓа на комплексот „С-400 Триумф“. Оваа […]

4 април во историјата – Во атентат е убиен Мартин Лутер Кинг


  Нешто после 18 часот на 4 април 1968 година, Мартин Лутер Кинг помладиот е смртно застрелан додека стоеше на балконот пред неговата соба на вториот кат во мотелот „Лорејн“ во Мемфис, Тенеси. Лидерот за граѓански права беше во Мемфис за да го поддржи штрајкот на санитарните работници и беше на пат за вечера кога […]

Трамп му дава на Иран 48 часа да склучи договор или да се соочи со „пекол“


  Претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека Техеран има уште 48 часа да склучи договор или да се соочи со „цел пекол“, додека американските и иранските сили се обидуваат да го пронајдат соборениот американски пилот. Последната закана на Трамп дојде по нападот во близина на иранска нуклеарна централа што предизвика евакуации, Техеран најави нови […]

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак


  Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема Тоа се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија. […]

Генерал од кругот на Трамп: „Да го напуштиме тој кукавички НАТО“


  Пензионираниот американски генерал-полковник Кит Келог изјави дека НАТО можеби ќе треба да се замени, тврдејќи дека алијансата се покажала како „кукавичка“ и неефикасна за време на конфликтот со Иран. Во гостувањето во Фокс њуз, Келог остро ги критикуваше сојузниците на НАТО за нивниот неуспех да се заложат за решавање на конфликтот со Иран. Притоа, […]

СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја, проектот за Лешочкиот манастир е започнат и финансиран од претходната влада


Комисијата за култура на СДСМ денеска преку соопштение упати остри критики до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, обвинувајќи го за обид за присвојување на туѓи заслуги во врска со реконструкцијата на Лешочкиот манастирски комплекс. Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак Од опозициската партија велат дека изјавата на министерот Љутков […]

Монодрамата „Безгрешна“ на СНГ од Марибор беше совршенство на сцена (галерија)


Публика само во партер, сцена замислена како бела кутија или дом, одвреме на време во фон се слуша преубава музика како „од оној свет“,  и во центарот е жената, убава, облечена како по последна мода во црн фустан и сако, со мала чантичка, и во црни лакирани салонки. Косата собрана во пунџа, а при крајот […]

Филипче тврди дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се топи


  СДСМ не само што не е мртва партија, туку разликата со ВМРО-ДПМНЕ континуирано се намалува, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција. Во однос на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски, Филипче потенцираше дека тие се извадени од контекст и злоупотребени во функција на координирана кампања против СДСМ. „Кога ќе се погледне […]