„Креативност во работа со деца“ – нов прирачник за родителите


Во издание на ТРИ овие денови беше објавен практичен прирачник за воспитување на децата преку негување на нивната имагинација. Авторките Софија Георгиевска, Фросина Денкова Зафировска и Виолета Арнаудова создадоа водич што ќе им помогне на родителите, професионалците и наставниците да станат сојузници во детското истражување, во играта и изразувањето. Во време кога алгоритмите го диктираат […]

Последните четири години во Македонија дневно се вклучувал по еден мегават електрична енергија од обновливи извори


Во просек, секој ден по скоро еден нов MW во последните четири години е вклучен на електроенергетскиот систем, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Заклучно со октомври (2022 година – октомври 2025 година) во Македонија се изградени нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од […]

Демонстранти го прекинаа концертот на Израелската филхармонија во Париз. Приведени се 4 лица


  Париз – Четири лица се притворени по синоќешните инциденти во Париската филхармонија за време на концертот на Израелскиот филхармониски оркестар, објави канцеларијата на парискиот обвинител. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез остро ги осуди дејствијата на мрежата „X“, наведувајќи дека ништо не може да го оправда таквото однесување. Тој рече дека полицијата успеала брзо […]

Кимберли Гилфојл вели дека е подготвена за нов сопруг


Атина – Кимберли Гилфојл размислува за својот љубовен живот – и гледа кон идна врска. Амбасадорката на САД во Грција и поранешна водителка на „Фокс њуз“, 56, сподели нешто за нејзиниот брак од 2001 година со гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, додека разговараше со грчкиот претседател Константинос Тасулас на 4 ноември, според „Дејли меил“. Гилфојл […]

СДСМ: Стоилев фатен со рацетете во криминалот, дали така завршуваат и парите од ИПАРД фондовите?


СДСМ оцени денес дека цвета корупцијата во земјоделството и дека место напредок, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ во Агенцијата за земјоделство, Илија Стоилев, спроведувал рекет. -Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ, е фатен со обележани банкноти за мито, јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат […]

Кошта и Кос го поздравија договорот за тунелот како чекор за градење доверба меѓу Скопје и Софија


  Европската унија го поздрави договорот меѓу Македонија и Бугарија за изградбата на тунелот за железницата на Деве Баир како чекор за градење доверба меѓу двете земји чии односи се прилично напрегнати. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за свеченоста во Ѓуешево реагираше на Икс: „Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот […]

Концерт на Једен Ансамбл од Турција на „Есенски музички свечености“


  Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека во рамки на јубилејното 25-то издание на фестивалот „Есенски музички свечености“  ќе се одржи концерт на Једен Ансамбл од Турција, на 09.11. 2025г. (недела) во 20 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар).    На концертот ќе учествуваат: Руи Азиз – каманча, Халил Ибрахим Доѓан – […]

Денес во Битола премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов“ 


  Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, денес во 18 часот во кино „Манаки“ во Битола, премиерно ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“.  Документарецот е посветен на животот и делото на народниот херој Стефан Наумов – Стив, македонски комунист учесник во НОВ кој загина во 1942 година […]

Багери влегоа во Вардариште


Од вчера попладнето, багери и тешка механизација влегоа во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре.  Со вклучени светла, по темница, се расчистуваше дел од Вардариште, депонијата заради која жители на Аеродром и Гази Баба, протестираа и затвораа крстосници 40 дена, затоа што честото потпалување на насобраното ѓубре предизвикуваше пожари, а чадот […]

Чехинка победи на изборот „Мис земја 2025“, еве што се случи со мис Украина


Манила – И тоа се случува.  На изборот за Мис Земја 2025 во манила, на Филипините, мис Украина Марија Жељаскова (24) излезе на сцената во светкав чипкан фустан, а нејзината насмевка блескаше. Но, кога стигна до предниот дел од сцената, одеднаш падна на подот, очигледно сопнувајќи се од фустанот, снимен во преносот во живо од […]

Мис Германија Дајана Фаст се повлече од изборот за Мис Универзум


Бангкок– Мис Германија 2025 Дајана Фаст објави дека повеќе нема да се натпреварува на изборот за Мис Универзум 2025. Фаст ја доби титулата Мис Германија 2025 претходно оваа година, но на своите социјални мрежи објави дека повеќе нема да патува во Тајланд за меѓународниот настан претходно оваа недела. Пишувајќи преку фотографија од себе во своите […]

Место да одговорат на обвинувањата дека ги манипулирале изборите, ВМРО-ДПМНЕ му се закануваат на Јакимовски со ревизија


Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ предизвикани од вчерашните тешки обвинувања на досегашниот градоначалник дека победата му е „украдена“. „Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, […]

Тимоти Шаламе за врската со Кајли Џенер: „Немам што да кажам“


Тимоти Шаламе ја чува својата врска со Кајли Џенер подалеку од очите на јавноста. 29-годишниот актер остана релативно тивок за 28-годишната Џенер кога разговараше со „Вог“ за декемвриската насловна сторија, објавена во четврток, 6 ноември. Кога списанието забележа дека Шаламе избегнува да зборува за неговиот романтичен живот, актерот рече: „Не го кажувам тоа со никаков […]

Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави пи-ар трикови, смета СДСМ


Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари. а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо.   Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се […]

Му пукале во глава – Откриен еден од убијците на Ѓошев во Чашка


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште […]

Популарен додаток во исхраната покажува загрижувачка врска со срцева слабост


Популрниот додаток во исхраната за спиење, мелатонин, е поврзан со зголемен ризик од срцева слабост, според нова студија што ги загрижи научниците. Анализата, која сè уште не е подложена на рецензија од страна на колеги, покажа дека долготрајната употреба на додатокот може да има сериозни последици за здравјето на срцето, објавува Science Alert. Што откри […]

Почина уште една пациентка од пожарот во Тузла, бројот на жртви сега е 13


Синоќа во 23:01 часот почина уште еден пациент, кој беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла по пожарот во Домот за стари лица, со што бројот на жртви се зголеми на 13. Пациентката беше во Клиниката за анестезиологија и реанимација, во тешка состојба и на вентилатор, и за жал подлегна на повредите што […]

Зошто треба да ставите пена за бричење на шофершајбната на автомобилот во ноември? Одличен трик решава проблем што ги нервира возачите (Видео)


Во постудените месеци, возачите мора да преземат разни мерки на претпазливост, а една од работите на кои треба да обрнат внимание е шофершајбната. Кога е постудено надвор, прозорците на автомобилите лесно можат да се замаглат бидејќи топлиот, влажен воздух од внатрешноста на возилото кондензира на ладното стакло. Тоа е чест проблем за возачите, но постои […]

Дали сте виделе ваква улица? Романците шокирани од бизарното решение за безбедност во сообраќајот


Романскиот град Рамниcу Сарат го привлече вниманието на пошироката јавност од сосема бизарна причина – улица каде што беа поставени 11 пешачки премини. Иако улицата во овој град на југоистокот на Романија не е позната по густ сообраќај, властите одлучија да постават вкупно 11 пешачки премини на 250 метри од патот. Градските советници тврдат дека […]