Најмногу дожд изминатото деноноќие во Пожаране и Попова Шапка


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.  Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани […]

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа


Турција издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште 36 други осомничени поради нивната улога во „геноцид“ во палестинската област Газа, јави ТРТ. Главното јавно обвинителство во Истанбул соопшти дека денеска издало налози за апсење за 37 осомничени, вклучувајќи го Нетанјаху, поради обвиненија за „геноцид“ во Газа. Во соопштението се наведува дека […]

Русија соопшти дека соборила 79 украински дронови во текот на ноќта


Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата […]

ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците на Западниот Брег во октомври достигнаа рекорден број


 Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз Палестинци на Западниот Брег во текот на октомври што претставува рекорден број напади во еден месец откако ОН почнаа да водат статистика за овој показател во 2006 година. Во соопштение на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), во кое се предупредува на наглото зголемување на […]

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил


Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти. – Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението. 

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите


На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови. МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани […]

Америка ѝ порачува на Европа да не се откажува од нафтата и гасот, обновливите извори се недоволни


Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни горива, изјавија оваа недела американските министри за енергија и внатрешни работи, обидувајќи се да ја убедат Европа да купува повеќе американска нафта и гас, објави Ројтерс во петокот. САД станаа водечки снабдувач на нафта и […]

Скинат кабел на ЕСМ го остави Студеничани без вода


Без вода за пиење во моментов е село Студеничани, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. -Поради скинат кабел од електрична енергија од страна на „ЕВН“, пумпата за снабдување со вода не работи поради немање струја. Прекинато водоснабдување имаат корисниците од село Студеничани од 18:30 часот, појаснуваат од претпријатието. Засегнатите ќе останат […]

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“


Српското МВР соопшти вечерва дека на неколку локации во Белград, Зворник и Бања Лука, денеска се приведени неколку луѓе поврзани со случајот познат како „уфрлени снајперисти“. Во операцијата за апсење учествувале припадници на Министерството за внатрешни работи и Безбедносната и информативна агенција. Надлежните државни органи продолжуваат интензивно да работат на расветлување на сите околности и […]

Трамп размислува за изземање на Унгарија од санкциите поврзани со руските јаглеводороди


Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа. – Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап […]

Водечките банки на ЕУ се противат на дигиталното евро


Планот на Европската централна банка (ЕЦБ) за лансирање на дигитално евро до 2029 година се соочува со силен отпор од европската банкарска индустрија. Исто така, не е сигурно како ќе помине извештајот за ова прашање во Европскиот парламент. Имено, 14 големи европски банки, вклучувајќи ги Дојче Банк, БНП Парибас и ИНГ, предупредија дека дигиталното евро […]

Стотици милијардери ветија 600 милијарди долари во добротворни цели – но ерата на филантропија на Бил Гејтс и Ворен Бафет можеби е завршена


Бил Гејтс и Ворен Бафет воведоа нова позлатена ера на филантропско давање, споредена по влијание со Рокфелерови и Карнегиеви. Но, добротворната работа ќе изгледа многу поинаку бидејќи повисоките даноци се закануваат на либералните институции, а новите методи на давање се популаризираат од жените мегадонатори. Мекензи Скот, екссопругата на Џеф Безос стана пионер во културната промена, […]

Ѓоковиќ прв финалист во Атина


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Атина, откако првиот носител во полуфиналето вечерва рутински го победи Германецот Јаник Ханфман со 6-3, 6-4. За 38-годишниот Ѓоковиќ, ова е 144. финале во кариерата во која освои точно 100 турнири, од кои 24 на грен слем турнирите. Оваа година, Ѓоковиќ играше во […]

Сијарто: Унгарија подготвува договор со американска компанија за изградба на вселенска станица


Унгарската Влада подготвува сеопфатен договор за инвестиции, образование, обука и технологија со американската компанија од секторот за вселенска технологија и одбрана Војаџер Технолоџис (Voyager Technologies), изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто во Вашингтон. Според него, договорот ќе и овозможи на Унгарија да има активна улога во проектот на компанијата за изградба на вселенска […]

И подмитувачот и подмитениот 30 дена во притвор за ИПАРД програмата


Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. […]

На мешовитата историска комисија се разговарало за учебниците по историја и општество


Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Скопје ја одржа 38. редовна средба, согласно годишниот план за работа. – За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу […]

Германскиот канцелар најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30


Германија ќе го поддржи новиот мултимилијардерски фонд што го иницира Бразил за заштита на тропските шуми и ќе придонесе со „значителна сума“ во иницијативата, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска на самитот што се одржа пред почетокот на клучните климатски разговори. Германскиот лидер зборуваше на состанокот на шефови на држави и влади во Белем, на […]

Инфлацијата во октомври се искачи на 4,5 отсто на годишно ниво


  Инфлацијата тврдоглаво останува висока. Во однос на октомври, минатата година, пак, трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Мал позитивен сигнал е што во октомври преку индексот на трошоци на живот во однос на септември инфлацијата бележи намалување од 0,2 проценти. Намалувањето на месечно ниво се должи […]

Бугарија итно усвои закон за национализација на „Лукоил“


  Потребни беа само околу шест и пол часа – помеѓу 9 и 15,37 часот во петокoт – за парламентарното мнозинство во бугарското собрание од ГЕРБ, ДПС-Нов почеток, ИТН и БСП, во комбинација со независни пратеници, да ги усвојат во две читања измените на Законот за административно регулирање на економските активности поврзани со нафта и […]

„Атлантик“: Мадуро преговара со САД за оставка и безбедносни гаранции


  Вашингтон разговара за можноста за „контролирано заминување“ на Николас Мадуро како претседател на Венецуела во замена за безбедносни гаранции за него и неговите подредени, објавува „Атлантик“, повикувајќи се на извори кои се занимаваат со режимот во Каракас. Според овие извори, венецуелскиот лидер размислува за удобен егзил доколку САД му дадат амнестија, се откажат од […]