Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата


 Мнозинството млади луѓе во земјава гледаат позитивно на ЕУ, но речиси половина не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата, што го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите кандидати за членство во блокот, се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“.  – Овој јаз помеѓу […]

Големи усни и ботокс: Во светот на Трамп, модата и шминката стануваат политички


Вашингтон – Долга, руса или црна, брановидна коса, тешка шминка и козметички инјекции: како и многу жени во орбитата на Доналд Трамп, политичката консултантка Мелиса Рајн Лајвли ја носи својата поддршка за американскиот претседател на своето лице. Со подемот на движењето „Make America Great Again“ (MAGA) на Трамп, група добро поврзани и богати републиканки се […]

Фирентински дијамант пронајден по повеќе од еден век – благодарение на откривањето на голема семејна тајна


Познатиот фирентински дијамант – исчезнат повеќе од еден век – конечно е пронајден. Дијамантот од 137 карати долго време беше парче на восхит поради неговата зачудувачка жолта нијанса, неговата единствена крушкаста форма и богатата историја. Пред да биде во сопственост на Хабсбурговците, дијамантот беше дел од семејството Медичи, кое владееше со Фиренца. Го носеле европските […]

Мајката на Стефан Хрка, кој почина во Нови Сад: Фрлен топовски удар во Ќациленд


Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при пад на настрешницата во Нови Сад, штрајкува со глад веќе деветти ден. Возачот Миломир Јаќимовиќ најави дека и тој ќе штрајкува денес, а неговиот син ќе го започне штрајкот со него, објавува N1 Србија. Дијана Хрка штрајкува со глад деветти ден пред српското Собрание, во близина […]

Кинески хороскоп: Како 2026 година на коњот ќе ги промени животите на сите хороскопски знаци


Астрологијата открива како 2026 година, годината на Црвениот Огнен Коњ според кинескиот хороскоп, ќе ги промени животите на сите хороскопски знаци! Симболот на претстојната 2026 година, според кинескиот календар, ќе биде Црвениот Огнен Коњ. Овој знак на хороскопот е познат не само по својата брзина и енергија, туку и по својата решителност, како и по […]

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра


Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4.843,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 120,5 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%).

Синди Лопер и Џо Кокер во Рокенрол Холот на славните во Кливленд


Кливленд – Синди Лопер, Џо Кокер,  Outkast, White Stripes и Soundgarden викендов влегоа во Рокенрол Холот на славните, додавајќи ги своите имиња во пантеонот на најценетите и најомилени изведувачи во музиката. Њујорчанката Лопер, која се појави на поп-сцената со шарени панк изгледи и заразни мелодии како „Girls Just Wanna Have Fun“, „True Colors“ и „Time […]

Три награди за „Ритам на животот“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје во Солун


Долгометражниот филм „Ритам на животот“, плод на соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ од Скопје, освои три награди на 66 Филмски фестивал во Солун, каде што беше и премиерно прикажан, јави дописничката на МИА од Атина. Филмот доби две награди од публиката во категориите „Грчки филм“ и „Meet the […]

Настапи на македонски изведувачи во македонскиот КИЦ во Белград


 Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика.   Културниот Центар на Белград, една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија денеска во соработка со македонскиот КИЦ, ќе […]

Трка за африкански минерали: САД го преземаат водството од Кина


Африканските земји се најдоа во центарот на битката меѓу САД и Кина. Африканскиот континент е богат со клучни минерали и метали, како што се литиум, кобалт и волфрам, неопходни за модерната технологија, од електрични возила до системи за вештачка интелигенција и оружје. Трката за ресурси доби пресврт: САД тивко ја престигнаа Кина како најголем странски […]

Сирискиот претседател пристигна во Белата куќа – Трамп го нарече привлечен, млад борец


Сирискиот претседател Ахмед ал-Шаара денес ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа, што е историска прва официјална посета на сириски лидер откако земјата стекна независност во 1946 година. Се очекува тој да побара целосно укинување на преостанатите санкции наметнати врз неговата земја, разорена од војна, објавува The Guardian. Ахмед ал-Шаара, чии исламистички бунтовнички […]

Студентите во Србија не се откажуваат: Најавени нови планови


Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите на блокада од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во нивната борба за распишување предвремени парламентарни избори. Сепак, како што открија во едно интервју, плановите за овој месец се променети поради поддршката што ја даваат на Дијана Хрка, а можниот датум за […]

Во Струмица наврнаа 42 литра на метар квадратен


Четириесет и два литра на метар квадратен изнесувала количината врнежи во Струмица изминатите 24 часа, до седум утрово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Гевгелија изнесувала 36 литри на метар квадратен, 30 – Пожар – Радовиш, 29 – Претор, 26 – Битола, 24 – Крушево, 23 – Тополчани, 18-  Попова Шапка, Маврови Анови, 17 – […]

ОБСЕ високо ја оцени организацијата на вториот круг локални избори во Косово


 Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини. – Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им […]

Aлкараз повторно e прв светски рекет


 Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место. Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември: 1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови 2 (1). Јаник […]

Повторно забележани дронови над Белгија


Брисел – Три дронови синоќа повторно се забележани над критичната инфраструктура во Белгија, овој пат над нуклеарна централа Доел, лоцирана во близина на Антверпен. Операторот „Енги“ соопшти дека беспилотните летала немале никакво влијание врз активноста на електраната Доел. Претходно, неколку дронови беа забележани и над аеродромот во Лиеж, поради што околу еден час беше прекинат воздушниот […]

Проектот БАРИСТА-прва иницијатива за развој на бариста вештини по европски стандарди


Резултати од европскиот проект „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“ ќе бидат презентирани денеска во 17, 30 на настан во Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ. Од ИТЕМ најавија дека ќе бидат презентирани е-платформа за учење, наставна програма, тренинг материјали и Прирачник за Баристи, подготвени да се користат од […]

Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане


Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане.  Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.  Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на […]

Отворени денови на Институтот за македонски јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката – 10 Ноември. Како што соопшти Институтот, оваа година на Отворените денови ќе бидат одбележани јубилејните 80 години македонска азбука […]

Облачно, со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната […]