Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија


Министерот за здравство Азир Алиу во врска со случајот со 37-годишна пациентка со Кронова болест, која, како што објавија медиуми, починала пред осум дена откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија, изјави дека денеска ќе потпише да се формира стручната комисија која треба да утврди од клиничка гледна […]

Мис Чиле на Мис Универзум се извини по „смешното“ видео со бел прав


Ина Мол, се најде во средината на медиумски скандал поради видео на TikTok кое, наместо дополнителна промоција, ѝ донесе лавина од критики. Чилеанската манекенка и пејачка, која ја претставува својата земја на изборот за убавина „Мис Универзум 2025“ во Тајланд, стана вирална со учеството во популарниот тренд Addicted to You, но не на начинот на […]

Сиљановска видела многу извештаи, последниот на ЕУ требало да биде преговаран со Македонија


  Техничкиот извештај станал политички. Тој требало да се преговара со македонските власти, а не да биде оценка на Европската комисија. Така претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се обиде да ги намали  оценките на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, кој е еден од најлошите во последните десетина години. Со тоа, после приказните […]

Слободен влез на Националната арена за Македонија – Летонија


Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година.   На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар против Летонија.   Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи. […]

Безбедноста и здравјето при работа – инвестиција во луѓето и економијата: Започна проектот „Кон безбедна и здрава работна средина“


Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел на проектот „Кон безбедна и […]

Рушвет земјоделие


Рушвет врати отвора – ама рушвет врати и затвора. Ако не се пофали тој што зел, ќе се пожали тој што дал. Вака искусни земјоделци во една реченица, со турски архаизам, ја објаснуваат ситуацијата во македонското земјоделие по големиот ИПАРД скандал кој ја тресе Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието или како што ја […]

СДСМ: Исплатите од ИПАРД не ги стопира ниту Владата, ниту Мицкоски, туку европскиот механизам за финансиска контрола


СДСМденеска преку соопштение ги оцени како „смешни“ изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. „Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија“, велат од СДСМ. Од опозициската партија посочуваат дека такво нешто може да […]

Зголемен број на одобренија за градба, дури 727- каде ќе се гради најмногу?


Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика. Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. […]

Герасимовски: Доделени 48 спортски стипендии


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето на Лига Центар за учебната 2025/2026 година, додели 48 спортски стипендии на ученици од основните училишта во општината, како признание за врвните резултати постигнати во различни спортски дисциплини. Стипендиите се доделуваат во три категории, во износ од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, и се исплаќаат во текот […]

Турското обвинителство побара казна од над 2.000 години за поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу


Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“. Имамоглу беше приведен на 19 […]

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции


Земјоделски субвенции добија луѓе што немаат никаква врска со производство, а ние уште ја чекаме помошта, велат за МИА дел од земјоделците кои од цела Грција денеска се во Атина на протест и пред Министерството за земјоделство и пред Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ). Протестот […]

Ким Кардашијан го „симна“ изгледот на Хали Бери од филмот за Џејмс Бонд на роденденот на мајка си


Ким Кардашијан ја споделува инспирацијата зад блескавиот ансамбл што го носеше на забавата по повод 70-тиот роденден на нејзината мајка Крис Џенер. Во вртелешка на Инстаграм објавена во понеделник, 10 ноември, 45-годишната бизнисменка и риалити ѕвезда покажа блескав дводелен ансамбл моделиран според изгледот на Хали Бери во филмот за Џејмс Бонд од 2002 година „Умри […]

Коцевски: Во предметот за пожарот „Пулс“ ќе бидат вклучени 15 обвинители – судењето почнува следната недела


Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде […]

(Во живо) Живот со предизвици – конференција посветена на ретки болести


Министерот за здравство Азир Алиу ќе присуствува на прес-конференција посветена на ретките болести, во организација на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.  Проследете ја прес-конференцијата во живо:  

„Не е крај на светот“: Мицкоски за заминувањето на две компании од Бунарџик


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека не е крај на светот ако некои од компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони заминат, бидејќи како што рече „ќе има компании кои се отвораат, ќе има компании кои се затвораат“. Тој најави дека до крајот на годинава се очекува четири до пет компании да потпишат договори […]

Бројот на туристи поголем за 5,8 отсто, најбројни се Турците, Србите, Германците и Полјаците


Во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод . Од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31.8 % ги оствариле домашните туристи, а 68.2 % странските. Во периодот јануари – септември 2025 година, во […]

За некои не може, но дронот на Орце за ѓубрето може да лета без дозвола


  Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, покажуваат јавно достапните податоци на оваа институција. Правилата налагаат секое летало што лета на македонското небо, претходно да биде регистрирано заедно со неговиот оператор, а летот претходно да биде најавен во системот, […]

 „Macedonian Dreams“: Националниот џез оркестар со настапи во Будимпешта, Прага и Виена


Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на […]

Одложена изложбата „Србинка“ во Вуковар


  Претседателот на Заедничкиот совет на општини, Дејан Дракулиќ, објави дека фото-изложбата „Србинка, хероина на Големата војна“ во Вуковар е одложена, објавува „Вечерњи лист“. Како што е наведено во соопштението, станува збор за изложба на Српскиот културен центар „Вуковар“, Заедничкиот совет на општини и Генералниот конзулат на Република Српска во спомен на српските жени кои […]

Набавките во здравството сѐ поскапи, а услуги кон пациентите сѐ помалку! Се извлекуваат ли пари?


Инсулини и медицински помагала 39 милиони евра, реагенси 29 милиони, лекови за ретки болести 19 милиони – здравството троши сè повеќе, а нуди сè помалку! Трошоците за јавни набавки, во здравството во последните 10 години, се зголемени за два и пол пати, односно тие изнесувале 126 милиони евра во 2015 година, а лани изнесувале 315 […]