Прилепскиот комбинат откупот на тутунот ќе го почне во вторник


 Прлепскиот тутунски комбинат во вторник, на 18 ноември,  ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава.  Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа двапати неделно. Цените по класи се поголеми за 5 проценти од другите откупувачи. -Подготвени сме за откуп на договорениот тутун со кооперантите. Во вторник ќе бидат отворени […]

Украински командант во Покровск: „Ова повеќе не е бојно поле, туку гробишта“


  Додека украинските сили се борат да го задржат Покровск, притисокот од руските трупи расте на фронтовската линија во регионот Запорожје, околу 88 километри југозападно. Јужната команда на Украина во среда соопшти дека нејзините сили се повлекле од селото Ривнополе, што е последното во серијата повлекувања од областа од вторник. Повлекувањето ги донесе руските трупи […]

Беџети: Владата го усвоила Предлог-буџетот за 2026 година без мислење на Фискалниот совет


Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, денеска изјави дека Владата го усвоила Предлог-буџетот за 2026 година без неопходното Мислење на Фискалниот совет, како што налагаат правилата, односно Фискалниот совет немал увид во предложениот документ пред неговото усвојување од страна на Владата. Ова Беџети го изјави пред пратеницвите на седница на Комисијата за финасирање и […]

Симоновски: Непостапувањето во ВМРО-ДПМНЕ се цени – нови државни функции добиваат луѓе од УО на ЈП


Зошто ВМРО-ДПМНЕ им дава нови државни функции на претседатели на Управните одбори од јавните претпријатија во Скопје кои го гушеа градот со години и го претворија во депонија, сакаше денеска да знае советникот од СДСМ во Градот Скопје Горан Симоновски, на втората седница на Советот, на која на дневен ред беше и ребалансот на Буџетот […]

„Варвари“ на Горки и Милчин ја собра скопската елита во МНТ (фото)


Премиерата на „Варвари“ на Максим Горки, последната претстава на режисерот Владимир Милчин во МНТ , која за првпат се поставува на театарска сцена, и актуелна во сегашниов миг, иако напишана во 1906 година, ја собра скопската елита од сите сфери и генерации, синоќа, во Македонскиот народен театар, во годината кога одбележува 80 години од постоењето. […]

Јапонската премиерка ја шокираше нацијата: „Спијам од 2 до 4 часа, работам како коњ“


  Јапонската премиерка Санае Такаичи, која ја презеде функцијата кон крајот на октомври, ја шокираше нацијата минатата недела велејќи дека спие само од два до четири часа навечер, објавува „Гардијан“. Кога пратениците ја прашаа во парламентот како планира да го врати балансот помеѓу работата и приватниот живот во корпоративната култура на Јапонија, Такаичи им ги […]

Мицкоски „капитулираше“ пред судиите, ќе им даде повеќе пари за да добие „петка“ од Брисел


  Премиерот Христијан Мицкоски, по категоричните најави дека нема намера да им ги зголеми платите на судиите бидејќи не ги заслужиле, денес излезе со друга „песна“ – дека ќе добијат финансиска независност и очекува од Брисел да излезат и да кажат му кажат „браво“. Поконкретно Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе бидат донесени […]

За работниците веќе не се доволни 500 евра за минимална плата, бараат од 600 до 700 евра


Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. Ова е повеќе од досегашното барање на ССМ, кое се позиционираше на 500 евра. Сега изнесува  24.400 […]

Пинто Тешеира: Украина е поподготвена за членство во ЕУ од балканските земји


Украина е голема земја, богата со природни ресурси, со вреден и храбар народ. Нејзиното членство во ЕУ би било важно достигнување за Европа. Стравувањата не се оправдани, вели поранешниот амбасадор на ЕУ во Киев и во Скопје, Жозе Мануел Пинто Тешеира. Минатата недела, ЕУ презентираше извештај во кој позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на […]

Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ во НОБ на 18 и 21 ноември


Двојната изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ќе се одржи на 18 и 21 ноемвриво 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Балетот, поставен во два чина и инспириран од безвременскиот роман на Г. Флобер, ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и стегите на општествените норми – […]

На судиите им прекипе од Мицкоски: Премиере, ја поминавте границата на добро однесување!


Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор. Велат дека неговите коментари ја преминале границата на доброто однесување и преминале во неаргументирани и паушални напади. „Господине премиер, веќе подолго време вашите коментари кои ги давате […]

Мицкоски пак се дистанцира од минималната плата, тоа зависело од дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите


 Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите.  – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го […]

Протест во Софија по убиството на кучето од македонскиот доктор


Стотици граѓани се собраа вчера пред Военомедицинската академија во Софија за да изразат револт поради прегазувањето на кучето Маја од страна на докторот со потекло од Македонија , ненад Цоневски.   Иако од болницата им порачаа дека докторот е суспендиран и за него е покрената кривична пријава, собраните граѓани бараа повисока казна со паролата дека […]

Скопјанец неосновано нападнал 12-годишно дете – му ги пресекол гумите на велосипедот и го фрлил


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го […]

Ацо Чирибирибела


Секоја година во ова време го посетувам Саемот на книгата во Белград, секоја година мојот српски издавач љубезно ме поканува да се сретнам со нивните други таканаречени домашни автори, предводени од познатата писателка Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ, на нивниот штанд со кафе и ракија, и секоја година учтиво им се заблагодарувам, бидејќи ги познавам нивните други таканаречени […]

ФЗО одбележа 25 години од основањето


 Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840.000 осигуреници, од кои 1.200.000 се носители на здравственото осигурување. Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е […]

За Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој


Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за […]

Објектот на поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром останува, но треба да се уреди


Општина Аердором денеска соопшти дека се отстранува дел од објектот на „Дежа ву“, односно затворената тераса, која неколку години функционираше и како игротека, па ги прашавме што се случува со објектот на поранешен „Мекдоналдс“ од другата страна на булеварот.  Од таму одговорија дека објектот е во приватна сопственост, но дека даден е налог за уредување […]

БГНЕС го нарече Николоски „партиски комичар“


  Бугарски БГНЕС објави реакција на потпишувањето на договорот за изградба на тунелот што ќе ги поврзе Бугарија и Македонија, со посебен акцент на однесувањето на министерот за транспорт и врски  Александар Николоски и со крајна оценка – дека останува да се види дали Македонија конечно ќе испочитува еден договор со Бугарија, бидејќи и досега […]

Вицегувернерката Митреска: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за финансиска стабилност


„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред […]