САД бараат Русите целосно да се повлечат од српски НИС


САД ноќеска испратиле лоша порака за Србија во врска со НИС дека сакаат целосна промена на сопственоста од страна на руските акционери, но дека е добиено одобрение за преговори за сопственост со важност до 13 февруари, изјави денеска српската министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. -На барањата на адвокатите на НИС, кои ги испратија до […]

Кочани му порача на Скопје: Болката е наша, но борбата е заедничка!


„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“.  Со ваков транспарент и слики од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ родителите од Кочани денеска го предводат протестниот  „Марш за ангелите“во Скопје. „Сенките“ се бројот на жртвите за кои, четири дена пред почетокот на судењето за случајот, родителите бараат правда. Одзивот на скопјани на […]

Алиу: Специјализираната болница за геријатриja „13 Ноември“ е врвна установа


„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, […]

Адеми: Извештајот на ЕК e алармантен сигнал за застојот на Македонија


Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, изјави на […]

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите граѓани


Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, смета  дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на фискалните правила утврдени со Законот […]

Најсреќен месец за секој хороскопски знак во 2026 година: Еве кога сте најмоќни и постигнувате сè што чекавте


Откријте го најсреќниот месец за секој хороскопски знак во 2026 година – дознајте кога добивате посебни моќи и како најдобро да ги искористите планетарните влијанија. – Секој хороскопски знак во 2026 година има свој најсреќен месец кој носи олеснување, внатрешна сигурност и можности што го менуваат животот. – Периодите поддржани од планетите обезбедуваат јасност на […]

Тензични пораки меѓу Кина и Јапонија


Јапонија денеска ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“ откако Пекинг им советуваше на кинеските граѓани да не патуваат во земјата. Главниот секретар на јапонската Влада, Минору Кихара изјави дека Токио „и доставил порака на Кина и категорично ја повикал да преземе соодветни мерки“. Но, тој не прецизираше какви мерки треба да преземе Пекинг. Неговата […]

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од функцијата


Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го разреши Илија Стоилев од претседателското место во Општинскиот Комитет во Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исто така е разрешен и Гоце Стоиловски од претседателската позиција во ОК во Македонска Каменица. Ова денеска го соопшти партијата заедно […]

Битиќи: Каматите на кредитите стануваат сериозна буџетска ставка


Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ја истакна сериозната состојба со новиот буџет, предупредувајќи дека со вака поставениот економско-фискален модел државата може да се соочи со сериозна криза, веќе за две години. „Веќе ги гледаме последиците од моменталниот економско-фискален модел: каматните плаќања преминуваат во сериозна буџетска ставка и […]

Приказната за Силјан на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors


Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации на престижните Cinema Eye Honors, едни од најреномираните глобални признанија за документарна продукција. Филмот ја освои номинацијата за Audience Choice Prize, признание со особена тежина во документарниот свет. Од Cinema Eye Honors истакнуваат дека „Audience Choice […]

Од Холивуд до светата вода: Папата Лео ги покани ѕвездите во Ватикан


Голем број холивудски познати личности ќе се сретнат со папата Лео во сабота, собир за кој набљудувачите на Ватикан велат дека има за цел да му даде ѕвездена моќ, откако тој е првиот американски папа во историјата на католичката црква. Кејт Бланшет, Моника Белучи, Крис Пајн и Адам Скот се меѓу актерите кои ќе се […]

Ни Трамп не верува дека Орбан ќе остане на власт по изборите


По посетата на Белата куќа минатата недела, загрозениот унгарски премиер брзо прогласи победа, велејќи дека обезбедил неопределено ослободување од санкциите на САД за нафтата и гасот увезени од Русија. Договорот ќе ги заштити Унгарците од вртоглаво зголемување на цените на енергијата пред парламентарните избори следната година и потенцијално ќе ги зголеми шансите на Орбан да […]

Најголема ѕвезда, тоа е Калиопи: Магична вечер покрај камин во Филхармонија


Калиопи, поп дивата, со глас и става, позитивна енергија и многу љубов, синоќа, на првиот од трите закажани акустични концерти во Филхармонија, ни ги стопли душите и срцата, во претпразничен магичен амбиент, кој ветуваше незаборавна вечер. Изненадувањето за публиката беше сцената која го симболизираше нејзиниот дом, со послан ќилим, свеќи и запален камин во овие […]

Трамп сепак ќе ја тужи „Би-Би-Си“ , сака пет милијарди долари оштета


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно следната недела ќе ја тужи „Би-Би-Си“ за дури 5 милијарди долари, откако британскиот радиодифузер призна дека погрешно монтирал видео од неговиот говор, но инсистираше дека нема правна основа за неговото барање. Британската радиодифузна корпорација е во најголемата криза во последните децении откако двајца високи директори поднесоа оставки по […]

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет


 Обвинителството  поднесе обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа денеска од Јавното обвинителство.  По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г […]

Гугл мора да плати отштета од 465 милиони евра на германски портал


На „Гугл“ му е наредено да му исплати на германскиот портал   „Идеало“ околу 465 милиони евра отштета за кршење на антимонополските правила, според пресудата на судот во Берлин во петокот.   Овој пребарувач на цени, во мнозинска сопственост на медиумската група „Аксел Спрингер“, го обвини „Гугл“ за злоупотреба на својата доминантна позиција како пребарувач во […]

САД и Велика Британија ги одложуваат санкциите за Лукоил во Бугарија


Плаќањата кон и од подружниците на Лукоил во Бугарија се привремено заштитени откако Велика Британија и САД  објавија одложување на нивните санкции против рускиот нафтен гигант. Ова ѝ дава на бугарската влада приближно четири месеци да се осигура дека приходите од овие компании нема да стигнат до руските сопственици, со што ќе се спречи какво […]

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани


Младинскиот хор од Солун вечер во 18:30 часот,  во малата сала на Филхармонијата во Скопје ќе одржи концерт насловен „Wandering Echoes“. Хорот на Музичкото училиште во Солун ќе се претстави со посебна програма за ова прилика која вклучува широк спектар од традиционални грчки и модерни мелодии. Во пресрет на концертот во Скопје што воедно ќе […]

Скандалот со ИПАРД се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на Стоилев


Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24,  изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, […]