Комерцијална банка слави 30 години од првата Mastercard картичка со наградна игра што те носи на карневалот Рио!


Славиме 30 години од првата издадена Mastercard картичка од Комерцијална банка со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро! Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае […]

18 ноември во историјата – Масовно самоубиство на 909 луѓе во Џонстаун, Гвајана


  На 18 ноември 1978 година, основачот на Храмот на народот, Џим Џонс, води стотици свои следбеници во масовно убиство-самоубиство во нивната земјоделска комуна во оддалечен дел од јужноамериканската држава Гвајана. Многу од следбениците на Џонс доброволно проголтале отров, додека други биле принудени да го сторат тоа под закана со пиштол. Конечниот број на умрените […]

Фреди Меркјури на колекционерски монети од британската Кралска ковница


Лондон – Британската Кралска ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури, којашто „ќе му значела сè на светот“, според зборовите на сестрата на легендарниот пејач на „Квин“. Монетата, одобрена од „Меркјури сонгс лимитед“, е достапна за купување од страницата на Кралската ковница од денеска – 18 ноември. Дизајнот на монетата го прикажува харизматичниот изведувач во […]

Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени


Дваесет и два литра дожд на квадратен метар наврнало во Лазарополе во изминатите 24 часа, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Според мерењата на УХМР во 7 часот  за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири […]

Нула комуналии за млади до 35 години во Општина Аеродром


Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон […]

Том Круз конечно доби (почесен) Оскар, одржа трогателен говор


Холивуд – По четири и пол децении поминати пред камерата, во недела навечер, на 16-тото доделување на почесните Оскари (Governors Awards)во Холивуд, конечно беше време веројатно најголемата филмска ѕвезда во светот да ја добие својата долго заслужена награда „Оскар“. Номиниран три пати за глума, а сега добивајќи го Оскарот за „неговата непоколеблива посветеност на нашата […]

Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока


  Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера,  се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.    Во објава на Фејсбук наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите […]

Свечено отворање на Мултимедијалната читалница во НУБ и промоција на фототипни изданија за македонскиот јазик


Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје денес (вторник/18.11.2025 год.) во 12:30 часот ќе биде свечено отворена Мултимедијалната читалница и истовремено ќе биде промовирана едицијата на фототипни изданија „НУБ за македонскиот јазик“. Како датум за одржување на овој настан е одбран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски […]

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто


Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесува 5,2 милијарда денари што е зголемување за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 отсто, а кај […]

Оваа холивудска легенда наполни 91 години и ретко се појавува во јавност


  Ширли Меклејн сè уште фантастично го пали светлото на 91 година! Шарено облечената добитничка на Оскар, беше снимена додека вешто се фаќа себеси пред да се сопне на тротоарот во Малибу на пат кон уште едно вечерно излегување во нејзиниот омилен ресторан за стекови – но изворите велат дека тоа е само затоа што […]

Фабрикувани дипломи, а многу малку знење – Пешев повикува да се оценува вистинскиот квалитет


На светот во годините што следуваат ќе му требаат многу повеќе луѓе кои имаат практични вештини, отколку луѓе кои завршиле универзитет, а Македонија во моментот фабрификува диплпоми, но студентите излегуваат од факултетите со многу малку знаење, смета Антони Пешев од Стопанската комора.  Денеска, се одржува конференцијата на тема „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“, […]

Почнуваат информативните сесии низ Македонија за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“


Во организација на Канцеларијата за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, од денеска почнуваат информативните сесии за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ („Култура“ и „МЕДИА“) во просториите на „Europe House“ во повеќе градови во земјава.  Првата сесија се одржува денеска од 12:00 до 14:00 часот во Струга, утре е […]

Ирска НВО ја обвинува Европската комисија за користење на Чат-Џи-Пи-Ти при изработка на документи


Невладината организација Ирски совет за граѓански слободи (ИЦЦЛ) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, во која ја обвинува Европската комисија дека го користи Чат-Џи-Пи-Ти при изработка на одговори на одредени барања.  Советот тврди дека метаподатоците во документ што го добил како одговор од Еврокомисијата укажуваат на користење на генеративна вештачка интелигенција за составување делови од него.  […]

Балетската претстава „Госпоѓа Бовари“ вечер и на 21 ноември на сцената на НОБ


Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од романот на Гистав Флобер. Балетот ќе има уште една изведба на сцената на НОБ – на 21 ноември. – Балетот инспириран од истоимениот роман ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода и […]

Филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи утревечер премиерно во „Синеплекс“


Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи утревечер премиерно ќе биде прикажан во киното „Синеплекс“. По премиерата, ќе почне целосна дистрибуција низ Македонија и веќе се закажани проекции во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка. Сценариото е на Јани Бојаџи, кој е и продуцент и композитор. Извршен продуцент е Дејан Милошевски, директор на […]

Авиокомпанија драстично казнета за вечно доцнење: Го губи правото на слетување


Авиокомпанијата „Раjанер“ ги губи правата за слетување во Ајндховен поради доцнење на летовите. Ирската авиокомпанија „Раjанер“ изгуби два од своите слота за слетување на аеродромот во Ајндховен поради чести доцнења на летовите, објави холандскиот весник „Ејндховенс Дагблад“. Координацијата на аеродромите на Холандија (ACNL), телото кое доделува слотови, откри дека „Рајанер“ доцнел на летовите во понеделник […]

Грците даваат земја, куќа и 500 евра секој месец: Условот е да се преселите на прекрасен остров со диви плажи


Антикитера е изолиран остров со диви плажи, стрмни брегови и многу скромна туристичка понуда. За да ги зачуваат последните преостанати услуги и да ја оживеат заедницата која речиси исчезнува, локалните власти започнаа програма со исклучително поволни услови за идните жители на островот. Семејствата кои ќе одлучат да се преселат во Антикитера добиваат месечна поддршка од […]

Лошото време во Скопје ја сопре жичницата на Водно


Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираа од ЈСП „Скопје“. Како што велат оттаму, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници […]

Починаа уште двајца жители на Пензионерскиот дом во Тузла, вкупниот број на жртви се зголеми на 17


Во Тузла, во изминатите 24 часа, починаа уште двајца корисници на Пензионерскиот дом во Тузла, кои беа хоспитализирани во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла, со што вкупниот број на жртви од ужасниот пожар се искачи на 17. Жителите беа хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација. „Во моментов има двајца пациенти хоспитализирани во UKC […]

Месечен хороскоп за декември 2025 година: Некој е трогнат од ненадејна понуда, некој се потсетува што е љубов


Дознајте што ве очекува во декември 2025 година на полето на љубовта, работата и здравјето. – Месечниот хороскоп за декември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот. – Истражете што ѕвездите имаат подготвено за последниот месец од годината во различни области, вклучувајќи љубов, кариера, здравје и личен раст. Овен Месечниот […]