Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир […]

Почнува јубилејното 50. издание на МОТ


Под насловот „Нашите во светот“, од денеска до 25 ноември ќе се одржува јубилејното 50. издание на Млад отворен театар (МОТ). Фестивалот ќе понуди внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, а годинава го насочува вниманието кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и постојано отвораат нови сценски хоризонти. -Јубилејното издание ја […]

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон


Белгискиот пратеник Винсент Ван Квикенборн од редовите на опозициската партија Отворени Фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) говори на четири продолженија на седницата на Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, во вкупно време траење од 26 часа, во обид да го блокира усвојувањето на Предлог-законот за откривање измами.  „Филибастерингот“ на Ван Квикенборн започна на комисиската […]

Национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Северна Македонија


Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план […]

Во ист ден германскиот шеф на дипломатијата во Скопје, а министерот за Европа во Софија


  Една објава на Фејсбук од неколку реченици и штуро соопштение на МНР е сѐ што досега дозна македонската јавност за посетата на германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, на Македонија и неговите разговори со премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Двете реченици на Мицкоски на неговиот Фејсбук профил се целосно […]

Македонските фудбалери прегазени од Велс со 7:1, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“


Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Кардиф од Велс со 7:1 и со тоа е прекината серијата од 14 натпревари без пораз на официјални натпревари (без пријателски). Домаќинот со овој триумф успеа да го освои второто место во групата зад Белгија, додека нашата репрезентација која до овој натпревар беше без пораз заврши на […]

Снег го покрива Златибор, паѓа и во Чачак


Во текот на вечерта, дождот што врнеше цел ден во Златиборската област се претвори во лапавица и снег. Со послаб интензитет падна и во Ужице, додека посилни налети беа регистрирани во областа на Златибор и Нова Варош. „Врне повеќе од половина час, а главните градски улици веќе побелеа. Ако продолжи да врне со ова темпо […]

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн


 Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Дури 427 пратеници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана. Сега за наредбата ќе се гласа во Сенатот и ако биде изгласана тогаш […]

Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, вели Мицкоски


Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди вечерва премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека има можност во некои сектори за доброволно продолжување на работниот стаж, како во високото образование на пример. Мицкоски рече дека се прават анализи за реформи во неколку сектори. – Анализираме неколку модели, во неколку делови од општеството – […]

Трамп: Саудиска Арабија се согласи да инвестира 600 милијарди долари во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Саудиска Арабија се согласила да инвестира 600 милијарди долари во САД. – Сакам да ви се заблагодарам што се согласивте да инвестирате 600 милијарди долари во САД. Тој (Мохамед бин Салман) е мој пријател, можеби ќе инвестира до еден трилион долари, но ќе морам да соработувам со него, […]

Што е Клаудфлер – и зошто неговиот прекин предизвика да паднат толку многу веб-страници?


  Давателот на интернет инфраструктура Клаудфлер претрпе прекин во вторникот, поради што многу веб-страници беа недостапни околу три часа. ________________ Што е Клаудфлер? Клаудфлер е глобална фирма за услуги во облак и сајбер безбедност. Меѓу другото, таа обезбедува центри за податоци, безбедност на веб-страници и е-пошта, заштита од губење на податоци и одбрана од сајбер […]

Два златни, еден сребрен и еден бронзен медал за македонските таеквондисти на Европскиот куп „Бугарија Опен 2025″


Македонските репрезентативци во традиционално таеквондо остварија одличен успех на Европскиот куп „Бугарија опен 2025“, освојувајќи четири медали на собирот одржан викендов во Пловдив. Во силна конкуренција од 788 натпреварувачи од 13 земји тие се закитија со две златни и по едно сребрено и едно бронзено одличје. Златни во Бугарија станаа Теодора Митреска за натпреварувањето во […]

Без попис, без евиденција и на ДЗР му било тешко да се снајде во сметководствените лавиринти на прилепската болница


Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година.   Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста […]

За пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на ОТА, амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре


За време на амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2026 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево беше делумно прифатен амандман со кој за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Пратениците поднесоа 203 амандмани, но попладнево неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Разгледувањето на […]

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра


 Партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик ќе плати казна од 15.000 евра поради поттикнување омраза и навреди за Бошњаците на предизборен митинг. Поранешниот претседател на Република Српска, Додик, на предизборен митинг за предвремените претседателски избори во РС, ги спореди Бошњаците со „амеби“ и ги нарече „лажливи Турци“. – Никој не лаже полошо […]

Дали со ДДВ за евтините пратки од Тему ќе се штитат домашните фирми: Измените на Законот за ДДВ одат на второ читање


Собранието попладнево во рамки на 70-та седница донесе одлука дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е прифатлив, и го проследи на натамошно второ читање. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски при образложувањето предложениот текст пред пратениците истакна дека се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за […]

Едно лице загина, а три се повредени во израелска населба во Западен Брег


Најмалку едно лице загина, а три се повредени откако возило удри во пешаци во израелската населба Гаш Ецијон во Западен Брег. Двајцата напаѓачи потоа излегле од возилото и со нож избоделе до смрт еден маж. Израелската армија (ИДФ) ги елиминира двата напаѓачи. Според ИДФ, во возилото на напаѓачите е пронајден експлозив. Палестинската милитантна група Исламски […]

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја […]

Новата мултимедијална читалница во НУБ опремена со софтвер за слепи и за слабовидни лица


Отворањето на новата мултимедијалната читалница во новиот дел на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и промоцијата на изданијата на фототипната едиција „НУБ за македонскиот јазик“ е потсетник дека иднината може да се гради само врз здрави темели. Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да […]

Надежта на вработените во „Лукоил“ сега е во американскиот гигант „Шеврон“


Новите рокови за продажба на средствата на „Лукоил“ во странство се однесуваат и на подружницата на оваа компанија во Македонија. Ова, накусо е одоговорот од „Лукоил Македонија“ на прашањата кои ги упати „Независен“, а се однесуваат на постапката на продажба на 40 бензински пумпи и склад, за што е тесно врзана и судбината на околу […]