Почина пејачката Бади Бекир


Денеска во Скопје по кусо боледување почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир, ни потврди пријателка на семејството. Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, заедно со Росана Сариќ-Тодоровска, Адријана Алачки и Благица Павловска.  По објавувањето на денешната тажна вест се огласи и Росана, која откри дека Бади боледувала од […]

Скопје со 55 милиони евра ќе се трансформира во Европска престолнина на културата за 2028, вели Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. […]

Шведска одбива да екстрадира двајца турски државјани обвинети за членство во забранетата ФЕТО


Стокхолм – Шведска отфрли две барања за екстрадиција на двајца мажи обвинети од Анкара за вмешаност во терористичката организација (ФЕТО) на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, објавија властите во Стокхолм. Според шведското Министерство за правда, на 13 ноември владата ги отфрли барањата за екстрадиција на турските државјани Мухарем Озад (36) и Абдулах Бозкурт (54). Врховниот суд претходно […]

Сакала да биде директорка на основно училиште во Пехчево, па аплицирала со „фалц“ сертификат за англиски


57-годишната Д.Ј. од Пехчево ќе одговара кривично поради сомнение дека фалсификувала сертификат за познавање на англиски јазик со цел да биде избрана за директор на основно училиште во Пехчево. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено […]

Љутков од Брисел: Одблокиран е проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел остварија работна средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф. Главна тема на средбата беше проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, при што делегацијата го информираше еврокомесарот Микалеф за моменталната состојба, предизвиците и неопходните чекори за негово понатамошно унапредување. Министрите Љутков и Муцунски, заедно […]

Малолетник и уште пет возрасни повредени во судир меѓу два „мерцедеса“ во Стопански Двор


Се судрија два „мерцедеса“ во Стопански Двор. Има повредени лица.  Вчера околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски […]

СЗО отпушта повеќе од 1.200 вработени поради големи намалувања на буџетот


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ќе отпушти 1.282 вработени низ целиот свет до јуни 2026 година поради значителни намалувања на буџетот во Соединетите Американски Држави и други земји. Дополнителни повеќе од 1.000 работни места ќе бидат елиминирани поради пензионирање и истекување на договори на одредено време, соопшти организацијата, како што објави Swiss Info. Генералниот […]

Тајван се враќа во Македонија. Ѝ врти ли власта грб на Кина?


  Тајван се враќа во Македонија. Ова накратко е пораката од денешниот настан на Бизнис конфедерацијата на Македонија, која денес организираше настан со учество на преставници од официјалното дипломатско претставништво на Тајван во Италија, а на кој требаше да се пренесат искуствата на оваа земја околу „паметните градови“, како една од водечките земји во развој […]

По споените капачиња – ново пластично шише, кое секако ќе го забележите


Европската Унија најави дополнителни правила кои треба да ја намалат количината на пластичен отпад и да го забрзаат преминот кон циркуларна економија, а нивниот ефект ќе биде видлив – на самите шишиња. Повеќе рециклирана пластика значи поинаков изглед Од 2025 година, сите еднократни PET шишиња ќе мора да содржат најмалку 25% рециклирана пластика, а до […]

Завршена сопственичката консолидација на М-6 ДОО


Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје. По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски. Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети […]

Уставен суд ќе го оценува зголемувањето на пензиите за 1.000 денари, а не претходното за 5.000


  Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, што го добија пензионерите во септември лани (2.500 денари) и во март годинава (уште 2.500 денари) нема да оди на проверка од страна на Уставниот суд, туку уставноста ќе се оценува само на најновото зголемување за 1.000 денари во септември годинава и најавеното за исто толку во […]

Три симптоми на рак на панкреас кои лесно се пропуштаат


Ракот на панкреас често се нарекува „тивка болест“ бидејќи не покажува никакви јасни знаци во раните фази. Повеќето симптоми се развиваат постепено, а многу од нив можат да изгледаат како вообичаени секојдневни проблеми поврзани со варењето или заморот. Затоа болеста често се открива доцна, кога симптомите се веќе поизразени. Препознавањето на тие суптилни промени во […]

Генералниот секретар на ДКСК, Адем Чучуљ, добил најмногу бодови во рангирањето за претседател


  Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата го оцени кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, како најуспешен во постапката за избор. Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во […]

ЕУ сака водечка улога во изградбата на нови полициски сили за Газа


Европската Унија се подготвува значително да ги прошири своите полициски и гранични мисии во Газа како дел од напорите за поддршка на мировниот план на САД, според информациите добиени од dpa. Се очекува министрите за надворешни работи на ЕУ да постигнат договор во Брисел во четврток за предлозите за посилна улога на ЕУ и, доколку […]

20 ноември во историјата – Почнаа Нирнбершките процеси


  На 24 високи нацисти почна да им се суди им се суди на 20 ноември 1945 година во Нирнберг, Германија, за злосторствата извршени за време на Втората светска војна. Нирнбершките судења ги водеше меѓународен трибунал составен од претставници на САД, Советскиот Сојуз, Франција и Велика Британија. Тоа беше прво судење од ваков вид во […]

Го информирале Путин дека „еликсирот на бесмртноста“ ќе биде готов за 6-7 години


  За шест до седум години, луѓето ќе имаат шанса да постигнат вечен живот, изјави извршниот директор на руската Сбербанк, Херман Греф, за време на разговор со претседателот Владимир Путин. Банкарот го даде ова предвидување додека го прераскажуваше мислењето на американскиот футуролог Рејмонд Курцвеил за наводниот „еликсир на бесмртноста“, објави рускиот медиум „Агентство“. Според Греф, […]

Пациент почина, две лекарки повредени во сообраќајка на медицинско возило во Скопје


Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ дошло до инцидент со медицинско возило.   Според пријавеното, комбе „рено трафик“ на приватна здравствена установа, управувано од 55-годишниот Ж.А. од Скопје, нагло закочило при обид да избегне судир со друго возило кое веднаш го […]

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, меѓу темите и поведената постапка на Уставниот суд за пензиите


 Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Освен за поднесените амандмани, дебатата се фокусираше и на поведената постапка на Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што дојде до меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на амандман поднесен од СДСМ, спомена […]

Косово не формира влада – претседателката го распушти парламентот


Косовската претседателка  Вјоса Османи денес ја потпиша одлуката за распуштање на собранието, откако претходниот ден не успеа вториот обид за формирање влада, а изборите за новиот парламент треба да се одржат на крајот од годината, јавуваат регионалните медиуми. Потпишувањето на декретот за распуштање на собранието доаѓа откако политичките лидери не успеаја да постигнат никаков договор […]

Искусни инвеститори ја преземаат „Имлек“, водечката млечна компанија на Балканот


Компанијата „Имлек“, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата „Имлек“ работи и „Бимилк“, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. „Бимилк“ останува составен дел од „Имлек“ и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет. За купопродажбата постигнато е […]