Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови,  18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17,  Пожаране и Попова Шапка, 16,  Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен,  девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево,  четири […]

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје


Организацијата Еко-свест денеска во Скопје организира прва еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена, наменета за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат. Настанот, кој ќе се одржи Собрание Бистро, со почеток од 12 часот, е […]

Италија прв финалист во Дејвис купот


Болоња – Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки. Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6). Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од […]

Движењето на магма под морското дно предизвикало интензивна сеизмичка активност кај Санторини


Атина – Сеизмичката активноста на почетокот на годинава во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос била предизвикана од огромна магматска интрузија, односно вертикален слој магма, што се ширела во бранови на повеќе од 20 километри во земјината кора на длабочина поголема од 10 километри под морското дно, покажува студијата на меѓународен истражувачки тим, објавена […]

Венс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД


Вашингтон – Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека секој план за запирање на војната на Русија во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет и да биде прифатлив за двете страни. Во исто време, Венс рече дека е „фантазија“ да се помисли дека Украина може да победи ако САД му дадат на Киев повеќе […]

Концерт на Фолтин вечерва во Филхармонија


Македонската група Фолтин, која годинава одбележува јубилејни 30 години постоење вечерва во 20 часот во салата на Македонска Филхармонија ќе одржи концерт, во организација на МГ Мјузик Продукција. Фолтин е основана во 1995 година во Битола и има десетина студиски изданија, како и потпишува музика на триесетина театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени”, […]

Милиќевиќ со изложба „Емпатија на светлина“ во Галерија Рудиќ


Во Галерија Рудиќ вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Емпатија во светлина“ на фотографот Милорад Милиќевиќ. Како што соопштуваат од галеријата, портретите на Милиќевиќ не се студиски аранжирани кадри, туку сведоштва за луѓе вкоренети во својот простор, време и културна традиција на која ѝ припаѓаат. -Милиќевиќ не документира само лица – тој бележи […]

Викендов облачно со дожд, од недела снег на планините и пад на температурите


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота , 22 ноември 2025 година, 326-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 39 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее […]

„На Виткоф му е потребен психијатар“: Европејците се бесни поради планот на Трамп


  Дипломатите и функционерите реагираат со негодување на новите детали од мировниот план на САД, предупредувајќи дека тоа би можело да им ги уништи напорите да ѝ помогнат на Украина да ја преживее војната. Доналд Трамп фрли француски клуч во еден од најчувствителните преговори што моментално се водат во Европа, потенцијално попречувајќи ги напорите за […]

Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека бил дел од „снајперското сафари“ во Сараево


  Српскиот претседател Александар Вучиќ во четврток ги отфрли обвинувањата што го поврзуваат со таканареченото снајперски сафари за време на опсадата на Сараево во 1990-те, нарекувајќи ги тврдењата „лаги“ насочени кон негово прикажување како „чудовиште“ и „ладнокрвен убиец“. „Никогаш не сум убил никого, никогаш не сум ранил никого, ниту сум направил нешто такво“, изјави Вучиќ […]

Еден од лидерите на партијата на Фараж осуден за примање мито од Русија


  Поранешниот лидер на Реформ на УК во Велс, Натан Гил, е осуден на 10 и пол години затвор за примање мито за давање изјави во корист на Русија кога бил европратеник. Гил, клучен член на партиските групи УКИП и Брегзит предводени од Најџел Фараж во Европскиот парламент, се изјасни за виновен по осум точки […]

Путин ги обвини Европа и Украина дека се против планот на Трамп


  Украина и европските земји не сакаат да го прифатат мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи сè уште се надеваат дека ќе ѝ нанесат „стратешки пораз“ на Русија. Владимир Путин го изјави ова на состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија. Тој потсети дека по неодамнешните контакти со американската […]

Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“


Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на […]

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар


Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, […]

Недела за грижа на старите лица: Прилепскиот дом за стари лица е со полн капацитет


Прилепскиот дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ со 150 места е со полн капацитет и се бара место за сместување од целата земја. Домот е со осовремени  услуги и се инвестира, беше речено на денешната пригодна свеченост во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп по повод Неделата на грижа за лицата од третото […]

Поплави во Ресенско, над 50 куќи и земјоделски површини под вода по излевањето на реките


Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија  ЈКП „Пролетер“ и „Македонија пат“, како и […]

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 […]

Премиер лигата воведе ограничување на трошоците од следната сезона


Клубовите од Премиер лигата се согласија денеска да воведат ограничувања на трошоците од следната сезона. Трошоците на клубовите за трансфери и плати ќе бидат ограничени на 85 проценти од нивните фудбалски приходи и нето добивка или загуба од продажбата на играчи. Исто така, ќе има дополнителни 30 проценти, но доколку клубовите го надминат тоа ограничување […]

Претседателот на Боливија го укина Министерството за правда


Боливискиот претседател Родриго Паз Переира го укина Министерството за правда, откако првично објави замена на неговиот шеф бидејќи беше откриено дека тој сокрил кривична пресуда. Паз Переира го повтори своето предизборно ветување дека ќе го укине Министерството пред новинарите, тврдејќи дека левицата, која беше на власт 20 години до неговата инаугурација на 8 ноември, го […]