Русите го нападнаа регионот Запорожје. 60 илјади луѓе без електрична енергија


Снабдувањето со електрична енергија за околу 60.000 луѓе е прекинато по рускиот напад во текот на ноќта врз украинскиот регион Запорожје, во кој две лица беа ранети, а зградите беа уништени, објави регионалниот гувернер. Како што се приближува зимата, Русија ги засилува нападите со ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура за да предизвика прекини […]

Украинците нападнаа голем нафтен терминал на Црно Море (видео)


Украинските војници доцна синоќа нападнаа товарен док на нафтен терминал и танкер за нафта во рускиот регион Краснодар, објавија руските канали на Телеграм. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажаа голем пожар на терминалот на Црното Море. Руските канали на Телеграм, повикувајќи се на извештаи од жители, соопштија дека најмалку три пожари биле забележани […]

Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово денеска нема гласање – нови избори во рок од 60 дена


Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска нема да има гласање. Причината е недоволниот одзив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025. Според Државната изборна комисија (ДИК), во овие […]

Напад со нож во воз во Англија, девет лица се борат за живот: „Повредените бегаа низ вагоните“


Девет лица претрпеа повреди опасни по живот по серијата убоди во воз во близина на Кембриџ во источна Англија. Двајца мажи се уапсени во она што британскиот премиер Кир Стармер го нарече „страшен инцидент“. Британската полиција соопшти дека одделот за борба против тероризмот ја поддржува истрагата додека работи на утврдување на сите околности и мотив […]

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари


 За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари, соопшти  Државната изборна комисија.  Според податоците од веб – страната на ДИК, најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 685.  Пред првиот круг на изборите за […]

Синер противник на Оже – Алијасим во финалето во Париз


Италијанецот Јаник Синер и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим ќе играат во финале на тенискиот АТП турнир од серијата Мастерс 1000 во Париз. Синер обезбеди место во финалето, откако вчера во второто полуфинале без поголеми проблеми го совлада Германецот Александар Зверев од Германија со 6-0, 6-1, кој одлучи да игра и покрај проблемите со глуждот. За 24-годишниот […]

Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари избираат градоначалници во втор круг


Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 денеска избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници […]

Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје


Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Нема да се гласа за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори […]

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори


– Во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата.  Се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје. […]

Претпладне магливо, попладне сончево


Времето денеска претпладне ќе биде магливо во некои котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови од […]

Републиканците на Трамп во раскол поради антисемитизмот


  Додека републиканците ги обвинуваат демократите за толерирање на антисемитизмот во нивната партија, Републиканската партија во петокот беше потресена од сопствениот раскол откако лидерот на моќен десничарски тинк-тенк го бранеше истакнатиот конзервативен коментатор Такер Карлсон за неговото пријателско интервју во поткаст со екстремно десничарски активист познат по неговите антисемитски ставови. Коментарите од Кевин Робертс, претседател […]

Мајката на починат млад човек во Нови Сад донесе тешка одлука: „Морам да го направам тоа, тоа е моја обврска“


Дијана Хрка, мајката на Стефан, млад човек кој загина при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, зборуваше на комеморативниот состанок одржан на годишнината од трагедијата во која загинаа 16 граѓани. Во кратко обраќање, таа рече дека ќе ја продолжи борбата за правда и најави дека ќе започне штрајк со глад преку патот […]

Меѓу популистичките баталјони


Андраш Пап е професор по уставно право во Центарот за социјални студии во Будимпешта. Во еден подолг текст за Verfassungsblog, глобален форум за научна дебата за соочувањето на академијата и општеството, тој пишува како унгарските популисти и режимот на Виктор Орбан ги поткопуваа академските слободи за потоа да можат да го контролираат и општеството. Пап […]

Тонкин и Кешќец наградени за Мал формат и МиниАРТура, „Вангел Коџоман“ за Смилков и „Константин Мазнев-Коце“ за Чепишева


На вчерашното отворање на иложбите Мал формат и МиниАРТура во Културно информативниот центар во Скопје, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги додели наградите на уметниците кои се изразуваат преку овие ликовни формати.   УметничкиотсСовет на ДЛУМ оваа година ги награди авторите Ненад Тонкин за Мал формат, и Давор Кешќец за МиниАРТура.   Воедно Културно […]

Сочувство на ЕУ за жртвите во Нови Сад, само Унгарија не го поддржа


  По повод првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која 16 лица ги загубија животите, Делегацијата на Европската унија во Србија издаде соопштение во кое изразува сочувство и солидарност. Соопштението беше поддржано од амбасадите на сите земји-членки на ЕУ во Србија, освен Унгарија, пишува Н1. Во соопштението објавено […]

Капиталните инвестиции и годинава мали, догодина ќе бидат уште помали


  За десет месеци од годинава, капиталните расходи од Буџетот не се реализирани ниту половина од предвидените, односно заклучно со 30 октомври, за кога се последните податоци на интернет страницата на Министерството за финансии, потрошени се 21,5 милијарди денари (околу 350 милиони евра) или само 45,47 отсто од предвиденото за годинава. Со ребалансот на Буџетот, […]

Триумф на Тамара Котевска во Чикаго со „Приказната за Силјан“


Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ триумфираше на 60. издание на Chicago International Film Festival, освојувајќи ја престижната Silver Hugo Award за најдобар документарен филм. Филмот на Котевска веќе засилено го оди својот фестивалски пат, како дел од американска турнеја. Котевска учествуваше и на програмата Docs to Watch, престижна селекција на The Hollywood reporter, во […]

Во срцето на Русија Украинците уништија клучен нафтовод


  На 31 октомври, Украинската главна разузнавачка дирекција на Министерството за одбрана (ХУР) спроведе, како што објавија украинските медиуми, специјална операција на територијата на Русија за време на која, според нивните тврдења, нафтоводот „Колцевој“ бил онеспособен во округот Рамен во Московската област. ХУР наведува дека експлозијата истовремено оштетила три линии што транспортираат бензин, дизел и […]

Украина испратила војници да го исчистат Покровск од руски трупи


  Според извештаите, украинската воена разузнавачка агенција (ХУР) започнала специјална операција во Покровск во која учествуваат воздушно-десантни единици под команда на шефот на ХУР, Кирило Буданов. Ројтерс објави на 31 октомври дека нападот започнал претходно оваа недела, кога украинските специјални сили слетале од хеликоптер „Блек хок“ во области компромитирани од активностите на руските дронови. Видеото […]

Илјадници и илјадници луѓе денеска на комеморацијата во Нови Сад


  Денес во Нови Сад, студентите во блокадата организираат комеморативен состанок за 16-те жртви кои загинаа точно пред една година кога падна настрешницата на зградата на железничката станица во овој град. Едно лице преживеа, но со сериозни повреди. Денес во Србија беше прогласен ден на жалост, а поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, ја […]