Што вети Орце Ѓорѓиевски пред скопјани, освен чистење на отпадот


  Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје, па сега треба да почне со остварување на предизборните ветувања. Тој досега беше  градоначалник на Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), функција која веројатно и понатаму ќе ја задржи, како градоначалник на Скопје. За победата во Скопје уште синоќа рече […]

„Пајакот“ крена 136 непрописно паркирани возила во Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период […]

Новиот бисер на Египет – внатре во долгоочекуваниот Голем египетски музеј (фото + видео)


Каиро – Долгоочекуваното официјално отворање на Големиот египетски музеј (ГЕМ) во Гиза се случи викендов со учество на високи делегации од 79 земји, од кои 39 беа предводени од кралеви, принцови, шефови на држави и шефови на влади. „Порака за мир“  беше насловен волшебниот спектакл што го одбележа отворањето на ГЕМ со музика од композиторот […]

Актерите во Белград развеаја транспарент со името на мајката чиј син загина при уривањето на настрешницата


Во Белград, во театарот „Теразије“, по претставата „Балкан експрес“, актерите развеаја транспарент со името на Дијана Хрка, чиј син загина при уривањето на железничкиот надвозник во Нови Сад. По завршувањето на претставата, актерите се поклонија пред публиката со транспарент со името на Дијана Хрка, а публиката одговори со громогласен аплауз. Имено, Дијана Хрка, мајката на […]

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат […]

Кики Мукаетова ја освојува поп-сцената со песната „Loop“


Тинејџерката Кики Мукаетова , на пошироката јавност позната по улогата на Кики во серијалот „Дајте музика“, по учеството на Јуниорскиот Евросонг 2021 , ТВ емисијата за Скопје,  „Низ град“, и како бренд амбасадор на италијанскиот накит „Ребека“, повторно го привлекува вниманието на публиката со својот најнов сингл „Loop“, објавен на 31 октомври 2025 година. Зад […]

Во септември пад на стапката кај кредитите, раст кај депозитите


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември бележи годишен пад од 0,56 процентни поени. Според податоците на Народната банка, во септември таа изнесува 4,85 проценти.  Од друга страна, се бележи раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,19 процентни поени. Просечната каматна стапка изнесува 2,20 проценти. 

Филип Николоски во „Бизнис-клуб“: Реформата на јавната администрација ќе придонесе за ефикасно функционирање на државата


„За да тргнеме напред, прво треба да ја лоцираме суштината на проблемот. Ние тоа го правиме, но кога ќе дојде моментот на решавање на проблемот, тука застануваме. Затоа ние не го решаваме проблемот, туку ги санираме последиците. Второ, треба да се создадат услови за професионални институции, со намалување на бројот на луѓе во државната администрација, […]

Пост-вистината е предфашизам


Се покорувате на тиранијата кога се откажувате од разликата помеѓу она што сакате да го чуете и она што всушност е случај. Ова откажување од реалноста може да се чувствува природно и пријатно, но резултатот е вашата пропаст како индивидуа Американскиот историчар Тимоти Снајдер во 2017 година објави една куса книга „За тиранијата“ во која […]

Актерката од „Чарлиевите ангели“ е феномен во Холивуд – наполни 80 години, а изгледа како да има 40 


Џеклин Смит слави голем успех. Иконската актерка го прослави својот 80-ти роденден минатиот викенд, а обожавателите беа импресионирани од нејзината безвременска убавина и младоликост.     За роденденот, излезе на црвениот тепих за да им се придружи на пријателките Морган Ферчајлд, Дона Милс и Алана Стјуарт во чест на нивната покојна пријателка, Фара Фосет, која […]

Преживеаниот од несреќата на „Ер Индија“ во која загинаа 241 лице: „Не разговарам со никого“


Единствениот преживеан од авионската несреќа на „Ер Индија“ во која загинаа 241 лице изјави дека се чувствува како „најсреќниот човек на светот“, но е во силна физичка и ментална болка. Вишвашкумар Рамеш, од кого се појавија неверојатни снимки како се оддалечува од местото на несреќата на летот до Лондон во Ахмедабад, го опиша своето преживување […]

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица


Дваесет и едногодишно момче од Куманово со мотоцикл излетал од патот и починал, соопшти денеска СВР Куманово.  -Вчера во во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управан од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираше […]

Бугарија во страв од недостиг на гориво – бара отстапка од САД кон „Лукоил“


Бугарија размислува да побара ослободување од новите американски санкции против најголемата приватна нафтена компанија во Русија, стравувајќи дека мерките би можеле да предизвикаат сериозен недостиг на гориво и популистичко востание низ целата земја, објавува Политико. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела објави санкции против два од најголемите руски производители на нафта, „Роснефт“ и „Лукоил“, […]

Џенифер Анистон ја потврди врската со романтична објава на Инстаграм


Џенифер Анистон ја подигна својата врска со момчето Џим Кертис, хипнотерапевт,  на следно ниво. Популарната 56-годишна актерка и извршен продуцент на „Утринското шоу“ ја објави нивната прва заедничка фотографија на својот Инстаграм профил во неделата вечерта, посакувајќи му среќен роденден. „Среќен роденден, љубов моја“, напиша Анистон покрај романтична црно-бела фотографија на која го прегрнува својот […]

Филипче најави кадровски промени во СДСМ по изборите


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во партијата. Тој истакна дека изборните резултати се јасен патоказ за насоката во која треба да се движи СДСМ, како и за неговото лидерство. – Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како […]

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан


 Во земјотресот што синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, а 320 се повредени, соопшти тамошното Министерство за здравство, објавувајќи нов биланс на жртви. – Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е […]

Форест Лоџ во Виндзор е новиот дом на Вилијам, Кејт и децата


  Лондон – Кејт Мидлтон и принцот Вилијам официјално се вселија. Принцот и принцезата од Велс, двајцата на 43 години, се преселија во Форест Лоџ во Виндзор со своите три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис – според „Телеграф“. Медиумот известува дека семејството се преселило за време на полугодишниот одмор и сега […]

Собранието треба да констатира престанок на мандатите на пратениците Мицевски, Стаменкоска Трајкоска и Проданоски


До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и […]

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, „Вреди“ 9, СДСМ 6, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати


Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата „Вреди“ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден […]

Барселона бара намалување на платата за Рашфорд во замена за траен договор


Барселона продолжува со преговорите за потпишување на позајмица со напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, со траен договор. Според „Диарио Спорт“, шпанскиот клуб би сакал 28-годишниот Англичанец да се согласи на намалување на платата, моментално околу 370.000 евра неделно. Во замена, ќе му понудат долгорочен договор. Договорот за позајмица важи до 30 јуни 2026 година.  […]