Почина работникот кој 11 часа беше заробен под урнатините на средновековна кула во Рим


Работникот заробен под урнатините откако дел од Торе деи Конти се урна во центарот на Рим почина во болницата „Умберто I“, соопштија здравствени извори утрово. Се работи за Октај Стројичи, кој бил затрупан околу 11 часа пред пожарникарите да го извлечат од урнатините, објави Анса. Неговата состојба била опишана како „екстремно сериозна“ – тој доживеал […]

„Ифигенија за ништо“ на Драмски на фестивалот „Стоби 2025“


Вечерва во рамките на 22. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025“ гостува Драмски театар Скопје со „Ифигенија за ништо“. Претставата ќе се игра на големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес во 20 часот. Годинашното издание на ИФАД „Стоби 2025“ започна на 29 октомври и по затварањето на фестивалската програма […]

Во РС потврден случај на тифус кај студентка од Индија


Институтот за јавно здравје во Република Српска потврди случај на тифус во Фоча. Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред еден месец се вратила на настава во Фоча, со веќе […]

Се разгледуваат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце


По повеќе од два месеци нема епилог во врска со наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи кои ги испитува интерната комисија во Министерството за здравство. Досега се пристигнати околу 25 претставки, останува да се разгледаат уште седум или осум. Од интерната комисија формирана по наводите беше најавено дека ќе бидат […]

Љутков учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, Узбекистан


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од  30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.  Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, […]

Густ црн чад крај Загреб – горат автомобилски гуми


Голем пожар избувна во магацинот за гуми на компанијата „Пневматик“ во Света Недела крај Загреб, денеска околу 11 часот, а голем облак од црн чад што може да се види од голема далечина. Пожарот избувна на улицата „Д-р Фрањо Туѓман“. Пожарот го гаснат пожарникари од Света Недела, а  поради обемот на пожарот, повикани се и […]

Црвениот килим на американската мода: А$AP Роки е модна икона во 2025 (фото)


Њујорк — Модната моќна двојка А$AP Роки и Ријана имаат уште една награда за модна икона што треба да ја понесат дома откако Роки синоќа беше награден со наградата на Советот на модни дизајнери на Америка (ЦФДА). Модните миленици позираа на тепихот на ЦФДА заедно облечени во дизајнерски изгледи од Шанел и Алаја во Американскиот […]

Божиновска ќе учествува на енергетскиот форум во Атина, ја поканил американскиот секретар за енергетика


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по официјална покана од секретарот за енергетика на Соединетите Американски Држави, Крис Рајт, ќе учествува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција. Настанот го организира Владата на САД во соработка со грчкото Министерство за енергетика, и претставува една […]

Какво соломонско решение очекува Сиљановска?


  Интервјуто на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „360 степени“ на МРТ буди потреба од промптна реакција, не само заради искуствата од три и пол децениското макотрпно етаблирање на земјата како самостоен, суверен меѓународен фактор, туку и како потреба од исчекор во и од нашата инертна политичка практика. Самата изговорена референца на претседателката дека очекува […]

(Во живо) Презентација на Пакетот за проширување за 2025 година од Марта Кос


Проследете ја редовната седница на Комитетот за надворешни работи Презентација на Пакетот за проширување за 2025 година од Марта Кос, комесар за проширување (на англиски јазик, а во делот на преводи, достапни се и други јазици: хрватски, бугарски…. заб,) Видео на следниот ЛИНК

Судењето на поранешниот директор и неколкумина вработени во Истражниот затвор во Шутка одложено за 12 ноември


Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, кои се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби се одложува за 12 ноември.  Рочиштето, како што информираат од Судот, е отповикано по добиено известување од јавниот обвинител дека не може да присуствува поради […]

Што ни кажува цената на златото?


Имав забележително контрадикторни ставови за зачудувачкиот пораст на цените на златото оваа година, особено по неодамнешниот остар пресврт. Од една страна, не би ме изненадило ако падот се покаже како почеток на крајот на растот. Од друга страна, сочувствувам со оние што го имаат спротивното мислење: повлекувањето е само кратка корекција на она што останува […]

Возач на ЈСП нагло закочил – повредено 12-годишно дете


Во понеделникот, во 19 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од с.Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возеле во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. […]

Дури и затвореници си тргуваат со туѓи платежни карички


Во два одвоени случаи полицијата констатирала неовластено тргување со тужи картички. Имено, СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување […]

По подолго време, Хрватска во демографски плус


 По долго време, Хрватска е во демографски плус – Централниот завод за статистика објави дека од јуни до септември годинава се родени околу 650 деца повеќе во споредба со истиот период минатата година. Демографски предизвици, стареење на населението, но и како да се обезбедат алатки за донесување одлуки што ќе ја ревитализираат демографијата – ова […]

Вработените од „Паркови и зеленило“ добиле ветување дека денеска ќе им биде исплатена септемвриската плата


Вработените од „Паркови и зеленило“ очекуваат во текот на денот да ја добијат септемвриската плата и здравствено осигурување. Вакво уверување добиле од директорот на претпријатието. Претседателот на Гранковниот синдикат на државна администрација Горан Ристески вели дека оствариле средба со директорот на која им било кажано дека се очекува да бидат префрлени пари од Град Скопје […]

Дик Чејни, поранешниот потпретседател на САД, почина на 84 години


  Дик Чејни, најмоќниот современ американски потпретседател и главен архитект на „војната против теророт“, кој помогна САД да влезе во несреќната војна во Ирак врз основа на погрешни претпоставки, почина, според соопштението од неговото семејство. Тој имаше 84 години. 46. потпретседател, кој служеше заедно со републиканскиот претседател Џорџ В. Буш во два мандата помеѓу 2001 […]

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава


Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава ќе го достигне својот полн обем околу 14:00 часот. Супермесечината се јавува затоа што Месечината не орбитира околу Земјата во совршено кружна орбита, […]

Македонскиот КИЦ во Загреб востановува Фестивал на современа македонска книжевност


Од 5 ноември во 7 ноември 2025 година, во Македонскиот КИЦ во Загреб, Хрватска, ќе се одржи првото издание на Фестивалот на современата македонска книжевност. Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на својата Годишна програма, а во соработка со реномираната македонска издавачка куќа ,,Македоника литера“ од Скопје, од оваа година востановува книжевен фестивал кој треба […]

Гаши се сретна со поранешни претседатели на Собранието, Џафери го немаше


  Спикерот на македонскиот парламент денеска објави дека 21 октомври се сретнал со поранешни претседатели на Собранието Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски. Во соопштението се вели дека поканети биле досегашните претседатели на Собранието. Претходниот претседател, Талат Џафери, не дошол. Гаши им се заблагодарил на неговите колеги по функција, а и тие […]