И Меџити работел за „српскиот свет“ , ДУИ тврди дека имал средба со Вулин


Дали во февруари 2025 година во кабинетот на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а во присуство на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, се одржала средба меѓу првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и поранешниот српски вицепремиер Александар Вулин, прашуваат денеска од Демократската унија за […]

Пратениците закажаа седница, ќе бараат да влезат во АНБ


Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) утре претпладне ќе одржи седница. Седницата ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши откако Агенцијата за национална безбедност и премиерот Христијан Мицкоски обвинија дека тој за време на претходната власт бил прислушуван и следен, а бившото раководство […]

Дваесет и шест земји се подготвени да испратат воени трупи во Украина


Дваесет и шест земји се подготвени да испратат копнени, воздушни и поморски трупи во Украина, како дел од безбедносните гаранции во случај на мировен договор со Русија, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз.Тој не прецизира кои земји се подготвени да распоредат војници во Украина, иако засега […]

Рама ги нарече „најголеми загадувачи на плажите“ туристите Албанци од Македонија, Косово и Албанија


Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази критики кон туристите Албанци од Албанија, Косово и Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“ на плажите, иако се претставуваат како најпатриотски. Рама истакна дека не туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние кои зборуваат албански – „кои сакаат да одат во војна“ со Србија на стадионите – се […]

Трамп побарал европските лидери да извршат притисок врз Кина и да не купуваат руска нафта


Американскиот претседател Доналд Трамп, во денешниот телефонски разговор со лидерите на земјите од Коалицијата на подготвените, побарал од европските држави да извршат економски притисок врз Кина поради нејзината поддршка за Москва и да не купуваат руска нафта, бидејќи тоа помага во финансирањето на војната во Украина, изјави неименуван американски претставник. Претходно, украинскиот претседател Володимир коментирајќи […]

Туск: Полска нема да испрати војници во Украина


Премиерот на Полска, Доналд Туск, по денешниот Самит на Коалицијата на подготвените, изјави дека Варшава не планира да испрати трупи во Украина. – Веќе многу пати нагласив дека не предвидувам испраќање трупи во Украина, дури ни по завршување на војната, наведе Туск. Тој потенцира дека е доволно тоа што Полска е најголем центар од каде […]

Џорџо Армани откри за што “единствено жали“ во животот во последното интервју пред неговата смрт


Последното интервју на Џорџо Армани вклучуваше длабоко откритие. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено во петок, 29 август, само неколку дена пред неговата смрт на 91 година, тој размислуваше за за што “единствено жали“ во животот. Интервјуто го даде од својот дом во Сен Тропе, каде што сè уште се „рехабилитираше“ од непознатата состојба што […]

Од ЦЕРН до американски притвор: Како светски познат турски научник заврши зад решетки?


Турскиот физичар Фуркан Долек, кој беше исчезнат повеќе од една недела, се наоѓа во притворниот центар на американската имиграциска служба (ICE) во државата Њујорк, потврдија турските дипломатски институции по неколкудневна потрага на неговото семејство. Според медиумите, Долек бил уапсен за време на протестниот марш кон Канада, кој го започнал откако му била отфрлена американската истражувачка […]

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одговори на поканата на рускиот колега Владимир Путин мировните разговори да се одржат во Москва. – Нашите американски партнери ми кажаа дека Путин ме поканил во Москва и верувам дека со тоа тој всушност сака да избегне средба, истакна Зеленски на прес-конференција по Самитот на Коалицијата на подготвените во […]

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда


Вашингтон – Вашингтон денеска поднесе тужба против администрацијата на Доналд Трамп поради распоредувањето на Националната гарда во главниот град на САД. Тужбата, поднесена во федералниот суд, бара од судот да издаде наредба со која се забранува распоредувањето на Националната гарда, со образложение дека одлуката е неуставна и крши неколку федерални закони. – Вооружени војници не треба […]

ЕК не ги коментира противречните изјави од Софија околу инцидентот со авионот на Фон дер Лајен


Брисел – Бугарската контрола на воздушниот сообраќај потврди дека имало радио пречки на авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во неделата пристигна во Пловдив, изјави денеска заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста.  Изјавата на Подеста претставуваше одговор на новинарско прашање за коментар на Европската комисија на изјава на бугарскиот заменик-премиер […]

Вработени во „Национални Шуми“ си присвоиле огревно дрво вредно над 170.000 евра


Шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, добија кривични пријави заради несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи нанеле штета на буџетот на претпријатието од над 170.000 евра. Како што информира Министерството за внатрешни работи, СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) […]

Судија пресуди дека администрацијата на Трамп незаконски го прекинале финансирањето на Харвард


Универзитетот Харвард извојува клучна правна победа во судирот со администрацијата на Трамп, кога федерален судија изјави дека владата го прекршила законот со замрзнување на милијарди долари од истражувачки фондови во име на сузбивање на антисемитизмот, пренесува Њујорк Тајмс. Пресудата можеби не е последен збор за ова прашање, но одлуката на судијката Алисон Д. Бароуз од Окружниот […]

Ослободете се од пчелите во вашиот двор со овие ефикасни трикови


Инсектите како пчели, стршлени и разни бубачки можат да бидат многу досадни, но и опасни ако ве каснат. Затоа е важно да пронајдете ефикасни и безбедни решенија за нивно одбивање и отстранување. Еден од практичните начини да се ослободите од пчели и стршлени е да користите стапица направена од стаклена тегла. Издупчете неколку дупки на […]

Мелони: Италија нема да испрати војници во Украина


Италија нема да испрати војници во Украина за да го набљудуваат евентуалниот мировен договор со Русија, изјави денеска премиерката Џорџија Мелони на Самитот на Коалицијата на подготвените, што се одржа во Елисејската палата. Таа нагласи дека Италија нема да испрати војници во Украина, но е подготвена да го поддржи евентуалниот прекин на огнот преку иницијативи […]

Колкаво богатство остави Армани и кој ќе ги наследи неговите милијарди?


Милано – Визионерот и дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст, потврди Армани Групацијата во соопштение. „Со бескрајна тага, Армани Групацијата ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“, соопшти модната куќа со седиште во Милано. На Армани му се припишува промената на „лицето“ и „обликот’ на модната индустрија. Тој […]

Со воведни зборови на Обвинителството започна судењето против криминалната група Беланоца-Барон


Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во судницата на затворот Идризово се одржа судското рочиште против деветмината водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон, обвинети за повеќе убиства, изнуди и загрозување на општата сигурност во периодот од 2020 до 2024 година. Како што беше посочено од страна на јавната обвинителка, обвинетите во рамки на злосторничко […]

Русија протера естонски дипломат


 Русија денеска протера естонски дипломат, како реципрочна мерка за протерувањето на руски дипломат од Талин, обвинет поради „мешање“ во внатрешните работи. – Ниту една непријателска акција на Tалин нема да остане без одговор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Естонија на 13 август протера еден руски дипломат поради „директно и активно“ мешање во загрозување на […]

СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8 отсто, реалниот раст на БДП е минус 1,4 отсто


СДСМ денеска преку соопштение тврди дека со инфлација од 4,8 отсто повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од минус 1.4 отсто, а граѓаните тонат во сиромаштија. „Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста“, велат од СДСМ, додавајќи дека граѓаните […]

Отворена изложбата „Наследството на светлината“ посветена на Дичо Зограф во Скопје


Во галеријата на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје е отворена тематската изложба „Наследството на светлината“, посветена на делото на македонскиот зограф од 19 век, Дичо Зограф.  Изложбата претставува внимателен избор на висококвалитетни фотографии од најзначајните икони на Зограф, кои ја откриваат нивната историја, симболика и културно значење, а како што информираат организаторите, целта на […]