Евробаскет 2025: Германија остана без селекторот


Многу репрезентации за време на шампионатите најчесто имаат проблем со повреди на играчите, но германската кошаркарска репрезентација на Евробаскет 2025 има здравствени проблеми со селекторот. Шпанецот Алекс Мумбру имаше проблеми пред почетокот на првенството кога беше примен во болница. Репрезентацијата во тој период додека Германија играше во финскиот град Тампере ја водеше еден од неговите […]

Непал ги блокира Фејсбук, Инстаграм, X… Избувнаа големи немири, многу мртви


Непалската полиција употреби солзавец и гумени куршуми за да растера група млади демонстранти кои денес се обидоа да влезат во зградата на парламентот за да протестираат против блокирањето на социјалните медиуми и наводната корупција во владата, соопштија очевидци и власти. Најмалку 14 лица беа убиени, а десетици повредени во насилните протести, објави државната телевизија, пренесува […]

ФТ: Кина повторно го отвора пазарот на обврзници за руските енергетски компании


Кина повторно ќе го отвори својот пазар на обврзници за водечките руски енергетски компании, што претставува нов степен на зближување меѓу двете земји во економска и политичка смисла, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ). На состанок кон крајот на август во Гуангжу, кинеските регулатори им порачале на руските енергетски претставници дека ќе го поддржат издавањето т.н. „панда […]

Студентите повторно на улица: Голем протест „Индексот е посилен од палката“ започнува во Белград


Студентите на блокадата денес организираат голем протест во Белград. Собирот започна пред зградата на Владата на Србија во 14 часот, а потоа студентите ќе се упатат кон Палатата на правдата. Студентите на блокадата најавија нов голем протест во Белград за денес поради полициската репресија во Нови Сад. Студентите објавија илустрација од планот на протестот на […]

Вечерва завршува AERO Street Food Festival


По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival. Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои […]

Во пожарот кај Раштак изгореа помошни простории за чување живина и алат


Во неделата, во 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и др., сопственост на Н.М.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата […]

Едноипол годишно дете од Радовиш заврши во болница, откако испило таблета


Вчера, во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна на неговиот татко, околу 17 часот во семејната куќа најверојатно испило таблета. Детето е пренесено во Клиничката болница Штип и укажана му е медицинска помош.

Увид во опожарената фабрика „Макпрогрес-Винчини“ – дел од магацините уште имаат жаришта


Јавен обвинител од Кочани извршува увид по големиот пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, при што дел од магацините и натаму имаат жаришта. Обезбедени се видео снимки и е повикан е вештак-електроинженер за дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека увидните дејствија ќе продолжат и во наредните денови. За заштита на плинската станица, која не беше […]

Лавров: Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси, вклучувајќи го производството на течен природен гас, соработката на Арктикот, како и во Вселената. Обраќајќи се пред студенти и наставници на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), Лавров рече дека Русија сака порамноправна соработка со […]

Честитка од Кос за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ


Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.  – Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат, наведе Кос во честитката.  Претходно, честитки по повод, како што наведе, Националниот ден, упати […]

Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја


Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови таблици во боја. Одлуката ја донесе Владата, на крајот на јули, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. За утре е закажана прес-конференција, […]

НАСА објави неверојатна нова слика од телескопот Џејмс Веб


Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА повторно ги надмина сите очекувања. НАСА вчера објави спектакуларна слика од илјадници млади ѕвезди кои светат силно. Тоа е поглед од блискиот „ѕвезден расадник“ на 5.500 светлосни години од Земјата. Покрај младите ѕвезди со различни големини и бои, фотографијата открива облак од прашина и гас во кој се раѓаат […]

Кој ќе го освои Евробаскетот? Еве кого обложувалниците го сметаат за фаворит


Рига – Пo осминафиналните натпревари на Евробаскетот, четвртфиналните натпревари ќе се играат во вторник и среда. Натпреварот помеѓу Турција и Полска ќе ја отвори финалната фаза од натпреварувањето. Во осминафиналето видовме две изненадувања. Финска ја шокираше Србија и ја елиминираше од турнирот. Тоа беше едно од најголемите изненадувања во историјата на Евробаскетот. Грузија ја елиминираше […]

Лондонското метро во штрајк, градот во сообраќаен хаос


Метро мрежата во Лондон беше затворена во понеделник, бидејќи работниците започнаа штрајк барајќи повисоки плати и подобри услови за работа, предизвикувајќи значителни нарушувања за жителите и туристите во британскиот главен град. Речиси ниту еден воз од лондонското метро не е предвиден да сообраќа од понеделник до четврток. Лесната железница Докландс, која ги поврзува финансиските центри […]

 Д-р Алек Савески носител на победничката листа за Центар, заеднички ќе испишеме убава приказна


Д-р Александар Савески ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Општина Центар на претстојните локални избори. Савески ја прифатил понудата на кандидатот за иден градоначалник, а воедно и актуелен градоначалник на Центар, Горан Герасимовски. Двајцата веќе работат на креирање победничка листа која ќе понуди решенија и конкретни политики за подобар и поквалитетен живот […]

Златото оваа година со поголем раст од биткоинот


Можеме да се каже дека инвеститорите потценуваат многу ризици за овогодишната ситуација на светските пазари, но тоа не е ништо ново. Во последните години индексите на берзите „срушија“ нови рекорди. Дека времињата се многу неизвесни, докажуваат и неодамнешните рекорди кај златото, каде што цената на унца од 31,1 грам веќе се искачи на речиси 3.600 […]

Балканскиот медиумски камион ја започнува својата турнеја


Балканскиот медиумски камион ја започнува својата турнеја низ 20 градови во шест земји од Западен Балкан: Косово, Босна и Хецеговина, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Србија, во периодот од септември до ноември 2025 година. Првата станица е Призрен во Косово, на 8 септември, па продолжува во Митровица на 9 септември, Пеќ на 10 септември, […]

Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард


Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот стандард на граѓаните. Порача дека пред нас стојат големи предизвици, но и големи можности и дека државата веќе прави чекори напред.  Оцени дека во изминатата година ипол поправени се многу работи, се отвораат нови работни […]

Германија повеќе не е на врвот по барања за азил, ниту Сиријците се најбројни


Германија повеќе не е земјата што прима најмногу барања за азил во Европската Унија, според најновите податоци објавени од Агенцијата за азил на ЕУ (EUAA) во понеделник, објавува Euronews. До крајот на јуни 2025 година, Франција со 78.000 и Шпанија со 77.000 барања ја престигнаа Германија, која имаше регистрирано 70.000 барања и беше главна дестинација […]

Атанасовски: Со победа на Герасимовски, Центар ќе биде бастионот на опозицијата


Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски за Сител телевизија ги анализираше претстојните локални избори што треба да се одржат на 19 октомври. Во своето гостување, тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи во дел од скопските општини, со исклучок на Општина Центар кадешто повторно втор мандат би добил актуелниот градоначалник Горан Герасимовски. „Очекувам победа на Горан Герасимовски […]