Без вода дел од Аеродром


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-100мм, без вода од 08:00 часот се корисниците на ул. „Пандил Шишков“ во населба Аеродром, на високата зона од број 1 до бр.49, како и дел од корисниците на улиците „Вангел Тодоровски“, „Руди Чајавец“ и „Коста Новаковиќ“, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање […]

Скапите станови го менуваат пазарот за закупи


Во Скопје, Тетово, Штип и Битола се бележи пораст на цените за изнајмување на станови, особено во централните градски подрачја. Во некои делови на Скопје годинава цените пораснале за 10 до 15 проценти, информираат во изјава за МИА од Групацијата на агенции на недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија. Побарувачката за недвижности, како што […]

Дончиќ по поразот од Германија: Едноставно сум многу лут, можев да направам повеќе


Рига – Најголемата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, го коментираше поразот од Германија (91:99) синоќа во четвртфиналето на Евробаскетот. Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции. – Лут сум, едноставно сум навистина лут. Можев да направам повеќе во последната четвртина. Создадов шутеви за себе, можев да бидам подобар во одлучувачките […]

Десет раководители на турски медиумски холдинг уапсени при акција на обвинителството


Истанбул – Десет лица на раководни позиции во турскиот „Џан холдинг“, во чија сопственост се и водечките турски медиуми „Шоу ТВ“ („Show TV“), „Хабертурк“ („Habertürk“) и „Блумберг“ („Bloomberg“), беа уапсени при акција на турското Главно обвинителство во Истанбул, јави онлајн изданието „Хуриет“. Апсењата се по обвиненија за создавање организирана криминална група, измами и перење пари. […]

Катарскиот премиер: Нетанјаху „уби секаква надеж“ за заложниците во Газа


Доха – Обидот за атентат на водачите на Хамас во Катар од страна на Израел би можел да има сериозни последици за заложниците држени во Појасот Газа, предупреди вчера катарскиот премиер. -Мислам дека она што (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху го направи вчера, тој едноставно уби секаква надеж за тие заложници, изјави за американската телевизија Си-Ен-Ен премиерот […]

Денови на претстави од независна продукција во Драмски театар


Со претставата „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска, во Драмскиот театар во Скопје вечер започнуваат Деновите на претстави од независна продукција. До 20 септември на двете сцени на театарот ќе се играат претставите од независната продукција создадени во изминатите две години – „Слугинки“, „Криег“, „Folie a Deux“, „Лекција“, „Те чекам“, „Волкот на љубовта“, „Фетишист“, „Хинкеман“ […]

САД одобрија потенцијална продажба на ракети на Финска во вредност од над една милијарда долари


Вашингтон – Стејт департментот на САД соопшти дека ја одобрил можната продажба на ракети воздух-воздух во вредност од над една милијарда долари на Финска, пренесе ДПА. Во соопштението, Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на САД (DSCA) наведе дека „предложената продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД со подобрување […]

Без струја корисници во село Бањани


 Корисниците лоцирани кон манастирот „Свети Илија“ во село Бањани во општина Чучер Сандево денеска ќе немаат електрична енергија.  Центарот за управување со кризи, по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, соопшти дека струја ќе немаат од 9 до 15 часот. 

Бред Пит носи накит на Инес де Рамон во новата реклама за кафе


Бред Пит покажува суптилна поддршка за својата девојка, Инес де Рамон. Како лице на најновата глобална кампања на Де’Лонги, „Упатството за употреба на совршенството“, 61-годишниот Пит носи накит од брендот на де Рамон, Анита Ко, во краток филм режиран од добитникот на Оскар, Таика Ваитити. Упатството за употреба го преосмислува како шегаџиски водич за лесно […]

Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград – Приштина


Белград – Во Брисел денеска е планирано одржување нова рунда од дијалогот на Белград со Приштина.  Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, синоќа пристигна во Брисел. Претходната рунда дијалог се одржа на 10 јуни, по што главниот […]

Готвач со Мишелин ѕвезда од Литванија стана светски шампион во суши


Литванскиот готвач Аирис Запашникас, кој работи во Осло, стана првиот Литванец во историјата кој е крунисан за најдобар готвач на суши во светот. Во финалето на престижниот натпревар во Токио, тој победи 14 други врвни готвачи, потврдувајќи ги своите извонредни вештини во подготовката на овој јапонски деликатес, објавува Euronews. Запашникас, кој води ресторан со Мишелин […]

Цените на чоколадото во Европа нагло растат, еве каде ќе платите најмногу


Цената на чоколадото нагло порасна на глобално ниво во изминатата година, а главната причина лежи во лошата жетва во Гана и Брегот на Слоновата Коска, најголемите светски производители на какао, објавува Euronews. Кој е најпогоден во Европа? Податоците на Евростат покажуваат дека потрошувачите низ Европската Унија го почувствувале овој ценовен шок. Во мај, цените биле […]

Кој е филмот за кој се протестираше на Филмскиот фестивал во Торонто?


Торонто- Тензии ја одбележаа светската премиера на документарецот „The Road Between Us: The Ultimate Rescue “ на Филмскиот фестивал во Торонто, каде што во среда се судрија пропалестински и произраелски демонстранти. Надвор од салата „Рој Томсон“, околу сто полицајци мораа да постават барикади за да ги разделат двете групи кои се обидуваа да се засенат […]

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето


Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување. Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 […]

Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме


Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 11 септември 2025 година, 254-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 111 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 18 часот и 50 минути. Денов трае 12 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Германија последен полуфиналист на ЕП во кошарка


Рига – Германија е последниот полуфиналист на Евробаскетот откако Финска, Турција и Грција претходно го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри репрезентации. Актуелниот светски шампион обезбеди пласман во полуфиналето откако вечерва во Рига ја совлада Словенија од 99-91. Словенија го започна натпреварот подобро и на полувремето имаше +6 (51-45), а до крајот на третата четвртина […]

Карпош доби нова општинска зграда


Со свеченост,  вечерва беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош. Зградата која зафаќа вкупна површина од 4.500 м 2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како […]

На убиецот на Џон Ленон по 14. пат му е одбиено барањето за условен отпуст


  На човекот што го уби Џон Ленон пред зградата на поранешниот „Битлс“ на Менхетен во 1980 година му е одбиено барањето за условна слобода по 14. пат, според службениците на затворот во Њујорк. Марк Дејвид Чепмен, 70, се појави пред одборот за условна слобода на 27 август, а одлуката неодамна беше објавена онлајн од […]

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложба „Простори на конјукција“


Во рамките на празнувањето на Денот на независноста – 8 Септември, освен музичката програма со Скопскиот дувачки квинтет – денеска во Македонскиот културен центар во Белград беше отворена исклучително интересна изложба „Простори на конјукција“ – во соработка со Националната галерија на Македонија и Министерството за култура. Изложбата првично е претставена во Софија во август, сега […]