Албанија на брза лента кон ЕУ. на 16 септември ќе ја одржи следната меѓувладина конференција


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека на 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија. Во објава на Фејсбук тој оценува дека ова е „важен чекор за Албанија кон нејзиниот пат кон членство во Европската Унија”. Тој додаде дека на следната меѓувладина конференција со ЕУ  се очекува да бидат отворени 4 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со молкот на институциите за пожарот во Трубарево и неговиот повик граѓаните во овој дел на градот да останат дома и да не излегуваат. „Додека Венко Филипче преку социјалните мрежи наводно драматично ги повикуваше граѓаните на Трубарево и пошироко во Скопје да седат […]

Институтот за јавно здравје со општи препораки за заштита, никој не соопшти што точно гореше во Трубарево и колку е опасно


Институтот за јавно здравје попладнево излезе со општи препораки за заштита на населението во случаи кога постои опасност од загадување на воздухот. До сега ниту една инситуција во држата не излезе со конкретни информации што точно гореше во Трубарево и колку е тоа опасно по здравјето на луѓето, иако темниот облак од пожарот се рашири […]

Нетанјаху: Елиминирање на раководството на Хамас е клуч за запирање на војната


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека елиминирањето на лидерите на Хамас кои живеат во Катар би претставувало отстранување на главната пречка за ослободување на сите заложници и за запирање на војната во Појасот Газа, јави весникот „Јерусалем пост“. Нетанјаху потсети дека израелската армија претходно оваа недела изврши напад врз претставници на Хамас во катарската престолнина […]

Филипче побара институциите да излезат со информации за пожарот во Трубарево: Срамен е молкот


Претседателот на СДСМ, Д-р Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати јавна реакција за пожарот во фабрика за акумулатори во Трубарево и за потенцијалната опасност по здравјето на граѓаните.   „Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето […]

„Заспани“ сметки: Милијарди евра заборавени во германските банки


На сметки во германските банки се наоѓаат 4,2 милијарди евра кои официјално немаат сопственик. Станува збор за т.н. „заспани“ или „заборавени“ сметки, чиј сопственик починал без наследници или сметката не е евидентирана во документи. Професорот по економија на Универзитетот во Касел, Кристијан Клајн, објасни дека вакви средства можат да бидат и незаконски стекнати – од […]

Сто илјади демонстранти на протест во Лондон предводени од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон


Над 100.000 демонстранти учествуваа на денешниот протест во Лондон, организирано од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, соопшти лондонската полиција. Протестот, одржан под слоганот „Да го обединиме Кралството”, беше проследен и со контрапротест на движењето „Исправи се против расизмот”, со околу 5.000 учесници. Полицијата распореди над 1.000 службеници низ улиците на британската престолнина, воспоставувајќи тампон-зона меѓу двете […]

Експлозија во бар во Мадрид: 21 лице повредено, тројца во тешка состојба


Најмалку 21 лице е повредено, од кои тројца се во тешка состојба, во експлозија што денеска се случи во бар во Мадрид, објави шпанскиот весник „Мундо“. Експлозијата избувнала во 15:01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“ во населбата Пуенте де Валекас. При инцидентот е оштетена и станбена зграда над барот.. На местото на настанот […]

Дончиќ ја купи куќата на Шарапова за 25 милиони долари


 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ја купи куќата на поранешната светска тенисерка број еден, Марија Шарапова, во Менхетен Бич, објави „Basket Infos“. Дваесет и шестгодишниот Словенец платил 25 милиони долари за куќата. Претходно беше објавено дека Шарапова ја ставила куќата на продажба поради фактот што поголемиот дел од времето го поминува на друго […]

ДОМ: Пожарите во Трубарево, Вардариште и Дрисла се обид за убиство – време е за итни измени на Кривичниот законик


Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево, кој е уште еден доказ дека државата дозволува екоцид врз своите граѓани и граѓанки. Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите […]

Ова е хибриден напад врз државата: Стојанче Ангелов се сомнева дека пожарите се подменати (видео)


Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи […]

(Фото) Темниот облак од пожарот во Трубарево надвисна над Владата


Темниот облак од пожарот во Трубарево се рашири над главниот град Скопје. Ветерот го насочи кон запад, па облакот се надвисна и над зградата на Владата. Миризбата на изгорено се чувствува насекаде, велат скопјани. Засега нема официјални информации за тоа што гори, и дали облакот со себе носи опасни материи. Од Шанса за Центар преку […]

Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции


Министерството за здравство попладнево информираше дека ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево и оти неговите служби се подготвени за постапување согласно со нивните надлежности. -Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за […]

Мециновиќ: Институциите немаат никаква системска регулација и инспекциски надзор


Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, остро реагираше на социјалните мрежи, за огромниот пожар што избувна во фабриката за електронски отпад во Трубарево и предизвика вознемиреност кај скопјани. Мециновиќ прстот го впери кон лицемерието на властите и стручните кругови кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните, се вели […]

Шанса за Центар: Гори рециклаторен центар, компанијата е овластена за преземање на литиум јонски батерии


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар денеска преку Фејсбук тврди дека пожарот во Трубарево е во компанија која е овластена за преземање на литиум јонски батерии.  Нивниот статус го пренесуваме во целост:  „Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков […]

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните


 Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања од ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој денеска заедно со кандидатите за градоначалници на Аеродром и Гази Баба, Александар Трајановски и Влатко Митовски, изврши теренска посета на депонијата Вардариште, информираат со соопштение од СДСМ. „Четири години неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не успева да […]

Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла откако таму избувна пожар


 Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој што се уште има чадење. -По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје,  во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени […]

Ангелов очекува денеска да заврши затрупувањето во Дрисла, поставени се термални камери кај Вардариште


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува денеска да биде затрупан делот од депонијата „Дрисла“, каде по пожарот се уште има чадење. Ангажирана е побројна механизација (багери, булдожери, камиони), кои го чистат и пробиваат местото каде се случува чадењето. – Во овој момент напредуваме добро и очекувам во текот на денешниот […]

Џефри Сакс тврди дека Макрон, во приватен разговор, го обвинил НАТО за војсната во Украина


Професорот Џефри Сакс, директор на еден од истражувачките центри на Универзитетот Колумбија, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон во приватен разговор го обвинил НАТО за избивањето на војната во Украина. Сакс пренесе дека Макрон, за време на негово обраќање преку видео-линк на прославата на италијанскиот весник „Il Fatto quotidiano“ во Рим, одржал вообичаен говор, но […]

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките


За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работовачи. Тој посочува дека сите се во источна Македонија, а причината е намалувањето на порачките од страна на странските партнери. -Јас немам точен податок, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено […]