Конгресот ќе го сослушува директорот на ФБИ за пропусти во истрагата за убиството на Кирк


Вашингтон – Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Каш Пател, ќе се соочи со сослушување во Конгресот на САД поради наводни пропусти во истрагата за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк и поради погрешна објава дека осомничениот за убиството е во притвор, што подоцна се покажа како неточно. Пател во вторник и среда […]

Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР


Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР во Идризово кој беше отстапен за сместување за жителите чии домови се во близина на местото на пожарот што избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање отпад.   Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека тоа е информација што ја […]

Руски дронови го нарушиле воздушниот простор на Романија


Романија вчера испрати борбени авиони кога беспилотно летало го наруши воздушниот простор на земјата за време на руски напад врз украинската инфраструктура во близина на границата, соопшти Министерството за одбрана. Министерот за одбрана Јонут Мостеану рече дека пилотите на Ф-16 биле блиску до соборување на дронот бидејќи летал многу ниско пред да го напушти националниот воздушен […]

Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево


Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево. Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба.  За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за […]

Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево


-Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и […]

Јавното обвинителство ја вклучува Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ во истрагата за Трубарево


Јавното обвинителство упатило барање Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата со специјални инструменти да изврши мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до Обвинителството, а се чекаат и резултати од мерења извршени […]

Бран отпуштања и закани за оние што го слават убиството на Чарли Кирк


Вашингтон – Десетици објави и пораки на социјалните мрежи што наводно го слават убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк се во фокусот на конзервативните активисти, функционери од Републиканската партија и веб-страници што организираат онлајн кампањи за казнување на корисниците што ги објавиле, пренесуваат американските медиуми. Десничарската активистка Лора Лумер, еден американски сенатор и сајтот „Да […]

Филипче: Граѓаните имаат право да знаат што дишат


Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување. Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки. „Граѓаните имаат право да знаат што дишат […]

Американски компании вложуваат 1,7 милијарди долари во Велика Британија пред посетата на Трамп


Вашингтон – Американски финансиски компании најавија инвестиции во вкупна вредност од 1,25 милијарди фунти (1,7 милијарди долари) во Велика Британија, во пресрет на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп следната недела, јави ДПА. „Сити груп“ потврди дека ќе инвестира 1,1 милијарда фунти (1,441 милијарда долари) во своите операции во Велика Британија, додека „Ес’Пи Глобал“ ќе […]

Украина ќе има потреба од 120 милијарди долари за одбрана во 2026 година


Киев – Украина ќе има потреба од најмалку 120 милијарди долари за одбраната во 2026 година, додека војната влегува во четвртата година, изјави министерот за одбрана Денис Шмигал. Тој нагласи дека финансирањето е клучно за одржување на одбранбените линии, производство на дронови и други оружја, зајакнување на противвоздушната одбрана и спречување на понатамошна руска агресија. – […]

Каде беше Изет Меџити кога Скопје мирисаше на отров, прашува ДУИ 


  Отсуството од јавноста на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, во време кога во скопско Трубарево гореше исклучително отровен пожар предизвика многу негативни реакции во јавноста. ДУИ тоа го искористи да го осуди министерот за животна средина дека му бил поважен партиски настан отколку здравјето на граѓаните. „Додека воздухот во Скопје синоќа […]

Меџити синоќа дојде во Трубарево, каже дека рециклаторот имал дозвола за работа, а состојбата била под контрола


Рециклаторот „Ф-Групација“ во Трубарево, чиј магацин со отпадна пластика, батерии и електронски отпад се запали вчера имал дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, информираше министерот Изет Меџити, кој дури вечерта се појави на местото на катастрофалниот пожар. Фирмата, од оваа институција добила 10 годишна дозвола во 2021 година. Во снимка од местото […]

Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО


Берлин – Поголемиот дел од германските граѓани се загрижени поради можен руски напад врз земја членка на НАТО, покажува анкета на институтот Инса, објавена денеска од весникот „Билд“. Според резултатите, 62 отсто од анкетираните изразиле страв од напад врз земји како Полска или Литванија, додека 28 отсто не споделуваат таква загриженост, а 10 отсто не […]

Преполн Парк на Франкофонија, илјадници скопјани уживаа на „Нешто што ќе остане“


Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара […]

Свршеничкиот прстен Toi et Moi на Џеки Кенеди од ЏФК (и зошто го редизајнираше една деценија подоцна)


Свршееничкиот прстен на Џеки Кенеди од претседателот Џон Ф. Кенеди отстапи од традицијата со својот дизајн од два камена. Двојката првпат се запознала во 1952 година преку заеднички пријател и ја објавила својата свршувачка само една година подоцна, во јуни 1953 година. ЏФК ѝ подарил на Џеки прекрасен свршенички прстен toi et moi од Van […]

Доларот слабее втора недела по ред, се очекува интервенција на ФЕД 


  НА глобалните пазари, доларот малку падна во однос на кошничката валути минатата недела, втора недела по ред, бидејќи станува сè поизвесно дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната недела. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, ослабе за 0,10 проценти минатата […]

Ноќеска гореше и Дрисла, дел од механизацијата се префрлила во Трубарево


Пожарот на депонијата Дрисла повторно се активирал во текот на ноќта, а го гаснела една екипа на скопската противпожарна бригада. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека огнот бил изгаснат и не го зафатил влажниот дел од тлото. „Состојбата на Дрисла е стабилна, пожарникарите го изгаснаа огнот, а денеска ќе продолжи […]

Адвокатот на Тејлор Свифт: Таа не се согласи да сведочи во тужбата меѓу Лајвли и Балдони


  Адвокатскиот тим на Тејлор Свифт ги негираше тврдењата дека поп-ѕвездата се согласила да сведочи во тужба помеѓу Блејк Лајвли и нејзиниот колега од „It Ends With Us“, Џастин Балдони, објави Just Jared. Музичката суперѕвезда е вмешана во правна битка околу нејзиното пријателство со Блејк Лајвли и тврдењата дека била присутна на состанок меѓу актерите […]

Турција и Германија ќе се борат за златниот медал на Евробаскет 2025


Рига – Актуелниот светски првак Германија и репрезентацијата на Турција вечерва  од 20 часот ќе го играат финалниот меч на Евробаскетот, во „Шаоми Арена“ во Рига, Латвија. И двете репрезентации се без пораз, но вечерва една од нив ќе мора да загуби и да се задоволи со сребрениот медал. За Германија ова ќе биде шанса […]

Ултиматумот на Трамп за руската нафта ги става Орбан и Фицо во незгодна позиција


Претседателот Доналд Трамп штотуку изврши притисок врз двајцата најавторитарни премиери во Европа: Виктор Орбан од Унгарија и Роберт Фицо од Словачка. Трамп го направи ова со објавување на следново на неговата платформа Трут Соушл:ПИСМО ИСПРАТЕНО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДОНАЛД ТРАМП ДО СИТЕ ЗЕМЈИ НА НАТО И ДО СВЕТОТ: „Подготвен сум да воведам големи санкции врз Русија […]