Албанскиот претседател Бегај ги потпиша уредбите за 16 од 17 предложени министри во владата “Рама 4”, „Диела“ не помина


Албанскиот претседател Бајрам Бегај, доцна попладнево, по доставениот предлог од мандатарот Еди Рама, потпиша уредби за 16 од 17 министри на новата влада “Рама 4”. -Уредба шефот на државата не потпиша за виртуелната министерка „Диела“, која е 17. член на новата влада. Ова е затоа што, на 12 септември, кога претседателот Бајрам Бегај му го […]

Шпанија укинува повеќе од 50.000 туристички апартмани


Шпанската влада планира да отстрани повеќе од 53.000 нелегални станови за одмор од онлајн платформите. Овие станови наскоро ќе се користат од редовниот пазар на недвижности и ќе им бидат достапни на „младите луѓе и семејствата во нашата земја“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на партиски митинг во Малага, пренесува Дојче веле. Според Санчез, станува […]

Операција „Калипсо“: Европските обвинители запленија 2.435 контејнери со кинеска стока, избегнувале антидампинг давачки


Европските обвинители денес подигнаа обвинение против шест лица за вмешаност во криминална мрежа што ја преплави Европската Унија со нелегално увезена кинеска стока. Како дел од истрагата, Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕЈО) заплени 2.435 контејнери за превоз во грчкото пристаниште Пиреја, што е најголемата таква заплена во историјата на ЕУ, објавува Политико. Шемата за […]

На денот на пожарот во Трубарево имало 300 mg/m3 јаглерод моноксид во воздухот – дозволени се 10 mg/m3


Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево покажуваат зголемување на сите параметри од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорка на […]

Ипсос: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт


Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон го достигна најниското ниво откако е дојден на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го прифаќаат работењето на шефот на државата, покажува анкетата на Ипсос. Според анкетата спроведена на 11 и 12 септември, популарноста на Макрон е помала за седум процентни поени во споредба […]

САД и Велика Британија ќе потпишат договори вредни 10 милијарди долари за време на посетата на Трамп на Обединетото Кралство


САД и Велика Британија планираат да потпишат економски договори вредни повеќе од 10 милијарди долари (повеќе од 8,5 милијарди евра) за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија оваа недела, јавија британските медиуми, повикувајќи се на високи американски претставници. Се очекува двете земји да потпишат трговски договор со три дела: ново […]

Меџити ја затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак


Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.   Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не […]

Двојно убиство и самоубиство во Велес: Убиени ќерка и татко


Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Велес. Според информациите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи (МВР), убиени се 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко. Изнесувајќи детали за настанот, од МВР наведуваат дека Р. К. (31) со повреди од остар предмет била пронајдена на улица „Кочо Рацин“ во Велес и со возило на […]

Стоп за Вардариште предводеше река луѓе на вечерашниот протест (видео)


На вечерашниот протест што почна во 18 часот, кај мостот „Киро Глигоров“ меѓу Општина Аеродром и Општина Гази Баба, се собраа река луѓе, кои маршираа до пред зградата на општината. Повторно, Возрасни, деца, стари и млади застанаа рамо до рамо да им порачаат на надлежните дека не чекаат до избори за решение за Вардариште. Неформалната […]

ИЈЗ: Ни тешки метали во водите, ни радијација во почвата кај Трубарево


Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево. Резултатите за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден, информираат […]

Во Србија банките ќе мора да им понудат олеснување на должниците пред присилна наплата


Народната банка на Србија донесе Одлука за олеснувања за отплата на кредити што банките се должни да им ги понудат на должниците во неволја, пред да започнат со постапката за присилна наплата. Меѓу предвидените бенефиции се пониска каматна стапка, мораториум на отплата, продолжување на рокот за отплата, па дури и – делумно простување на долгот. […]

Вселување во студентски дом во Македонија трае повеќе од 12 часа, реагира УСС УКИМ


Универзитетското студентско собрание на УКИМ изрази загриженост поради неповолните услови и слабата организација на процесот на вселување во студентските домови. Најголеми проблеми се забележани во домовите „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“, каде дел од студентите чекале и повеќе од 12 часа од преземање на документи до добивање на соба. „Студентите заслужуваат достоинствен прием и современи услови […]

Летото исполнето со екстремни временски услови во Европа предизвика краткорочни загуби од 43 милијарди евра


Според проценка на ниво на ЕУ, бурното време што ја погоди Европа ова лето предизвика краткорочни економски загуби од најмалку 43 милијарди евра, а се очекува трошоците да се зголемат на 126 милијарди евра до 2029 година, пренесува Гардијан. Непосредниот удар врз економијата од едно брутално лето исполнето со топлина, суша и поплави изнесуваше 0,26% од […]

Треба да бараме научни и културни комуникации за „очи во очи“ да ги расчистуваме работите со Бугарија, вели академик Камбовски


Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за […]

МАПАС го одбележа Денот за пензиска свесност


 Во СГГУС „Здравко Цветковски“ во Скопје денеска се одржа централниот настан по повод одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 септември, организиран од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). -Настанот беше посветен на младите и на нивната едукација за функционирањето на пензискиот систем, со цел уште од најрана возраст да се […]

Шефот на Европскиот банкарски одбор (ЕБА), Жозе Мануел Кампа, поднесе оставка


Претаседателот на Европскиот банкарски одбор (ЕБА – European banking authority), Жозе Мануел Кампа, поднесе оставка „од лични причини“, потврди портпаролката на агенцијата во медиумите за неговото заминување повеќе од три години пред крајот на неговиот мандат. Кампа објави на последниот состанок на надзорниот одбор дека ќе ја напушти функцијата на крајот на јануари следната година, […]

Дуплантис прескокна 6,30 метри и постави нов светски рекорд


Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап по 14 пат во својата блескава кариера, откако денеска на Светското првенство во Токио прескокна 6,30 метри. Дуплантис го обезбеди светското злато со скок од 6,15 метри, а потоа прескокна 6,30 метри во својот трет обид, поставувајќи нов светски рекорд по четврти пат […]

Над 55.000 граѓани во саботата ја искористиле 24-часовната работа на јавниот превоз во Атина


 Веќе е реалност 24-часовната работа на метрото и трамваите во сабота. Првата ноќ помина организирано со доволен персонал и целосна безбедност, додека одзивот од граѓаните беше позитивен, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во однос на воведеното работење на атинскиот јавен превоз во текот на целото деноноќие секоја сабота, јави дописничката на МИА од […]

Рубио: САД се непоколеблива поддршка на израелските цели во Појасот Газа


  Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ерусалим вети „непоколеблива поддршка“ од Вашингтон за Израел во постигнувањето на неговите цели во Појасот Газа. – Народот на Газа заслужува подобра иднина, но таа иднина може да почне кога ќе биде елиминиран Хамас, истакна Рубио на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Рубио наведе дека […]

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Адитив“


Поради отсуство на претставник на правното лице „Контракси компани“ ДООЕЛ Неготино, денеска, беше одложено судското рочиште за предметот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.  Во дигиталната судница […]