Почнува кампањата „Катастар до тебе“


 Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот во Општина Аеродром. Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат […]

Во МСУ самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“


Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс.  „Крит клуб“ е перформанс на Џем A. во кој две екипи дебатираат на некое нереалистично прашање поврзано со уметноста. Во […]

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево


Времето утрово е ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h), соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето […]

Џесика Честејн (48) се запиша на Харвард, сака да магистрира на јавна администрација


  Американската актерка и продуцентка Џесика Честејн (48) се запиша на Харвард за да магистрира по јавна администрација. Таа ја откри веста за време на гостувањето во емисијата „Доцна навечер со Сет Мејерс“. Во таа прилика, таа откри дека не сака да стане политичар, како што мислеа многумина во нејзиниот круг кога ја слушнаа веста. […]

Болсонаро има рак на кожа


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше отпуштен од болница во неделата откако беше примен вчера поради гадење, вртоглавица и низок крвен притисок. Здравствената состојба на поранешниот претседател се подобри, но тој ќе продолжи да биде следен, соопшти болницата ДФ Стар во Бразилија. 70-годишниот Болсонаро веќе беше во болница во неделата за отстранување на кожни лезии. […]

Недостигот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи, предупредија европските ревизори


Според извештајот на Европскиот суд на ревизори објавен денес, недостигот на клучни лекови во Европската Унија веројатно ќе продолжи и во иднина. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено ќе бидат недостапни. Бројот на лекови што се во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. […]

ФЕД ја намали основната камата прв пат оваа година поради слабиот пазар на трудот


Американските Федерални резерви (ФЕД) за првпат годинава ја намалија основната каматна стапка за 0,25 процентни поради слабиот пазар на трудот, со опсег што сега е помеѓу 4 и 4,25 отсто, соопшти денеска Одборот на гувернери во Вашингтон, јави ДПА. ФЕД, исто така, соопшти дека сега очекува земјата годинава да има повисок економски раст од претходно […]

Француски велосипедист уапсен во Русија: Обидот за соборување на светскиот рекорд заврши со притвор


Притворот на францускиот велосипедист Софијан Сехили, кој беше уапсен во Русија на почетокот на септември, е продолжен до 4 октомври, пишува новинската агенција Риа Новости, повикувајќи се на суд на рускиот Далечен Исток. „На 6 септември, Окружниот суд Усуријск во Приморскиот крај донесе одлука за превентивна мерка во форма на притвор во врска со Софијан […]

Десет болни и повредени деца од Газа пристигнаа во Велика Британија на лекување


Критично болни и повредени десет деца од Газа пристигнаа со своите семејства во Велика Британија на лекување, објави денеска британската Влада. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека учествувала во евакуацијата на десетте деца, а во наредните недели се очекуваат уште. Децата и нивните семејства прво беа евакуирани од Газа во Јордан, каде што за нив […]

Тошковски за убиството на Росица и татко и’: МВР поднело кривична пријава, ЈО е тоа кое не побарало притвор


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда. Тошковски рече дека е срамно да се лаже […]

Утре повеќе тетовски села без електрична енергија со часови


Жителите на повеќе тетовски села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, најавија од електродистрибуција. Од 09:00 часот наутро до попладневните часови без струја ќе бидат: • Стримница – делови од селото, од 09:00 до 14:00 и повторно од 09:00 до 14:30 часот • Прушовце – објектот на Шакир за производство на прозори, […]

Зеленски: Ракети за западните ПВО системи ќе бидат дел од првата испорака во рамките на механизмот на НАТО за купување оружје од САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ракети за западните системи за воздушна одбрана ќе бидат дел од првичните испораки на американско оружје што ќе го платат земјите од НАТО во рамките на механизмот PURL, или „Приоритетна листа на барања за Украина“, (Prioritized Ukraine Requirements List),објави Укринформ. -Добивме повеќе од две милијарди долари од нашите […]

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, по повод годишнината од презентацијата на извештајот на поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, за иднината на европската конкурентност, изјави дека Европската Унија ја губи конкурентноста и дека „бриселските бирократи сè уште не го сфаќаат тоа сериозно“. „Пред една година, Марио Драги предупреди во Будимпешта дека конкурентноста на Европската унија […]

ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево


На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, 
селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината […]

Обама по убиството на Кирк: Америка се соочува со невидена политичка криза


По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за , како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“. Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото […]

Во Летонија приведено едно лице под сомнение дека шпионирал во корист на Русија


Службата за безбедност на Летонија денеска соопшти дека минатиот месец привела летонски државјанин осомничен за шпионирање во корист на Русија. Приведениот, чиј идентитет не е откриен, „им обезбедувал на руските разузнавачки и безбедносни служби информации за локациите, плановите и безбедносните мерки“ на летонските воени објекти, како и за „изградбата на нови воени објекти, вежбите и […]

Прекумерното консумирање протеини може да биде штетно за овие здравствени состојби


Поради изобилството совети за јадење повеќе протеини, вклучувајќи додатоци како што се протеински шејкови, многу производители сè повеќе го истакнуваат содржината на протеини на пакувањето за да ја поттикнат продажбата. Нутриционистите и лекарите открија и во кои случаи прекумерното консумирање протеини е штетно. Имено, протеините се корисни затоа што градат мускулно ткиво, ензими и хормони […]

Еве како изгледа логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра, го посети премиерот Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година. Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места,  а во изградбата Лидл соработува со над […]

СДСМ бара одговорност, независна истрага и конкретни чекори за да нема нови фемициди


По уште еден трагичен фемицид, овојпат во Велес, каде Росица, жена која со месеци живеела во страв и неколкукратно го пријавувала насилникот, е брутално убиена, СДСМ бара итна оставка од Тошковски и кривична одговорност за секој кој со своето непостапување придонел за ова брутално убиство, се наведува во партиското соопштение.  Од СДСМ велат дека како […]

Рубио: САД ги суспендираат визите за сите што ја слават смртта на Чарли Кирк


Американскиот државен секретар, Марк Рубио, денеска изјави дека САД ги откажуваат и одбиваат визите за луѓето што го слават убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. Во објава на платформата X Рубио истакна дека САД нема да бидат домаќини на странци кои ја слават смртта на нивните граѓани, додавајќи дека откажувањето на визите е во тек. […]