ССМ: Газдите манипулираат, повисоките плати нема да ги затворат компаниите


Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период спроведе истражување кое уште повеќе го потврдува ставот  дека зголемувањето на платите и зголемувањето на минималната плата не придонесува за затварање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој и отворање на нови компании наспроти тезата и манипулациите од газдите дека растот на платите […]

Томовски ќе продава стари службени возила за да купи 100 амбулантни


Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата на службените возила кои се вон употреба ќе се набават 100 амбулантни возила и тоа 80 во 2026 година додека останатите 20 во 2027 година, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Од продажбата на овие […]

Османи: Понудата на власта за избори – јавно едно, приватно друго


Обраќајќи се пред граѓаните во Чаир, Бујар Османи го нарече последниот бран синхронизирани изјави дека нема да има предвремени избори како „знак на паника“ од очекуваниот пораз на ВЛЕН. „Кога излегуваат координирано со исти изјави дека нема да има парламентарни избори, тоа е знак на паника. Тие се во паника“, рече Османи, тврдејќи дека токму […]

Сијарто: „Антифа“ е закана, Европа мора да го следи Трамп


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја повика Европската Унија да го следи примерот на Доналд Трамп и да го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација. -Унгарија е убедена дека Европа мора да ги координира своите активности со оние на Соединетите Американски Држави по толку важно прашање, објави унгарскиот министер за надворешни […]

Меџити ја претстави новата фаза на порталот за јавни услуги


Денес, на настан што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претставија новата фаза на порталот за јавни услуги, платформа која има за цел да стави крај на бирократијата и да ги приближи граѓаните до администрацијата преку технологија, се наведува во соопштението […]

Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, продолжува да ја презентира својата јасна визија: враќање на стариот сјај на Старата скопска Чаршија и претворање во симбол на иднината на градот. Утрово, преку видео објавено на својот официјален профил на Фејсбук, Османи го посети еден занаетчиски дуќан и упати силна порака до граѓаните. „Чаршијата не е […]

Кавадарачанец упатувал смртни закани и изнудувал пари од градоначалник


Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истражна постапка против едно лице од Неготино, осомничено за обид за кривично дело „Изнуда“ и за „Загрозување на сигурноста“, според Кривичниот законик. „Осомничениот на 2 септември, од анонимен фејсбук профил, му испратил порака на градоначалникот на Неготино и со сериозни закани кон него и неговото семејство се обидел да го […]

Зеленски ќе ги повика сојузниците да престанат да губат време


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го повика претседателот  на САД Доналд Трамп да воведе санкции против Русија на состанокот во Обединетите нации во Њујорк следната недела, а  сојузниците на Украина да „престанат да губат време“. Зеленски рече дека очекува дополнителни санкции доколку Владимир Путин одбие да се сретне со него или да се согласи на […]

Технолошките компании во хаос по одлуката на Трамп да воведе такси за вработувањето странци


Сеопфатните промени во шемата за виза за странски работници H-1B, на која се потпираат американските технолошки групи, ги натераа компаниите викендов да брзаат да се осигурат дека илјадници вработени низ целиот свет нема да предизвикаат големи нови такси за нив, пренесува Фајненшл Тајмс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша проглас со кој ќе се воведе […]

Макрон ќе му отвори фронт на Трамп во ОН заради Палестина


ПАРИЗ — Францускиот претседател Емануел Макрон сака да изведе голем дипломатски удар во понеделник со тоа што ќе собере неколку западни земји за да ја признаат палестинска држава, но е далеку од тоа да постигне вистински пробив во Газа, пишува „Политико“ во текстот објавен денес. Според „Политико“, границите на она што може да го постигне […]

Јотова: Почитувањето на правата на етничките заедници е пат до ЕУ


Една од најголемите вредности на Европската Унија е зачувувањето на идентитетот на народите. ЕУ е над сите човекови права – таму каде што тие не се гарантирани, тоа не е Европската Унија. Дел од овие права се правата на етничките заедници. Нивното почитување е вистинскиот пат кон Европската Унија. Ова, според БГНЕС,  го изјавила потпретседателката […]

„Алцхајмер матине – патување низ времето“


 По повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – 21 Септември, Здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука во Македонскиот народен театар (МНТ) организира настан „Алцхајмер матине – Патување низ времето“. Целта, според организатоторот, е да се влијае на подигнување на јавната свест за болеста, која ја нарекуваат епидемија на 21 век. – „Алцхајмер […]

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“


Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, […]

Британски борбени авиони прелетаа над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“


Британски борбени авиони го извршија својот прв прелет над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“ за обезбедување на источниот крило на алијансата. Мисијата, која беше објавена од британската влада во понеделникот како одговор на нарушување на полскиот воздушен простор, испраќа „јасен сигнал дека воздушниот простор на НАТО ќе биде заштитен“, изјави британскиот […]

Велика Британија денес официјално ќе ја признае палестинската држава


Британскиот премиер Кир Стармер денес попладне ќе објави официјално признавање на палестинската држава од страна на Велика Британија, пренесуваат британските медиуми. Уште во јули Стармер најави дека неговата влада ќе преземе ваков чекор доколку Израел не исполни низа услови – меѓу кои прекин на огнот, обврска за долгорочен одржлив мир, дозвола за повторна испорака на […]

Пановски уверен: Герасимовски победува во Центар


Во гостување на подкаст, Никола Пановски изјави дека очекува победа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски во општина Центар на претстојните локални избори. „Во Центар, исто така, нема да победи ВМРО. Мислам дека ќе победи Стевче во Карпош без разлика што сме коалиција“, изјави Пановски. Пановски додава дека власта прави се за да ја зголеми апатијата […]

Силјановска Давкова: ИФФК „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи


Фестивалот „Браќа Манаки“ несомнено е еден од највредните и најпрепознатливите битолски, македонски но и светски културни симболи, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова во видео обраќање пред аудиториумот во Битола. Како прокровител на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, претседателката Силјановска Давкова посочи дека камерата за браќата Манаки беше повеќе од објектив. -Годинава фестивалот се одржува под […]

Томовски: Досега околу 700 службени возила обележани, да се почитува дадениот рок – 29 септември


Заклучно со вчера, до 16 часот, имаме околу 700 возила кои веќе се брендирани, обележани. Очекувам до последниот рок, 29 септември, дека сите возила ќе бидат обележани. Имаме соработка со сите институции и задоволен сум од динамиката, изјави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Ивица Томовски.   Во гостувањето […]

Побаран притвор за четири лица поради сомневање дека подметнале експлозивна направа пред куќа во Битола


Постапка против четири лица поведе Основното јавно обвинителство Битола, за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Јавното обвинителство информира дека постои основано сомнение дека заеднички, со учество во дејствие на извршување или друг особен придонес подметнале експлозивна направа пред една куќа. -Според доказите прибрани по наредба на […]

Алиу: Здравствениот дом Гостивар ќе се реконструира по добивањето на градежните дозволи


Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека објектот на Здравствен дом Гостивар ќе се реконструира откако ќе ги добие градежните дозволи. Алиу го потенцира овој проект како ветување кое го даде пред извесно време на средбата со директорот на установата Вулнет Оломани. Министерот Алиу за време на денешната посета на овој објект, искажа задоволство […]