Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина


 За време на денешната Конференција на ОН во Њујорк неколку земји планираат формално да признаат палестинска држава, што се организира пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, јави ДПА. Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на конференцијата на ОН заедно со Саудиска Арабија, која започнува во 15 часот (19 часот […]

И Португалија вчера официјално ја призна независноста на Палестина


Португалија официјално ја призна независноста на палестинската држава, изјави синоќа шефот на дипломатијата на оваа земја, Пауло Рангел, пренесе Бета. Португалија со ваквиот чекор им се придружи на Велика Британија, Канада и Австралија, кои исто така вчера официјално ја признаа независноста на Палестина. „Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаменталната, конзистентна и широко прифатена […]

Саудиска Арабија го предупреди Израел за сериозни последици доколку го анектира Западниот Брег


Саудиска Арабија го предупреди Израел дека ќе има сериозни последици во сите области доколку анектира кој било дел од Западниот Брег, јави израелскиот Канал 12. Според извештајот на израелската телевизија, Ријад не прецизираше какви чекори би можел да преземе, но би можел да прогласи крај на перспективата за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и […]

Сирија следниот месец ќе одржи парламентарни избори со новата исламистичка власт


Сирија ќе ги одржи своите први парламентарни избори под новата исламистичка администрација на 5 октомври, јави државната новинска агенција Сана. Се очекува новото собрание да ги постави темелите за поширок демократски процес, откако поранешниот сириски претседател Башар ал Асад беше соборен минатиот декември, по 14-годишна војна. Критичарите сметаат дека според сегашниот систем, малцинските групи не […]

Мнозинството Американци веруваат дека ОН е неопходна, но ја критикуваат неефикасноста


 Мнозинството Американци веруваат дека Обединетите нации играат неопходна улога во светот, но ја критикуваат неефикасноста на светската организација, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење на Галуп. Анкетата, објавена денеска, покажува дека 60 проценти од Американците веруваат дека ОН е неопходна, што е помал процент во споредба со претходните анкети спроведени во последната деценија, […]

Турција ги укина дополнителните царини за голем број американски стоки пред средбата Трамп-Ердоган


Турција ги укина дополнителните царински стапки воведени на голем број производи со потекло од САД, јави „Туркије тудеј“, повикувајќи се на указ на претседателот Реџеп Таип Ердоган, објавен во турскиот Државен весник. Со оваа одлука се укинуваат низа царини воведени од 2018 година. Првично, тие беа донесени како одговор на дополнителните царини што САД ги […]

Што би можел да направи за светот договор за климата меѓу Кина и ЕУ


ЛОНДОН – Обично се слушаат две приказни за Кина и климатските промени. Првата е дека Кина е лидер во светот по емисиите на стакленички гасови, бидејќи продолжува да гради повеќе електрани на јаглен. Втората е дека Кина е лидер во светот во развојот на чисти технологии што ќе им овозможат на сите земји да ги […]

Наутро свежо, преку ден топло


Времето денеска наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена Целзиусови. И во Скопје наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и […]

Почнува есента


Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот […]

Се расипа единствениот исправен радар на Скопскиот аеродром


Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат. Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа. Додека не […]

Макрон го услови отворањето француска амбасада во Палестина со ослободување на заложниците


Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да вклучува отворање амбасада сè додека палестинското движење Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави рече дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да биде отворена амбасада“. Макрон, исто […]

Tрамп ќе ги брани Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата


Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги брани Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ескалира во регионот, објави Анадолу. „Да“, одговори Трамп кога беше прашан дали би помогнал во одбраната на Полска и балтичките држави од Русија ако Москва продолжи да ескалира. Ова беше кажано пред Трамп да присуствува на комеморацијата за […]

Јакимовски обвини дека го саботираат во Карпош со несобирање на ѓубрето


  Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео во кое ги прозва институциите да си ја вршат својата работа и да го решат проблемот со ѓубрето во општината. “Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни […]

Руските авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО може да бидат соборени


 Чeшкиот претседател Петр Павел предупреди дека нарушувањето на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија значително ги зголемува тензиите во Европа и нагласи дека алијансата мора соодветно да одговори, не исклучувајќи ја можноста за соборување на руски авиони. Во изјава за Чешката телевизија, Павел нагласи дека попуштањето не е опција, порачувајќи оти […]

Турција во пламен, за два дена 25 пожари


Борбата со големиот шумски пожар во округот Којџегиз, во турската провинција Мугла, продолжува и денеска, додека огнот, под влијание на силен ветер, брзо се шири. Според „Анадолија“, во акцијата за гаснење се вклучени 147 цистерни, 123 возила, 20 машини и речиси 950 пожарникари, а од воздух помагаат 10 авиони и 14 хеликоптери. Досега се евакуирани […]

Пожар кај скопскиот Аквадукт – се очекува наскоро да биде изгаснат


Попладнево изби пожар во близина на скопскиот Аквадукт кај булеварот „Словенија“, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен веднаш се упатија екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита со три возила и девет пожарникари. Пожарот зафати трева, грмушки, но и поголема количина на расфрлано ѓубре што се наоѓа на опожарениот простор. Пожарот, […]

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН. – Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би […]

Чкембари вечерва ќе загадуваат – ќе организираат пиротехнички „спектакл“


Вечерва во Битола ќе се одржи пиротехнички спектакл во организација на навивачката група Чкембари. Настанот ќе започне во 19:30 часот со собир во паркот кај Саат-кула, по што ќе следи шоу кое се очекува да ја привлече вниманието на голем број граѓани. Организаторите упатија апел до возачите за претпазливост и внимателно движење по булеварот во […]

(ВИДЕО) Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји


Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, на која учествуваа 23 земји. На натпреварот насловен Интервизија, победи пејачот Дук Фук од Виетнам. Виетнамецот победи со 422 освоени гласови пред претставниците на Киргистан и Катар. Иако беше најавен, вчера американскиот претставник се повлече во последен момент поради, како што посочија организаторите, политички притисок. Интервизија, која […]

Австралија, Велика Британија и Канада официјално ја признаа Палестина


Австралија, Обединетото Кралство и Канада формално ја признаа Палестина како суверена и независна држава, што означува значајна промена во надворешната политика во контекст на војната меѓу Израел и Газа.Сер Кир Стармер објави дека Велика Британија официјално ја признала Палестина како држава. „Денес, за да ја оживее надежта за мир за Палестинците и Израелците и решение […]