Арсовска до Ѓорѓиевски: Ако сакаш градот да биде почист јави се на партиската другарка Спировска


По повод новите турбуленции со јавните претпријатија во главниот град, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека Комунална хигиена Скопје ја управува четири години претседателка на Управен одбор од ВМРО-ДПМНЕ – осудена правосилно за две тешки кривични дела. -На Орце Самка Ѓорѓиевски пренесете му да не прави нарачки. Ако сакал градот да е почист […]

Кирков: Во Зоолошка градина има туберкулоза


Во Зоолошката градина постои туберкулоза – таа е причината за смртта и на европскиот бизонот, тврди Стефан Кирков, советник во град Скопје. -Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од туберколуза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој исто така резултатите на туберкулоза беа позитивни […]

Анализата од Белград ги потврдува сомневањата за исчезнувањето на Данка Илиќ: Сите траги се совпаѓаат


Вишото јавно обвинителство во Зајечар доби извештај од судски вештаци од Белград, кои ги анализираа и споредија фактите собрани за време на реконструкцијата на исчезнувањето и убиството на двегодишната Данка Илиќ, пишува Telegraf.rs. Анализата ги потврди сомневањата на истражителите за времето, местото и начинот на кој Данка Илиќ исчезна на судбоносниот ден. Да потсетиме дека […]

Ристески: Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу


Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени.  […]

Одржан инклузивен саем за прифаќање и разбирање – учениците можеа да ја доживеат реалноста на своите врсници со оштетен вид


Денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се одржа инклузивен саем посветен на прифаќање и разбирање. Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, учениците преку активности како одење со бел стап, куцање на брајова машина и тактилни […]

Јахоски за ТВ21: Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, иако има долг од 10 милиони евра


Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ за ТВ21 одговори на шпекулациите дека ќе нема гориво за автобусите на ЈСП. Тој рече дека неговата компанија и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат 10 милиони евра долг. „Нема да има прекин на градскиот превоз. Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува […]

Двајца романски државјани уапсени во Грција за шпионажа


Двајца државјани на Романија вчера биле уапсени кај грчкиот остров Саламина во близина на поморската станица на воената морнарица на Грција и се товарат за шпионажа, откако кај нив бил пронајден фотографски материјал од базата, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера биле информирани за […]

Ванковска за Сиљановска: Отиде на сесија за жени место за Палестина – бидејќи мажите решаваат


Професорката и екс-кандидатка за претседателка, Билјана Ванковска со свој коментар за учеството на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, каде се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. -Да те пратат на сесија за жените додека другите одржуваат специјална сесија за […]

Уште два работни дена за поднесување и плаќање ДДВ


Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 01.08 – 31.08.2025. Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток). Бидете одговорни […]

Штип доби затворен базен


Во Штип денеска во употреба е пуштен затворениот базен, чија изградба неколку години беше стопирана. На свеченото пуштање на затворениот базен, присуствуваа премиерот, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Како што истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, конечно се […]

Ќе дишеме ли почист воздух зимава со филтрите за оџаци што ги најави Мицкоски?


Краков, Белград, Сараево се градовите кои пробале брзо да интервенираат со цел да го прочистат воздухот за време на грејна сезона со поставување филтри на оџаците, мерка, што денеска ја иницира и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.   – За еден месец ќе започне грејната сезона. Денеска имаме седница на влада и сакам да отворам за […]

Нетанјаху подготвува одговор на признавањата, но е во теснец


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху брзо го осуди признавањето на палестинска држава од страна на многу историски сојузници на Израел, но премиерот тешко ќе  ја претвори реториката во конкретен одговор. Неговите опции се можеби поограничени отколку што би сакал неговите поддржувачи да веруваат. Тој на различни начини се закануваше со анексија на окупирана палестинска земја и […]

Левица тврди дека ЈСП е ставено во должничко ропство за некој да го „лапне“ бизнисот


Левица реагира на најавите дека Скопје повторно ќе остане без јавен превоз, изнесувајќи во јавноста детали според кои ова јавно претпријатие, преку намерни штетни договори, плаќа и поскапа нафта од таа на пазарот, и незаконски надувани камати поради што е ставена во должничко ропство. Тоа е причина Левица да праша дали ВМРО-ДПМНЕ сака да го […]

„Најголемиот напад врз данската инфраструктура во историјата“: најавува премиерот, хаос 5 дена по објавувањето на новото оружје


Беспилотните летала привремено ги затворија аеродромите во Копенхаген и Осло, додека Данска најавува набавка на оружје со долг дострел за одвраќање на Русија. Упадот со беспилотни летала што го затвори аеродромот во Копенхаген во понеделник е најсериозниот напад врз данската инфраструктура досега, изјави данската премиерка Мете Фредериксен во соопштение во вторник. Аеродромите во Копенхаген и […]

Роберт Редфорд не сакал да биде славен, се пензионирал од Холивуд, но сакал да биде запаметен по ова


Холивудскиот великан Роберт Редфорд почина на 16 септември на 90-годишна возраст. Еден од неговите последни филмови, „Старецот и пиштолот“ од 2018 година, го натера Роберт Редфорд да го објави своето пензионирање од глумата. „Никогаш не вели никогаш, но сум прилично сигурен дека ова е сè за мене“, рече актерот во тоа време. Само еден месец […]

Тошковски: Имавме хибридни напади од повеќе страни


 Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека МВР постапува и дека во овој момент не може да изнесе повеќе детали во јавноста.  Прашан дали има некоја нова […]

ОН ја осуди тортурата што руските власти ја споведуваат врз притворените украински цивили


Руските власти „систематски“ ги подложувале на мачење  цивилните притвореници на окупираните украински територии, вклучувајќи и сексуално насилство, се наведува во извештајот на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Истражителите на ОН интервјуирале 216 цивили ослободени од јуни 2023 година. Од анкетираните, 92 проценти дале „доследни и детални извештаи за тортура или малтретирање за […]

Мицкоски на пуштањето во употреба на новиот базен во Штип


Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствуваше  на пуштање во употреба на затворениот базен во Општина Штип. „Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто […]

СДСМ: Мицкоски го остави судството без реформи, Јаневска ги остави учениците без учебници


СДСМ денеска упати серија критики кон власта, обвинувајќи за неисполнети ветувања и неработење во клучни сектори – правосудството и образованието. Во соопштение од партијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски повторно се обидел да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството, додека фактички, откако е на власт, не донел ниту еден реформски […]

Русија тврди: ЕУ планира „окупација“ на Молдавија


Руското Биро за надворешно разузнавање (SVR) објави дека Европската унија планира „окупација“ на Молдавија и распоредување на НАТО-трупи во регионот на Одеса за да го заплаши Придњестровјето, пренесува Tass. „Целта е да се задржи Молдавија во рамките на русофобичната политика на Брисел, по секоја цена, вклучително и со распоредување на војски и де факто окупација […]