Турско-македонски културен мост преку кинематографијата – нови можности за соработка и зближување


Турската кинематографија беше во фокусот на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава му ја додели специјалната Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на еден од најистакнатите турски режисери, сценаристи и продуценти – Семи Капланоглу. Авторот на познатата „Трилогија за Јусуф“ (Јајце, Млеко, Мед), награден со „Златна мечка“ […]

Централниот регистар во позитива – парите ќе се искористат за реновирање


Централниот регистар со својата достапност и брзина  стана точката од која почнуваат многу деловни приказни, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето 24 години од формирањето на Централниот регистар.  Според Мицкоски, траекторијата на Централниот регистар во изминатите 24 години ја одбележуваат мотивација, посветеност и резулати и ја потврдуваат нејзината улога како столб на македонската економија.  […]

Мицкоски се извини за поддршката за Данела Арсовскa, таа му врати: Мицкоски несреќо!


Премиерот најави дека ќе има одговорност за хаосот со ѓубрето и дека процесот што се води ќе има „име и презиме“, но сето тоа по избори. Можеби уште истиот ден (за72 часа Скопје ќе биде исчистено), но сепак по избори. Мицкоски вели дека чувствува одговорност што на минатите локални избори ја поддржал актуелната скопска градоначалничка […]

Јаневска на одбележување јубилеј 60 години ИСППИ: Вложувањето во науката отсега ќе биде континуиран процес, а не еднократна акција


Министерството за образование и наука има јасна определба за поддршка на научната дејност и за нејзина стратегиска улога во општеството. И, кога говорам за поддршка, не мислам на еднократна акција, туку на континуиран процес со јасна визија и одржливи политики кои ќе изградат стимулативна средина што ќе ги охрабри домашните истражувачи да останат во науката, […]

Љупчо Златев: Герасимовски фаворит во Центар, мандатот го поминa без скандали


Новинарот Љупчо Златев, на поткастот „Утринско еспресо“ зборуваше за локалните избори во Општина Центар, истакнувајќи дека актуелниот градоначалник Горан Герасимовски влегува во трката како фаворит.  „Центар е многу интересна приказна. Јас би рекол дека во Центар на овие избори фаворит е Горан Герасимовски, актуелниот градоначалник, затоа што доаѓа од еден мандат којшто го помина релативно […]

Јаневска: По изборите ќе продолжат контролите во високообразовните установи


 Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи со контроли во високообразовните установи, најави денеска ресорната министерка Весна Јаневска. По извршениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет […]

Над 1,8 милијарда лица живеат во области со ризик од поплави


 Ризиците од поплави се зголемуваат поради климатските промени и човечките интервенции, според Извештајот за светски ризици објавен денеска. Минатата година имаше вкупно 142 катастрофи предизвикани од поплави, што го прави втор најчест предизвикувач на катастрофи по бурите. Шпанскиот регион Валенсија беше особено погоден во октомври 2024 година, кога повеќе од 220 луѓе ги загубија животите […]

„Очајно ми треба помош” – му напишала Росица на Тошковски


“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот.Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош. “Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава […]

Стружани повторно се без вода, а имаат езеро


Стружани утрово уште од раните утрински часови полнеа садови со вода и правеа залихи за да имаат барем за текот на денот. Овој проблем трае подолг период, а вчера Струга повторно беше без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ дури доцна вечерта излегоа со соопштение дека се работело на главната водоводна цевка и дека дефектот […]

Електронски систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови


Нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови”, е промовиран денеска во Министерството за здравство. Со модулот, како што рече министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција, за прв пат се отпочнува со дигитализација на постапката за ставање на нов лек на позитивна листа. Тој посочи дека модулот […]

Наградата „Прозарт“ врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на 13.„ПРО-ЗА Балкан“


На затворањето на 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, наградата „Прозарт“ му беше врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар кој, во обраќање по повод признанието, зборуваше за значењето на квалитетната литература и за улогата на книгата во време кога  „светот се дави во премногу зборови и премногу книги“.  -Книгата може да биде опасна и во […]

МФ: Формиран Комитет за јавни инвестиции за управување со капиталните проекти


На вчерашната седница Владата донесе Одлуката за формирање на Комитет за јавни инвестиции,со што се поставуваат основите за поефикасно, транспарентно и стратешко управување со јавните инвестиции. Комитетот се формира врз основа на Законот за буџети и ќе работи согласно Уредбата за управување со јавни инвестиции. Формирањето на овој комитет претставува значаен чекор за обезбедување поголема […]

Супер-тајфунот „Рагаса“ одзеде 20 животи: шестмина загинаа на Филипините, 14 на Тајван


Супер-тајфунот „Рагаса“ или „крал на бурата“, остави зад себе пустош на Филипините и Тајван. Силните ветрови и поројните дождови предизвикаа одрони, поплави и сериозни штети. Според последните информации, на Филипините загинале шест лица, а на Тајван најмалку 14, додека 30 сè уште се водат како исчезнати. Филипинската крајбрежна стража соопшти дека четири тела биле извлечени […]

Османи со подземни улици ќе го решава сообраќајниот хаос на „Цветан Димов“


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, утрово на својата официјална Фејсбук страница ја презентираше својата визија за голема урбана трансформација на општината преку проектот „Плоштад Лирија“. Проектот предвидува целосно решавање на сообраќајниот метеж со подземен сообраќај, изградба на современ нов плоштад и стотици подземни паркинг места, решение што ќе му даде нов живот на […]

Нереално: Дупка длабока 50 метри се појави во средината на градот – „голтајќи“ автомобили и столбови (видео)


Дупка длабока 50 метри се отвори утрово пред болницата Ваџира во центарот на Бангкок, а уривањето на земјата уништи автомобили и електрични столбови. Појавата на кратер во земјата, која е поврзана со изградбата на блиската подземна железничка станица, беше придружена со пукање на цевки од кои излегуваа млазови вода, додека паднатите електрични столбови и кабли […]

СДСМ: Владата нема пари за платите, има 180.000 евра за бадеми и лешници


Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно покажа дека воопшто не се грижи за за граѓаните туку само за себе и за својот лукзус, соопшти СДСМ. Според партијата, додека семејствата едвај преживуваат од плата до плата, додека цените растат, а стандардот тоне, Мицкоски и неговите министри трошат 180.000 евра за апетисани, бадеми, лешници, ф’стаци, […]

Формиран Комитет за јавни инвестиции за поефикасно и транспарентно управување со капиталните проекти  


 На вчерашната седница Владата донесе oдлука за формирање на Комитет за јавни инвестиции, со што се поставуваат основите за поефикасно, транспарентно и стратешко управување со јавните инвестиции. Комитетот се формира врз основа на Законот за буџети и ќе работи согласно Уредбата за управување со јавни инвестиции. Формирањето на овој комитет претставува значаен чекор за обезбедување […]

Сиљановска на средба со Гутереш во Њујорк


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден.По средбата со Гутереш, […]

ДИК ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025.


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудургото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. […]

Дескоска: Најблиските на Росица имаат право да ја тужат државата


Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, објави оценка на фејсбук дека најблиските на  убиената Росица Коцева имаат право да ја тужат државата и да бараат оштета, особено по објавите дека таа лично му се обратила за помош на министерот за внатрешни работи и не била заштитена.    „Во најновиот случај Scuderoni v. Italy (бр. 6045/24) […]